Чудо во манастирот Св. Ксенија: Гулаб, симобол на Светиот дух, застана на Светата чаша (Фото)

Во манастирот Света Ксенија, во грчкиот град Алмирос, вчера за време на литургијата, кога монасите извикаа „Кога Ти, Господи, се крсти во Јордан …“, една гулаб, бегајќи од рацете на свештеникот, леташе над него и застана на Светата Чаша (Светата тајна Причест) на престолот. Чудо!

Гулабот е симбол за Светиот дух. Кога Исус се крштевал во реката Јордан се појавил бел гулаб.

Според евангелијата, откако Јован го потопил Исуса во реката Јордан и го крстил, од небото врз Исус се слегол Светиот Дух во вид на гулаб и се отворило небото, и Божјиот глас проговорил: Ти си синот мој возљубен. Овој настан се нарекува богојавление.

Во Евангелието според Лука Светиот Дух се појавува во форма на гулаб, па од тогаш гулабот е познат симбол во христијанската уметност за Светиот Дух. Вообичаената претстава е отворено небо над Исус и гулабот кој слегува врз Исус.

Извор: “Denesen.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.