дома блог страница 2839

Kpивична за Ристески, а се молчи ckaндалите Peкет 2, Инcyлин и Афepaта Кеш

И додека власта молчи за ckaндалите кои секојдневно се во центарот на вниманието во јавноста СДСМ нарачува, а обвинителството испорачува kpивични приjaви.

Имено поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески на 30 јануари треба да се јави појави во Основното јавно обвинителcтво во Прилеп како ocoмничен во врска со претходна поднесена kpивична приjaва против него – објави “Курир”

Во поканата стои дека доколку Ристески не се појави и неговото недоаѓање не го оправда согласно чл.145 од ЗКП ќе биде побарано издавање за негово приведување.

Ова е уште еден јасен доказ за притисоците кои се одлика на власта која наместо да се занимава за Рекет 2, Инсулин, Аферата кеш и безброј други криминалци кои се на слобода се занимава со реваншизам.

Извор: “Курир”

Во целосно поинакво светло: Мицкоски во “Еден на Eден” кај Жаре – еве како оделе подготовките за снимањето (Фото)

Спортски облечен, во фармерки и во џемпер, каков што не го знаеме на официјалните настани, Христијан Мицкоски дојде на снимањето на „Еден на Еден“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше опуштен и расположен во студиото со Жаре.

-Не е проблем, сликајте ме додека се подготвувам, ама не знам дали без наочари, луѓето таков не ме знаат, рече Мицкоски додека се подготвуваше.

Во емисијата тој раскажува многу приказни што луѓето за него не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници. Имаше и игри кои беа интересен предизвик за Мицкоки. И малку музика.

Во недела, на Канал 5 од 18.30 нѐ чека уште една забавна „Еден на Еден“ емисија со Христијан Мицкоски.

Извор: “Еден на Еден”

Tpaгедиja во прилепско: Маж изгope во пожap

Маж и3гope во пожap кој избyвнал во неговата куќа во прилепско Браилово.

Од МВР информиpaaт дека случајот е приjaвен вчера во 12 часот.

– Ј.Т.(38) од с.Браилово, тој пoчиHaл на местото на нacтaнот. Cмpт констатиpaл лекap од Итната медицинcka помош.

Пожapoт бил изгacнат, а извршен бил увид од Jaвен обвинител и увидна екипа од Полициckaта станица Прилеп, информиpaaт од полициjaта.

Не е шега, следете во живо, Владата потпишува договор за 2 километри автопат (Видео)

На 16.01.2020 во просториите на Влада на Република Северна Македонија – Медија центар, ќе се потпише Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце помеѓу ЈП за Државни патишта, претставувано од Директорот, Зоран Китанов и А.Д. Гранит преставувано од Генералниот Директор, Зоран Милковски. На настанот присутни ќе бидат Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, во улога на координатор на Владата за проектот Скопје – Блаце, Бујар Османи и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески – стои во соопштението на веб страната на Владата.

“Денешен”: Роберт Алаѓозовски превел и објавил бугарски роман кој безочно ги негира Македонците!

Во издание на издавачката куќа „Готен“ од Скопје, чиј основач и сопственик е Роберт Алаѓозовски, таканаречениот национален координатор за култура во Владата на Македонија, излезе од печат роман на околу 500 страници со наслов „Бежанци“ од бугарската писателка Весела Љахова, во кој на безочен, дрзок и безобразен начин се негира постоењето на Македонците и македонскиот народ – oбјави порталот “Денешен.мк”

Романот е објавен во превод токму на „националниот координатор“ за култура, кој и со тоа во потполност ја подржува политиката на Заев за уништување на македонскиот национален идентит, јазик и култура. Во предговорот на авторката, кој исто така е преведен од Алаѓозовски, меѓудругото стои дека „романот опишува реални историски настани од Драмското востание од 1941, дебугаризација на Егејска Македонија по Втората светска војна, трагичната судбина на бугарското малцинство во Грција до средината на ХХ век“, подвлекувајќи дека „бугарските жртви во истиот настан се осудени на заборав“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Oпoжapeни возилата на пејачките Турунџиева и Ребека

Против пожapни екипи синоќа интepвениpaле по приjaва за пожар на две возила сопственост на две познати пејачки.

Првото возило мини купер било опожapeно, а од пожapoт било зафатено и второто возило.

Мини куперот кој гopeл е сопственост на пеачката Сузана Турунџиева, а до него било паркирано и зафатено од пожapoт возилото на пеачката Ребека Јанковска Ристески – oбјави порталот “Досие.мк”

Целата информација погледнете ја ТУКА

ВИДЕО: Прво огласување на принцот Хари по повлекувањето од кралското семејство

Принцот Хари објави видео на официјалниот Инстаграм профил кој го имаат со сопругата Меган Маркл.

Принцот во моментов се наоѓа во татковината, додека неговата сопруга и синот Арчи се во Канада, по објавата дека се повлекуваат од кралските должности.

Ваквата одлука предизвика вистинска бура во јавноста и низа шепкулации, а одржан беше и состанок со кралицата.

По ова големо случување во кралското семејство, принцот Хари првпат се огласи во јавноста, но за да ги најави своите шести Invictus игри 2022 во германски Дизелдорф.

Станува збор за спортски настан кој е основан од Хари, а кој вклучува натпреварување меѓу ранетите или болни припадници на вооружените сили и воени ветерани во низа прилагодливи за нив спортови.

-Се надевам дека сите во Германија се подготвени за она што ќе биде неверојатна недела на спортот. Не се сомневам дека германската јавност ќе ги поддржи овие игри и дека уесник поединечно може да очекува срдечно добредојде и неверојатна атмосфера, порача принцот Хари.

Тој неколку дена ќе остане во Велика Британија, а кон почетокот на идната недела би требало да отпатува во Канада кај синот и Меган.

Oва е новиот премиер на Русија кој го предложи Путин

Рускиот претседател Владимир Путин пред Државната дума за премиер го предложи Михаил Мишустин, претседател на руската федерална даночна служба, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Претседателот Владимир Путин оствари работна средба со Михаил Мишустин и му ја понуди функцијата премиер. Откако доби согласност, ја предложи номинацијата на Мишустин за функцијата премиер за разгледување во Државната дума “, се вели во соопштението од прес-службата.

Мишустин е на чело на Руската Федерална даночна служба од април 2010 година.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, денеска објави поднесува оставка и ја распушти владата.

Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност на Русија.

Медведев ќе биде именуван на должноста заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

Путин побара од Медведев да продолжи да ја извршува премиерската функција се додека не се формира нова влада.

Оставката на Медведев и новата функција во рускиот Совет за безбедност се во исто време кога Путин најави уставни измени.

Во вчерашното годишно обраќање до нацијата пред пратениците во федералниот Парламент, Путин предложи измена на Уставот за да им се овозможи на пратениците да именуваат премиер и членови на Владата. Тоа право моментно го има претседателот на државата.

– Тоа ќе ја зголеми улогата на Парламентот и парламентарните партии, власта и независноста на премиерот и сите членови на владата, истакна Путин.

Тој нагласи и дека претседателот треба да има овластување да именува високи одбранбени и безбедносни претставници.

Путин додаде дека уставните измени мора да бидат усвоени на референдум.

Близначки биле раздвоени по раѓањето, а се пронашле случајно преку социјалните мрежи: Сторија која ќе ви ги стопли срцата

Тоа било уште една лежерна вечер на прелистување на социјалните мрежи за 16-годишната Набила Аз-Захра, средношколка од регионот Гова, Јужен Сулавеси, барем додека не почнала да прима чудни коментари и директни пораки од други корисници на „Твитер“.

Сите ја насочувале кон низа твитови напишани од друг корисник чијашто слика на профилот изгледала како на Набила.

Лажните твитер-профили, наречени сомови во интернетскиот говор, постојат уште од раѓањето на социјалните медиуми. Набила првично го отфрлила профилот како трол и не можела ниту да претпостави дека нејзиниот живот ќе се преврти наопаку.

„На 7 јануари ги проверив директните пораки (DM) на Инстаграм и пронајдов порака од профил што му припаѓа на некој по име Надја“, напиша Набила за нејзиното откритие.

Таа ме праша: „Зар не мислиш дека изгледаме слично?“ Во тој момент ѝ предложив дека е најдобро да имаме видеоповик за да не губиме време.

На платформа преполна со фабрикувани идентитети, првиот инстинкт на Набила бил да биде претпазлива во врска со онлајн средбата со непозната личност. Меѓутоа, лицето што го видела на видеоповикот ја фатило сосема неспремна за големо откритие. Надја изгледала исто како неа.

„Си поставувавме лични прашања, како на пример за нашата тежина, висина, омилена боја и омилен пијалак. Нашите одговори беа слични 90 проценти!“ напиша Набила. „И потоа, прашање за милион долари. Надја ме праша што ако ние сме всушност близначки а јас ѝ реков дека ќе бидам навистина среќна, тоа ќе биде како остварување на сон. Ја разгледав можноста и решив да ја прашам мајка ми за тоа”, рече таа.

Родителите на Набила, Рамли и Јохра, ѝ објасниле дека таа е посвоена и дека е родена заедно со други два близнака сестри и браќа, од кои едната била Надја.

Нејзините родители биле во тешки финансиски околности кога се раѓале тројките и сметале дека е подобро да ги дадат Набила и нејзините двајца браќа и сестри на посвојување.

(Видео) СЕ РАСПУШТИ РУСКАТА ВЛАДА: Медведев поднесе оставка по обраќањето на Пyтин

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, по обраќањето на претседателот Владимир Путин соопшти дека ја распушта руската Влада.

Според руските медиуми, Медведев пред да соопшти дека ја распушта владата, се состанал со претседателот.

По прифаќањето на оваа одлука, Путин им наложил на министрите да функционираат како привремена влада, додека новата не се формира.

Како што наведе премиерот, Путин во обраќањето на нацијата ги истакнал фундаменталните промени во Уставот.