Цел живот погрешно ги перете пешкирите – 4 трикови како да бидат чисти и меки

Ако сте инвестирале во скапи, меки пешкири, ќе бидете фрустрирани ако по неколку перења стануваат груби. Ако ова ви се случи, експертот за внатрешен дизајн, Рејчел Коен носи четири совети кои ќе ви помогнат пешкирите да останете меки и „пуфнасти“ подолго време.

1. Перете ги со ладна вода

Ниските температури го спречуваат собирањето, помагаат да се зачува оригиналната боја и подобро функционираат со одредени дамки.

2. Не користете омекнувачи

Хемикалиите во омекнувачот може да ги оштетат влакната што ќе предизвикаат поголемо деформирање на пешкирите по секое миење.

-Наместо омекнувач, во машината ставете тошче за тенис , за да бидат што повеќе „пуфнести“ – советува Рејчел.

3. Обрнете внимание на количината на детергент со која ги перете пешкирите

Ако ставате премногу детергент, пешкирите ќе бидат тешко исплакни и ќе станат груби. Следете ги точните упатства на пакувањето за да дознаете колкав износ на детергент е потребно.

4. Немој да ги пресушите

Пешкирите многу брзо апсорбираат вода и се сушат многу брзо во машината за сушење. Можете да ги отстраните пред да бидат целосно суви и да ги исушите на воздух.

Колку често ги перете пешкирите?

Без разлика колку сте чисти вие или вашите пешкири, тие се веројатно повеќе валкани отколку што очекувате. Секој пат кога ќе се избришете, отстранувате и слојот мртва кожа.

Навлажнетите пешкири се исто така многу плодна почва за разни бактерии.

За да се елиминира застоениот мирис од вашиот пешкир, ставете половина чаша прашок за печење во машината за перење.

Пешкирите треба да се перат на секои два дена на 60 степени.

Извор: “Press24.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.