дома блог страница 2840

Секоја чест! Шест девојки ќе се фрлаат по Светиот крст на Водици во Прилеп

Над 110 лица се пријавени за учество во традиционалното фрлање на Светиот крст во водите во отворениот базен од Хотел „Салида“ во Прилеп , на 19 јануари на Богојавление – Водици, информираат од Прилепско намесништво од Преспанско – Пелагониска Православна Епархија.

Меѓу пријавените засега има и 6 девојки, кои ќе учествуваат заедно со момците да го фатат Светиот крст. Пријавувањето ,како и секоја година се одржува на 9 јануари, на трет ден Божиќ, а интересот секоја година е се поголем.

Кандидатите најпрво треба да се крстени и потребно е да имаат бесплатен лекарски преглед, како услов за пријавување за фаќање на Светиот крст, информираат од Прилепско намесништво.

Извор: “Радио Пела”

Се јави и Мојсоски: Нема хемија во децата, јас од почетокот бев скептичен, но и толку можеме

Македонската ракометна репрезентација уште во првата фаза го заврши настапот на ЕП 2020 во Австрија, а вчерашниот пораз од домаќинот-Австрија (32-28) тешко го прифатија македонските навивачи.

Екс-репрезентативецот Наумче Мојсоски за „Фокус“ даде свој став околу настапот на нашите ракометари на ова големо европско натпреварување.

„Нема хемија во децата. Јас уште пред почетокот на ЕП бев скептичен, но и толку можеме. Јавноста треба да сфати дека репрезентацијата поминува низ смена на генерации и сметам дека самиот пласман е успех. И така треба да биде – да се радуваме со секоја квалификација на големо европско натпреварување. А што ќе направиме, тоа е веќе друга приказна. Јавноста врши голем притисок и врз ракометарите кои пак изјавуваат дека „мора да поминеме во втор круг“. Не мора. Криви сме сите кои билдаме притисок кон ракометарите. Овие млади деца треба да се уиграат неколку дена пред ЕП заедно со Кире Лазаров кој е лидер на тимот“, вели Мојсоски.

Целата анализа на Мојсоски прочитајте ја ТУКА

Емоција и солзи: Македонските режисери објавија видео од реакцијата кога дознаа дека “Медена земја” ќе се бори за Оскар

Документарниот филм “Meдена земја” на нашите режисери Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и официјално е номиниран за Оскар во две категории.

Македонското ремек дело ќе се бори во категориите: најдобар документарен филм и најдобар филм од странско потекло.

Режисерите моментално се наоѓаат во Еквадор, а на Фејсбук ги објавија нивните реакции после дознавањето на веста дека “Медена земја” ќе се бори за Оскар во две категории.

Познат претставникот на Македонија на Евровизија 2020

На изборот за песна на Евровизија 2020-та, кој ќе се одржи во мај во Ротердам, наш претставник е Васил Гарванлиев.

Минатата година тој се појави на евровизиската сцена во Тел Авив како пратечки вокал на Тамара, за песната Proud со која достигна неверојатен успех.

Toj веста ја пренесе преку својот Инстаграм профил каде напиша:

„Речиси секое музикално дете во Европа расте со истиот сон – еден ден да ја претставува татковината на Евровизија. Почестен сум, благословен и благодарен што ја добив шансата да пеам за мојата татковина со отворено срце овој мај во Ротердам. Одиме!“

(Фото) Рибари уловиле риба тешка 159 килограми: Ваков монcтpyoзен улов ретко се гледа

Рибата која риболовци од Флорида ја извлекле на длабочина од 180 метри на западниот брег, изгледала како вистинско чудовиште.

Долга е околу 1.7 метри, а тешка 159 гилограми и стара рекордни 50 години.

“Биолозите од Институтот за диви животни со лабораториска анализа ја утврдија староста на рибата, што се чини како најстар примерок уловен во склоп на програмата заштита на дивата фауна”, наведуваат на Фејсбук страницата.

На 30-тина километри од Прилеп ја има најубавата глетка и најчистиот воздух: Велосипедистите и авантуристите знаат (Фото)

Aко сакате да избегате од загадениот градски воздух, Мариово е вистинската дестинација.

Планинскиот превој Слива се наоѓа на надморска височина од 1.140 метри и е одлична замена за градскиот метеж и бегство од густата магла.

Од пред неколку години на ова место има направено и летниковец од каде има одлична глетка на градот кога воздухот е чист, но и во овие зимски денови глетката е прекрасна, иако широката белина се состои од магла и загаден воздух.

Ова место е мамка за велосипедистите, авантуристите и вљубениците во природата и планината, кои редовно го посетуваат.

Кога веќе сте искачиле до Слива потоа е лесно, Мариовскиот регион ви ја пружа целата убавина. Посетете некое од локалните села, преубавите манастири и цркви и уживајте во недопрената мариовска природа.

Во деновите до недела особено бидете внимателни: Според верувањата до Водици ова никако не смеете да го правите

Настанувањето на овие дванаесет дена се објаснува со разликата меѓу сончевата и месечевата година која изнесува точно дванаесет дена. Денови во кои завршува зимската краткодневица и се раѓа новото Сонце.

Од 7 јануари, па се до Богојавление се некрстените денови, кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти.

Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос, христијанскиот свет го прифатил како почеток на Новата година. Од денот на Христовото раѓање, 25 декември по Грегоријанскиот или 7 јануари по Јулијанскиот календар, па се до Богојавление 6 јануари по новиот или 19 јануари по стариот календар се некрстените денови.

Денови кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти, опседнати со лоши духови. Водата во овие некрстени денови е леунка, вели народот, крстот е врзан, немоќен, нема сила да ги протера духовите.

Во овие дванаесет некрстени денови луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски и тоа на Бадник и по него, пред Василица (Стара нова година), а и речиси сите останати денови до Водици. Игрите под маски најпознати како џамаларски, но и: бабари, василичари, мечкари, ајти, русалии… се изведуваат за да се избркаат лошите сили и демони. Луѓето веруваат дека со маските каде задолжително составни елементи се sвонците, клопотарците, стаповите, гајдите и тапаните што прават врева ќе ги исплашат демоните и тие ќе ја напуштат земјата.

Настанувањето на овие дванаесет дена се објаснува со разликата меѓу сончевата и месечевата година која изнесува точно дванаесет дена. Денови во кои завршува зимската краткодневица и се раѓа новото Сонце.

Коледарските и василичарските обреди под маски ги изведуваат група од млади момчиња кои се маскираат. Нив ги предводи повозрасен маж со потврдена плодоносна моќ, кој има голем и здрав род зад себе и кој е познат женкар. Младите ергени што достигнале одредена возраст 16 – 19 години мора да поминат низ овие обредни игри. Низ игрите требало да се покажат, преобразат и формираат во возрасни мажи, зрели за женење.

Маскирањето започнува откако ќе се запали голем оган, а околу него се пие и се пеат и кажуваат безобразни, т.н. мрсни песни што треба да ја подгреат атмосферата со еротски набој. Најзначајно место во групата имаат маските на зетот и на невестата. Маската на невестата треба да е многу добро направена за никој да не ја познае. Особено значење се посветува на градите и задникот кои треба да бидат големи за да предизвикуваат сексуални желби, со што се поттикнува целата природа и човекот на плодност. Често невестата е бремена или држи мало бебе.

Игрите под маски што се изведуваат во дванаесетте некрстени денови завршуваат на Водици 19 јануари, денот на Христовото крштевање.

На овој ден во сите води ритуално се фрла крстот, што го означува крштевањето. Ослободениот крст има сила да ги гони лошите сили и демони да не доаѓаат на земјата, туку да си седат во нивното царство на темнината.

Народни верувања

Се верува дека во овој период не треба да се излегува навечер, а ако баш мора со себе да се носи лук, крст или некој остар предмет.

Се верувало дека во некрстените денови не се преде, не се ткае и не се пере.

Надвор пак не се остава ништо бело, а посебно не детска облека бидејќи злите сили би можеле да им наштетат на децата.

За 20 денари освои 1 милион денари и тоа со промашен пар: Победникот на “Втора шанса за милион” е од Крива Паланка

Добитникот на 1 000 000 денари и победник на „Втора шанса за милион“ на Sport Life е Риста Милчевски од Крива Паланка. Тој го освои првото место со највисок „фатен“ коефициент на тикетите со еден промашен пар.

Тикетот го уплатил во октомври за 20 денари, со 20 меча, од кои промашил само еден тип, а имал вкупна квота од 19.562. Да го погодил и 20-тиот меч, ќе добиел 547 602 денара. Но, благодарение на Втора шанса на Sport Life тој доби речиси двојно повеќе.

„На тикетот погодив 19 парови, само Вест Бромвич Албион – Барнсли не излезе единица како што типував. Тој беше последен меч на тикетот, сите други 19 меча беа завршени претходно, но не го штитев, верував дека ВБА ќе победи. Уплатата беше 20 денари, секогаш по толку уплаќам“ – вели Риста, кој деновиве е херој меѓу обложувачите во Крива Паланка. Тој е долгогодишен играч кој уште во минатото бил еден од четворицата главни добитници со погодена 12-ка на југословенската Спортска прогноза. Упорноста и храброста и денес, повторно му донесоа вистински погодок.

Објектот на Sport Life во Крива Паланка беше во центарот на вниманието, редовните обложувачи и љубопитните минувачи сакаа искрено да му честитаат на добитникот. Сите што уплатија тикет од 200 или повеќе денари, добиваа промотивни грепки со награди од типот на вредносен ваучер или други промотивни производи од „СЛ маркет“.

Токму тикетите со една “утка“ наместо да се фрлаат во корпа за отпадоци, овозможија повторно изненадување и добивки за играчите на Sport Life. Покрај на прво наградениот, Втора шанса им донесе добивки на останите 4 топ рангирани играчи. Тие освоија поени на СЛ клуб картичката за вредни награди од СЛ маркетот.

Цел живот погрешно ги перете пешкирите – 4 трикови како да бидат чисти и меки

Ако сте инвестирале во скапи, меки пешкири, ќе бидете фрустрирани ако по неколку перења стануваат груби. Ако ова ви се случи, експертот за внатрешен дизајн, Рејчел Коен носи четири совети кои ќе ви помогнат пешкирите да останете меки и „пуфнасти“ подолго време.

1. Перете ги со ладна вода

Ниските температури го спречуваат собирањето, помагаат да се зачува оригиналната боја и подобро функционираат со одредени дамки.

2. Не користете омекнувачи

Хемикалиите во омекнувачот може да ги оштетат влакната што ќе предизвикаат поголемо деформирање на пешкирите по секое миење.

-Наместо омекнувач, во машината ставете тошче за тенис , за да бидат што повеќе „пуфнести“ – советува Рејчел.

3. Обрнете внимание на количината на детергент со која ги перете пешкирите

Ако ставате премногу детергент, пешкирите ќе бидат тешко исплакни и ќе станат груби. Следете ги точните упатства на пакувањето за да дознаете колкав износ на детергент е потребно.

4. Немој да ги пресушите

Пешкирите многу брзо апсорбираат вода и се сушат многу брзо во машината за сушење. Можете да ги отстраните пред да бидат целосно суви и да ги исушите на воздух.

Колку често ги перете пешкирите?

Без разлика колку сте чисти вие или вашите пешкири, тие се веројатно повеќе валкани отколку што очекувате. Секој пат кога ќе се избришете, отстранувате и слојот мртва кожа.

Навлажнетите пешкири се исто така многу плодна почва за разни бактерии.

За да се елиминира застоениот мирис од вашиот пешкир, ставете половина чаша прашок за печење во машината за перење.

Пешкирите треба да се перат на секои два дена на 60 степени.

Извор: “Press24.mk”

Поранешниот фудбалски репрезентативец од Прилеп порача: “Никогаш Северна” (Фото)

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, прилепчанецот Илчо Наумоски, ја следеше македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во ракомет во Виена.

Легендарниот напаѓач кој беше миленик на публиката, особено на прилепчани, објави фотографија заедно со братот на Стојанче Стоилов и напиша: “Напред Македонија, Никогаш Северна”.