дома блог страница 2841

Цигapи во тетрапак: Македонските швepцepи немаат граници – огpoмна количина фатена во Унгарија

Досетливоста на македонските швepцepи нема граници. Унгарската цapина објави видео за пpecретнат швepц од Македонија – цигapи во кapтонски пакувања со логото на соковите „Јафа“.

Станувало збор за 50.000 кутии цигapи со македонски бандероли. Фирмата „извозник“ ја презела вината и платила казна од 400.000 евра.

Според сознанијата до кои дојде „Плусинфо“, имало 7 до 8 пратки со пакувањата во соковите „Јафа“ по што на компанијата “Коктел трејд“ од Тетово, застапникот на трговската марка „Јафа“, ѝ се нанесени значителни штети.

Целата информација прочитајте ја ТУКА

“Сугарески ветувал соларни железнички станици, а останавме и без железнички линии?” (Видео)

На вчерашната седница на Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ги истакна нереализираните ветувања на власта на СДСМ во железничката инфраструктура.

Ѓорчев го потсети министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој беше во салата, за се’ она што неговата власт ветувала во предизборната програма “За живот во Македонија”, па дури и за ветените “соларни железнички станици”.

Повеќе погледнете во видеото во продолжение:

Тимоние: Успешни избори во април се предуслов за датум за преговори

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за eмисијата “Утрински брифинг” денeска изјави дека е оптимист и верува дека на Македонија и се потребни успешни избори.

Тимоние потенцираше дека постои и агенда на реформи во политичката агенда како и законот за Обвинителството, кои се клучни за добивање датум за влез во ЕУ.

-Знам дека предлогот на Комисијата треба да го добиеме до крајот на месецов. Ова не се одлучува еднострано. Има консензус за нашите предлози. Не очекувам компликации бидејќи нашите предлози беа базирани на аргументи за кое е потребно време. Мислам дека до самитот во Загреб ќе бидеме спремни.Потребно ни се успешни избори. Прогрес во агендата. Бидејќи постои метологија, но постои и агенда на реформи во политичката агенда како и законот за Обвинителството, изјави францускиот амбасадор Тимоние.

Претходно во октомври откако Македонија не доби затум за преговори Тимоние ја изненади јавноста кога изјави дека Преспанскиот договор можеби е предуслов, но европската агенда е друго прашање и тоа не е доволно. Тоа беше секогаш јасно кај француската страна и тоа беше пренесено кај грчките и македонските соговорници.

-Нема да откријам тајна доколку кажам дека на последните средби на министерот Димитров и вицепремиерот Османи со нивните соговорници во Париз беа отворени и прашањата за судството во Македонија, која е тема е многу важна и има многу предизвици кои што треба да се надминат и подобрат, рече тогаш Тимоние.

(Фото) “Нов проект, патapина кај Демир Капија, спpeмajте пapи, на пpaв пат сме?”

При крај е новата патарина на автопатот Демир Капија-Смоквица кај Демир Капија.Патарината кон крајот на минатата година, ја најави директорот на претпријатието за државни патишта, Зоран Китанов, кој тогаш не ја спомна цената за оваа наплатна рампа.

Сега на таа делница се плаќа само една патарина, која се наоѓа на крајот од тоа парче автопат, кога се оди кон Грција, а истата чини 100 денари. Оваа наплатна рампа беше воведена кон крајот на месец август минатата година.

Не се знае колку ќе чини новата патарина кај Демир Капија, но се очекува цената да се движи помеѓу 60 и 80 денари.

Со моменталните патарини, трошокот за граѓаните кои возат од Скопје до Гевгелија изнесува 280 денари.

Го пропуштивте во кината? Еве го целиот филм “Meдена земја”, македонското ремек дело номинирано за два Оскари од Холивуд

Македонскиот документарен филм “Meдена земја” од режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов собра еден куп награди на меѓународни филмски фестивали минатата година, а од пред два дена е номиниран за Оскар во две категории.

Филмот ќе се натпреварува во категориите: најдобар документарен филм и најдобар странски долгометражен филм.

Филмот можете да го погледнете во продолжение:

Со вакви навивачи никогаш ништо не е загубено: Погледнете што пееше фалангата кога Македонија губеше 10 разлика (Видео)

Maкедонската ракометна репрезентација не успеа да избори пласман во следната рунда од Европското првенство.

Домаќинот Австрија вчера беше многу посилен и поорганизиран од нас, па во второто полувреме Македонија губеше и со 10,11 разлика.

Семафорот покажуваше 32:23, а македонската фаланга на трибините грмеше со поддршка за нашите момци.

Погледнете што се пееше во најтешките моменти за нашите момци на теренот:

Oва се cpeќните бpoeви на секој хopocкопски знак: Погледнете кои се вашите

Без разлика кои сте, сигурно имате среќен број. Можеби тоа е бројот на вашиот стан од детството, некои цифри од стариот телефонски број, или пак толку случаен број што не ни знаете од каде потекнува. Секој од хороскопските знаци поседува уникатни вештини и квалитети во разни аспекти од животот. Покрај тоа, секој знак има одредени броеви кои му се најсреќни. Откријте го вашиот во продолжение.

Овен

Храбрите Овни сакаат да водат и секогаш да бидат зафатени. Нивни најсреќни броеви се 6, 18, 41, 77 и 83.

Бик

Тврдоглавоста на Биковите понекогаш може да им предизвика чудни ситуации. Нивни најсреќни броеви се 5, 35, 50, 57 и 82.

Близнаци

Близнаците се познати како социјални личности, па вистински проблем им е кога се осамени или кога се заглавени во рутина. Нивни најсреќни броеви се 1, 10, 18, 35 и 86.

Рак

Ракот е воден од неговите емоции. Тој е сентиментален, со променливо расположение и чувствителен. Негови најсреќни броеви се 1, 21, 24, 58 и 66.

Лав

Лавот е роден да биде лидер и често презема контрола над ситуацијата. Но, ова лидерство може да се манифестира и како ароганција. Неговите најсреќни броеви се 6, 24, 39, 59 и 83.

Девица

Девицата премногу ги критикува нејзините и постапките на другите. Понекогаш заглавува во ситните детали од животот. Нејзини најсреќни броеви се 16, 29, 79, 80 и 90.

Вага

Вагата сака да го одржува мирот и е голем фан на дипломатијата. Но, ако не внимава може да им дозволи на проблемите да се размножат. Нејзини среќни броеви се 7, 20, 55, 77 и 86.

Скорпија

Скорпијата е искрена кон другите, па го очекува истото за возврат. Нејзини среќни броеви се 27, 29, 45, 53 и 89.

Стрелец

Љубопитноста, енергијата и слободата ги водат Стрелците низ животот, па не тие сакаат да бидат врзани од некој друг. Нивни среќни броеви се 6, 16, 23, 60 и 81.

Јарец

Јарецот е навистина одговорен и има голема самоконтрола, но тешко простува кога некој ќе му згреши. Неговите среќни броеви се 3, 21, 66, 83 и 84.

Водолија

Водолијата почесто ќе размислува за проблемот наместо да ги покаже емоциите предизвикани од него. Нејзините најсреќни броеви се 17, 40, 46, 61 и 76.

Риби

Рибите се пријателски настроени, но ова им претставува проблем бидејќи премногу им веруваат на другите и често се повредувани од најблиските. Нивни најсреќни броеви се 8, 10, 27, 56 и 69.

Се празнува Св. Серафим Саровски

Денеска е Свети Силвестер и св.Серафим Саровски

Свети Силвестер се роди во Рим. Таму беше избран и за епископ (папа) на негови 30 години, во 314 година. Тоа е времето кога светиот цар Константин го симна христијанството од листата на забранетите религии, со што престана и прогонот на христијаните.

Папа Силвестер добро управуваше со римската црква до 335 година, кога се упокои во Бога. Неговите мошти почиваат во гробничната црква изградена над катакомбата Свети Прискила во Рим.

Денес се слави и споменот на свети Серафим Саровски.

Се родил во Курск, Русија, во 1759 година. Се прослави како голем подвижник и молитвеник. Во последните години Господ го надари со чудотворство за полза на сите измачени што доаѓаа кај него. Се упокои во 1833 година на денешниов ден

(Фото) Синот на Аркан и пружи рака за помирување на Цеца

Војин Ражнатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан, од Америка им ја честиташе православната Нова година на сите Срби.

Со оглед на тоа што ја објави тетоважата со ликот на Петар Петровиќ Његош, Војин најпрво им пружи поддршка на Србите во Црна Гора, кои со денови се борат против законот на Мило за одземање на српските цркви.

“На моите браќа, фамилија Ражнатовиќ, им посакувам среќна Нова година и да се држиме уште 100 години”, напиша Војин на својот Инстаграм профил. Ова српските медиуми го протолкуваа како рака за помирување со Цеца, со која наводно не се во добри односи.

(Урнебесно видео) Еве како се врти бурек на прилепски начин

Фонд за иновации дали се слушаме?