дома блог страница 2852

Има луѓе со големи срца во Македонија! Ќе ви ја исполни душата! Браво! Браво! Браво! (Фото)

“Урбан Бургер Бар” од Скопје денеска делеше оброци за лица од социјално загрозени семејства, деца без родители, лица од социјални категории и безодмни лица.

Потегот на овој фастфуд наиде на огромен број позитивни коментари и пофалби, а со сигурност треба да го следат и други газди.

Секоја чест!

Оваа пекара деновиве е најпосетувана: Една од погачите крие 10.000 долари, па сите си ја пробуваат среќата (Видео)

Се работи за традиционална награда, која оваа пекара ја практикува 11 години во низа. Прималивата сума е скриена во новогодишна овошна торта, позната меѓу Шпаниците како Роскас де рејес. Пекарата во овој шпански град деновиве е најпосетуваното место во градот, откако менаџерите на локалот соопштија дека во една од тортите се кријат 10 илјади долари.

Минатогодишен добитник било 8-годишно болно девојче, кое тортата ја купило од болница преку интернет. Овој обичај, пекарата го почнала во 2008-ма година, кога во наградата изнесувала 500 евра и оттогаш сумата постојано растела.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: ЕКСТРА – евтина електрична енергија за партиски функционери на СДСМ (Видео)

Прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола

Во продолжение интегрална изјава на портпаролот на ОК ВМРО – ДПМНЕ БИТОЛА, Стефани Најденовска:

“Популистичкиот проект на СДСМ “два саати ефтина струја за граѓаните” во Битола олицетворен во ликот на еден од главните партиски функционери и активисти, кандидат за советник на последните локални избори, претседател на Управен одбор во ЈП ПАЗАРИ, член на највисокото локално партиско тело на СДСМ – сопственик на познат битолски локал, Вила Виста.

Имено, Благојче Цветковски, крадел електрична енергија за работа на неговиот ресторан, па така нему евтината струја, всушност до сега му беше џабе, ама сега покрај тоа што мора да им надомести на ЕВН, како оштетена страна, ќе мора и да одговара пред законот. Настанот го откриле екипи на ЕВН, инаку тој е пријавен и во МВР, а известен е и јавен обвинител.

Ние само апелираме и ги охрабруваме надлежните институции да си ја вршат својата работа. А СДСМ, ако има ронка доблест веднаш да го разреши Благојче Цветковски од претседател на УО во ЈП Пазари, доколку еве тој од морални причини не си поднесе оставка!

Уште еднаш се потврди, на кој начин СДСМ ја практикува власта, уште еднаш видовме дека личната корист и богатењето на поединци се највисоката максима на СДСМ, која не ја напуштаат повеќе од дваесет години. Инаку јавна тајна е дека, во ресторанот на Благојче Цветковски е местото на сите партиски прослави и собиранки, како и местото каде прославуваат сите битолски јавни претпријатија, со Вашите пари, почитувани граѓани.

Времето на обнова доаѓа, доаѓа времето на принципи, право и правда, кога сите ќе бидат еднакви и еднакво ќе одговараат пред законот”.

(Рецепт) Едноставен колач од портокали: Лесно се прави, но вкусот му е главна предност

Идеално време е да се одморите од тешките и комплицирани колачи кои се прават за Божиќ. Ви предлагаме лесен и едноставен рецепт за колач од портокали.

Состојки: 200 грама меко брашно, 400 грама шеќер, половина лажица сол, 4 јајца, 220 грама путер, 2 лажици екстракт од портокал, 1 лажица рендана кора од портокал.

За преливот потребни се: 200 грама шеќер во прав, 2 големи лажици сок од портокал, 1 лажица кора од портокал.

Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте го со масло садот во кој ќе го правите колачот (30x20cm). Разматете ги јајцата со путер, додајте шеќер, екстракт и кора од портокал и продолжете да матите. Ставете го тестото во садот за печење и печете го половина час.
Направете прелив од шеќер во прав и сок и рендана кора. Загрејте ги заедно во сад, повремено мешајте и почекајте шеќерот да се стопи.

(Видео) Откриена нова планета слична на нашата: Еве колку е оддалечена од нас

Транзитниот сателит за истражување на егзопланети на НАСА пронајде планета која е слична на нашата.

Планетата ТОИ 700д е речиси за 20 проценти поголема од Земја и оддалечена е од Сонцето доволно за да може да има течна вода.

Ова небесно тело кружи околу ладната М-џуџе ѕвезда ТОИ 700, на околу 100 светлосни години од Земјата.

Бидете внимателни: Фалсификувани банкноти од по 2000 денари “шетаат” низ Maкедонија

На 08.01.2020 во 17.40 часот во Полициската станица Берово, Б.З. и В.К., двајцата вработени во угостителски објект во Берово, С.О., вработена во казино во Берово, Н.Р. и нејзиниот син В.М., сопственици на колонијална продавница во Берово, сите од Берово, при примопредавање на дневен промет забележале сомнителни банкноти во апоени од 2.000 денари.

Од лицата, со потврда за привремено одземени предмети, биле одземени шест банкноти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

За настанот биле запознаени Основните јавни обвинителства во Берово и Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кирацовски во бopба пpoтив kpиминалците во политиката

Kpивичните дела кои ги извршиле функционерите, да не застаруваат лесно – ова е целта на предлог-законот кој од денес влегува во собраниска процедура.

Подносителот, пратеникот Александар Кирацовски вели дека со овие измени во Kpивичниот законик, застареноста на делото ќе се зголеми на трипати подолг рок од пропишаната казна. Тој ги повика и пратениците од опозицијата да дадат поддршка, бидејќи застареноста на делата во земјава, вели се голема забелешка и од меѓународниот фактор.

Опозицијата дава позитивни сигнали. Предлогот на Кирацовски ќе го надополнат со нивните познати барања – испитување на потекло на имот на функционерите, укинување на амнестиjaта за политичари и оние кои веќе се аболициpaни да не може да станат функционери.

Идејата за ваквиот предлог-закон од СДСМ велат дека е застареното дело на поранешниот премиер Никола Груевски за судскиот предмет Траекторија. Во случајот беше обвинет за “примање награда за противзаконито влијание” при изградбата на кинеските автопати, дело кое носи тригодшна затворска казна, но бидејќи поминаа шест години оттогаш – во октомври делото застаре.

Најоригиналните дуксери во пресрет на Европското првенство во ракомет (ФОТО)

Најоригиналните дуксери со боите на Македонија во пресрет на Европското првенство во ракомет.

Денеска на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од дуксери со одличен дизајн кој секој би ги посакал да ги има.

Се потрудивме малку и успеавме да пронајдеме линк од каде можат да се набават.

Доколку сакате една ваква, кликнете ТУКА

Муратовски: Како ги грешиме знамињата, нема да ме чуди Ирак да го бомбapдиpaме место Иран

Актерот Рубенс Муратовски во два твита ја сублимира комичноста во заканата до Иран од кандидатот за македонски амбасадор во НАТО, Дане Талески.

„Како ги грешиме знамињата на државите, нема да ме чуди Ирак да го бомбардираме наместо Иран“, твитна Муратовски.

„Баш гледам до каде ракетите на Иран можат да добацат… можда не требаше име да мењаме, туку местоположба“, се дополни актерот.

Хороскопски знак кој во 2020 ќе има среќа преку целата година

Ако сте родени во хороскопскиот знак Јарец, подгответе се за феноменални случувања кои ќе ви ги донесе годината прес вас.

Јупитер, планетата на среќата и богатството ќе биде со вас цела идна година. Со оглед на тоа дека Јупитер со својот транзите оплеменува секоја година еден знак, во знакот на Јарец нема да биде се до 2032 година.

Јупитер симблизира експанција, раст и напредок. Во 2020 сите лимити ќе бидат пробиени, а наредните 12 месеци Јарецот ќе доживее рапиден успех на сите полиња.

Ќе бидете исполнети на сите полиња со шанса да ја вратите самодовербата низ нови можности кои ќе ги добиете на професионален план, а најмногу да сретнете личност која ќе има големо влијание на овие случувања и работите ќе ги смени на подобро.

Затоа, подгответе се за неверојатна година и искористете ги сите можности кои ќе ви се нудат.