дома блог страница 2850

Eве колкава премија ќе добијат ракометарите ако стигнат до квалификации за олимпијада и прво место во групата

Македонската машка ракометна репрезентација може да подели до 70.000 евра, колку што е максималната премија за Европското првенство 2020 договорена со Ракометната федерација на Македонија.

Наградата за пласман во вториот круг на шампионатот е 30.000 евра, а ако тоа се оствари со освојување на првото место во групата Б ќе се поделат дополнителни 10.000 евра.

Пласман во квалификациите за Олимписките игри 2020 во Токио, пак, носи бонус од 30.000 евра.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац стартуваат против Украина вечерва од 20:30 часот, задутре ќе играат со Чешка, а на 14 јануари и со соорганизаторот Австрија.

Двете првопласирани селекции од групата продолжуваат во групата 1 од главната фаза во Виена, каде што ќе вкрстат со двете најдобри од групите А (Хрватска, Белорусија, Србија и Црна Гора) и Ц (Германија, Шпанија, Летонија и Холандија).

Настап на трите турнири од квалификациите за ОИ од 17 до 19 април имаат обезбедено Норвешка, Шпанија, Франција, Хрватска, Германија и Шведска, а Европа ќе даде уште два учесника од селекциите на тековното ЕП, зависно од пласманот.

Ако мислевте дека имате видено се’ од запросување, ова е нешто најјако: Момци еве ви инспирација! (Видео)

Изнагледани сме од видеа со оригинални идеи за запросување, но ова дефинитивно е нешто посебно и несекојдневно.

Ова е нешто за кое на дечково треба да му се симне капа до земја.

Тој искористил сцена од цртаниот филм “Заспаната убавица”, па дури и ликовите на принцот и принцезата се слични на неговиот и ликот на неговата избраничка.

За целиот настан да биде уште повозбудлив сите нивни пријатели и роднини се во салата.

Погледнете што точно се случува:

Изгор цени: Еве зошто Македонците одат во Банско, а не во Маврово

Многу Македонци продолжените викенди и празниците знаат да ги поминат во соседството во Бугарија, нешто што е критикувано од дел од многумина во државата.

И да, убаво е како Македонци да ги посетуваме убавините во нашата земја, но кој ни е крив, кога сами ги бркаме гостите и оние кои треба да се појават на туристичките места.

Оваа зима во Маврово е „изгор скапо“, барем така може да се забележи од ценовник кој ни го прати наш читател, кој овој викенд бил во Маврово.

И после знаеме да кажеме: И после зошто Банско, а не Маврово? Е поради ова!

Одделението за внатрешни работи Прилеп доби нов началник

Усогласени се ставовите на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителната министерка Славјанка Петровска за началниците и нивните дополнителни заменици во секторите за внатрешни работи во Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица, и во Одделението за внатрешни работи во Прилеп, но не и за началникот на СВР Скопје.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, назначи 12 раководители и 12 дополнителни заменици раководители.

Трајче Георгиоски е именуван за началник на Одделението за внатрешни работи Прилеп во СВР-Битола, а за негов заменик е именуван Игор Каравилоски.

Мајка од Северна Кореја ќе лежи во затвop затоа што од пожapот ги спасила децата, а не портретот на лидерот

На мајка од Северна Кореја и се зakaнува затBop затоа што ги спасила своите деца од пожap во куќата, но дозволила да изгopaт портретите на севернокорејските лидери.

Против жената е отворена истрага откако избил пожap во куќата која ја делат две семејства.

Родителите од двете семејства биле надвор од куќата кога избил пожapoт, но се упатиле кон куќата за да ги спасат своите деца кога виделе чад. Во пожapoт се уништени сет од портрети од лидерите на Северна Кореја, пишува Дејли Меил.

Северна Кореја бара секоја куќа да има портрети од претходните лидери, Ким Ил Сунг и Ким Џонг Ил, и испраќа инспектори кои проверуваат дали ова правило се почитува.

“Kирил Велики” се појави пред катедралата во Виена: Македонците ја запоседнаа австриската престолнина (ФОТО)

Пред катедралата Св. Стефан во центарот на Виена поставен е транспарент на кој е насликан нашиот капитен Кире Лазаров во спартанска облека.

“Кирил Велики”, пишува на транспарентот кој го красни центарот на австриската престолнина.

Според информациите 3.000 македонска фаланга на трибините вечерва ќе ја бодри Македонија во првиот дуел од Европското првенство против Украина.

Петиција против пушење во затворен простоp: 14.000 луѓе ја поддржаа за 24 часа, дајте го својот придонес!

Петицијата со која се бара да се врати законот против пушење во затворен простор во функција за само неколку часа е потпишана од над 700 граѓани.

Власта на СДСМ во март 2018 година донесе измени на Законот за заштита од пушењето со кои се дозволи пушење и на целосно затворените тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти, што уште тогаш беше критикувано од јавноста.

Но, во последен период ни ова не се почитува, а што е пострашно – одамна никој не одговара кривично. Се пуши по кафани, дискотеки, кафулиња, па дури и во детски игротеки.

Од вчера е отворена петиција со која се повикуваат граѓаните да го дадат својот потпис против пушењето во затворен простор.

-Да се врати законот против пушење во затворен простор во функција, доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца!, се вели во петицијата.

Дајте го својот глас тука.

Поранешниот напаѓач на Јувентус наредните 3 и пол години ќе ги помине во 3ATBOP

Некогашниот напаѓач на Јувентус, Палермо, Бенфика и Фиорентина, како и напаѓач на италијанската фудбалска репрезентација, Фабрицио Миколи, доби kaзна затвop во траење од 3,5 години.

Миколи во 2017 година беше оcyден од основниот cyд, а вчера апелациониот cyд ја потврди прecyдата.

Причината за тоа е што Миколи во 2010 година побарал помош од мaфиjaта за наплата на долг од само 12.000 евра.

Тие му го наплатиле долгот, но и го заглавиле Миколи на 3 и пол годишна kaзна затвop.

Фабрицио Миколи својата кариера ја заврши во 2015 година, за италијанската репрезентација имаше 10 настапи и два постигнати гола.

За угледниот британскиот весник „Сан“ сме само Македонија (Фото)

Британскиот весник „Сан“, во текстот со наслов „Зошто православните христијани го слават Божиќ на 7 јануари?“, набројувајќи ги државите кои вчера го прославија Христовото рождество, ја набројува и Македонија без придавката Северна.

По промената на името на Република Македонија, медиумите кои важат за блиски до власта, не испуштаат можност да ја наречат државата со новото име. За разлика од нив британскиот етаблиран весник „Сан“, ја нарече држвата Македонија.

Убаво е да се чуе името кое ја има поддршката од мнозинството луѓе во оваа држава.

Текстот погледнете го на следниов линк.

Анализа на Ице Соколески за очекувањата од Македонија на Европското првенство: Приоритет нормата за олимписки квалификации

Помошник тренерот на Еурофарм Пелистер, Ице Соколески од Прилеп, во анализа за “Радио Пела” дава свое видување за она што може да се очекува од македонската ракометна репрезентација, на шестиот настап на европските првенства за нас.

Според Соколески императив на нашата репрезентација на ова Европско првенство е да фати норма за квалификации за Олимписките игри во Токио, а се’ друго освен непоминување на група би било неуспех.

“Нашата репрезентација е спој на млади и искусни играчи. Моментално постари се Лазаров и Борко Ристовски, кои се мотор на оваа репрезентација, а сега конечно треба да очекуваме да блеснат Филип Талески, Филип Кузмановски, Марио Танковски и останатите момци на бековската позиција. Противникот е понеискусен и поневоигран на големи натпреварувања од нас. Има таму големи имиња кои играат за европските клубови, има двајца играчи кои играат во Еурофарм Пелистер, Александар Шевељев и Владислав Остроушко. Значи Украина вложува многу во ракометот, Мотор Запорожје е голем тим кој игра во Лигата на шампионите, а од оваа година и во СЕХА Лигата. Значи не сме ние така изразити фаворити, треба да победиме да, меѓутоа не смееме да ја потцениме репрезентацијата на Украина во никој случај. На ова Европско првенство очекувам многу поголема и позначајна улога на Никола Митрески, да не биди како досега во сенка на Борко, туку да подели поголема минутажа, затоа што е во одлична форма и даде одлични натпревари во дресот на Еурофарм Пелистер во есенската полусезона. Тука не смееме да го заборавиме Мартин Томовски, и тој е дел од репрезентацијата и тој треба да добие некоја минутажа, член на Бунфеслигата. Од останатите Мартин Велковски е прва опција за замена на Кире Лазаров. Тој може да ја одигра таа двоја во одбрана, халф. Се врати после долга и тешка повреда и операција на тетивата. Му беше многу тешко на почетокот, меѓутоа во последниот период неговата форма е во нагорна линија и дефинитивно ќе понесе дел од одговорноста. Никола Марковски е дел од таа пивотменска тројка заедно со Стоилов и Пешевски. Можам да кажам дека негова предност е играта во одбрана, за разлика од двајцата кои се можеби поистакнати напаѓачи. Бојан Маџовски е во одлична форма, едно робусно крило кое знае да одигра и халф и двојка во одбрана што е реткост во денешниот ракомет. Таму знаеме дека неприкосновен е Дејан Манасков, меѓутоа нормално е дека не може цело првенство 60 минути да игра Дејан. Очекувам Бојан Маџоски да има добра минутажа, затоа што сигурен сум дека може да одговори на предизвикот”.

Извор: “Радио ПЕЛА”