дома блог страница 2834

Водата на Водици никогаш не се расипува и се смета дека е света, посебна и лековита

Богојавление е христијански празник кој го слави откривањето на Богот Син отелотворен во Исус Христос. Утрешниот ден, во народот уште се вика и Водици или Водокрст. На тој ден се осветува вода за која се верува дека е лековита и чудотворна и се нарекува богојавленска вода.

Се смета за света, посебна и лековита вода. Богојавленската вода никогаш не се расипува. Нејзина особина е со години да остане свежа, вкусна и лековита.

Одамна се чува обичајот оваа вода да се чува во посебен сад цела година, зошто помага за секоја болест и кога малите деца се плашат ноќе, но и кога на човек нагло ќе му се слоши или кога храната не му годи. Исто така се ја користат и болните кои не можат да ги поднесат болките, или при душевен немир и неможност да се соочи со проблемите – односно постојат многубројни прилики во животот и тешкотии кога богојавленската водичка со вера може да се употреби и навистина да користи.

На самиот ден Богојавление црквата дозволува со таа вода да се попрскаат сите соби и ќошиња во домот и сите членови на семејството да ја пијат колку сакаат. Но во сите други денови од годината, со богојавленската вода не смее ништо да се прска, освен да се пие поради болест. И здравите ако сакаат мораат денот кога постат, да пијат од таа вода наутро.

Во Македонија и ден денеска многумина ништо не јадат два дена од Големиот пост па третиот ја вкусуваат таа вода во знак на големата светија.

Секоја куќа на денот Богојавление кога свештеникот ја свети водата, треба да се земе во посебен сад и да се чува цела година.

Светата водичка, посебно онаа Богојавленска, може да се чува неограничено време. Колку долго да се чува, таа не ја губи својата осветителна благодет ниту е подложна на расипување.

Има во народот семејства кои богојавленската водичка ја чуваат и по триесет и повеќе години, со тоа што секоја година, од новата богојавленска водичка, кога ќе ја донесат од црква, помалку додаваат во шишето во кое ја чуваат старата Богојавленска водичка.

Доколку целото количество на богојавленската вода не се потроши во текот на годината, остатокот, кога ќе стигне новата богојавленска вода се истура во бунар, во река или во цвеќе. Во секој случај таму каде што нема да се изложи на газење и обесветување

„Бог се јави“: Православните верници денеска празнуваат Богојавление – Водици

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јануари.

Денеска е Богојавление (Водици).

Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Поврзаноста на празниците Рождество Христово и Богојавление е воочлива во самата содржина на богослужбените песни. Во стихирите на празникот Рождество Христово наоѓаме мисли и изрази кои се однесуваат на празникот Богојавление, а во Богојавленската служба изрази кои се однесуваат на Рождеството. Тоа се оправдува со фактот дека во почетокот на 6 / 19 јануари се славел еден колективен празник (επιφὰνεια, ϑεοφὰνεια = Богојавление), кој соединувал повеќе настани од Христовиот живот на земјата, односно се празнувало општото Божјо јавување на земјата. Подоцна кога од празникот на 6 јануари се издвоиле останатите спомени (како на пример Рождеството Христово), главниот спомен кој останал да се празнува на овој ден било Крштението на Господ Исус Христос на реката Јордан.

Во историјата на празникот Богојавление можеме да следиме три периоди: првиот е периодот на III век кога Богојавлението е главниот настан кој се празнува на 6 јануари, но е поврзан со повеќе настани од Божјото јавување на земјата; потоа вториот период е IV век, кога Рождеството Христово станува центар на празнувањата во овој ден; и третиот период е крајот од IV век и подоцна, кога споменот на Рождеството Христово се издвојува од Богојавлението.

Празникот Богојавление се нарекува така зашто во мигот на Крштението Христово „се покажа поклонувањето на Света Троица“. Отецот зборуваше од небото за Синот Кој се крштева, Синот Божји се крштеваше од св. Јован и како таков беше посведочен од Бога Отецот, а Светиот Дух Кој слезе во вид на гулаб го потврди гласот на Отецот. Уште се нарекува и „Просвештение“, зашто во древноста во навечерието на празникот, по примерот на Христа се крштевале и со Божјата благодат се просветлувале огласените.

Овој празник започнал да се слави на Истокот уште во III век и тоа особено во Египет. Првото сведоштво за него го наоѓаме кај св. Климент Александриски (215 г.), во неговото дело „Стромата“, каде што вели дека следбениците на гностичкиот еретик Василид уште пред православните започнале да го слават овој празник. Имено, за нив овој празник имал големо значење – нивното учење вели дека Христос бил само обичен човек, а станал Син Божји во мигот на Неговото Крштение. Православните, пак, спротивставувајќи му се на ваквото погрешно учење на гностиците, го востановиле овој празник објавувајќи ја преку него особено силната и длабока смисла на Божјото јавување. До почетокот на IV век Богојавлението веќе се славело насекаде. Неговата самостојност започнува на Истокот, од каде што подоцна е пренесен на Запад.

Според главниот спомен на Богојавление – Крштението Христово, во древноста, во навечерието на празникот се извршувало осветување на водите за крштение и биле крштевани огласените. Исто така особено значајна е традицијата на големото торжество на реката Јордан, во која на полноќ многумина влегувале во водата да се искапат, а ова капење ги очистувало телесните и духовните рани. Според Уставот, во навечерието на празникот и на самиот негов ден се врши осветување на водите. Стихири за богослужбата на овој празник имаме од: Јован монах, Визант, Козма монах, Анатолиј, Патријархот Герман, а каноните ги напишале св. Јован Дамаскин и св. Козма Мајумски.

Специфично за празникот е и тоа што во древноста, Александриските епископи според одредбите на Првиот вселенски собор, секоја година за Богојавление ги испраќале и своите посланија до старешините на црквите во кои бил објавуван датумот на празникот Воскресение за таа година. Старешините потоа им го објавувале тој датум на верните. Тоа го практикувале зашто токму во Александрија цветала астрономската наука. Така, Црквата зачувала многу пасхални посланија од Александриските епископи, меѓу кои се и оние на светите Теофил, Дионисиј, Атанасиј и Кирил Александриски.

Смислата на празникот Богојавление

Христос „на секому му ја даде можноста да ја стекне благодатта на синовството, да го стекне Богојавлението во својот личен живот. Тоа јавување Божјо го сочинува богопознанието, а бидејќи тоа е егзистенцијално собитие, затоа и го предизвикува спасението“ (Јеротеј Влахос).

Собитието на создавањето е едно чудесно таинство во кое Троичниот Бог се јави и го повика човекот од небитие во битие, го создаде според образот на Словото, вдахнувајќи во него живот преку Светиот Дух. Човекот живееше во благодатно заедничарење со Бога, за него небесата беа отворени и од таму тој го слушаше гласот на својот Создател, разговараше со Него сѐ до мигот кога заради неговата непослушност тој ја изгуби благодатта и заедницата со Бога. Како последица на тоа небото се затвори за сиот човечки род, кој сега веќе не можеше да преуспева во духовниот живот, ниту да бива поткрепуван и просветлуван од Божествената благодат. И живеејќи без Бога, валкајќи се, потопувајќи се во нечистата и матна вода на гревот човекот достигна страдање, кое, пак, за своја последица го имаше целосното деформирање на неговата личност.

Но, Божјата љубов и сострадание кон родот човечки е толку голема, што Бог Отецот Го испрати Синот Свој, чиешто доаѓање на земјата имаше за цел да му ја објави на човекот предвечната Божја промисла за него, според која тој е создаден по образ и подобие на Христа, Словото Божјо. И еве, Крштението Христово ни покажува дека Он дојде при нас, го зеде нашиот образ, за да го очисти, просветли и облагодати за ние полесно да дојдеме до Него. Он е Новиот Адам Кој сега повторно го отвора небото, од каде гласот на Отецот ја покажа, ја објави обожената човечка природа примена од Христа. Јавувањето, пак, на Светиот Дух во вид на незлобив и кроток гулаб, го објави крајот на потопот од гревот и почетокот на несфатливата милост Божја кон нас луѓето. И сето ова Бог го направи за да можеме ние повторно да се искачуваме кон Бога и да стекнеме заедница со Него.

Така, значи Пресвета Троица учествуваше во создавањето на човекот и ете, сега повторно Пресвета Троица учествува во неговото пресоздавање. И тоа покажува една голема богословска тајна: дека единствено човекот, кој е создаден според образот Христов, може да биде посветеник и поклоник на Пресвета Троица. Затоа Црквата овој ден го нарекува и празник на пресоздавањето на човекот, почеток на неговото обожување.

Богојавлението, пак, за нас почнува во крштелниот купел, кој е духовна утроба што нѐ преродува за еден висококвалитетен и достоинствен живот. Ние во крштението се очистуваме, ја отстрануваме Адамовата нечистотија, го измиваме нашиот внатрешен човек. Ја примаме благодатта Божја, го примаме залогот на Духот, но го примаме со можност да се усовршуваме. Според тоа, кога човекот прави гревови, тој ја валка веќе очистената и измиена негова природа. Тогаш благодатта се повлекува од него и тој духовно умира зашто ја губи својата заедница со Бога и можноста што ја примил на крштението. „Секако благодатта не се губи целосно, но во овој случај таа не го врши спасението“ (Ј. Влахос).

Сепак радоста на празникот Богојавление е токму во верата дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди. А тоа се случува во мигот кога ние суштински ќе се доближиме до празникот и ќе сфатиме дека очистувајќи се повторно ќе ја привлечеме благодатта Божја во нашиот живот. Колку и да сме извалкани, помрачени и со своите гревови оддалечени од Бога, сепак, во нас не згаснала надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото. Тогаш кога ќе одлучиме да живееме во совршена послушност кон Бога, исполнувајќи ја Неговата најголема заповед за љубов кон ближните, тогаш и небото на нашиот внатрешен живот постојано ќе биде отворено и ние слободно ќе разговараме со Бога, Чијашто светлина ќе го озарува целокупното наше битие.

(Фото) “Мистериозни дупки” се појавуваат насекаде низ Прилеп?

Наши читатели постојани ни испраќаат фотографии од комунални дефекти низ градот, а пораките постојано се идентични, да се апелира до локалната самоуправа и јавните претпријатија да ги санираат проблемите.

Такви се и овие фотографии од шахта кај мостот Табана, во непосредна близина на училиштето “Кире Гаврилоски-Јане”, која лесно може да го загрози движењето на граѓаните.

Граѓаните реагираат локалните власти да посветат повеќе внимание на комуналните проблеми, затоа што ова е само еден од големиот број дупки низ градот.

Кога сме кај дупките и оштетувањата на улиците, ќе потсетиме и на онаа во урбаната населба “Гоце Делчев”.

Новогодишната желба на жителите од урбатана населба Гоце Делчев од Прилеп: Од Дедо Мраз бараат само едно… (ФОТО)

“Новогодишната желба” на жителите од улица Октомвриска сеуште не е остварена….

Се претставувал како Игор Џамбазов и преку Фејсбук барал пари за донација за дете!

Непознато лице преку Фејсбук профил со името на шоуменот и актер Игор Џамбазов барало донации од граѓани, пишуваат на фан страницата на социјалната мрежа на Џамбазов.

-Пред извесно време бевме извесени дека некој го злоупотребува името и делото на Игор Џамбазов. Иако беше ојбавено на почетокот на месецот за овој случај, сепак профилот е сè уште активен. Затоа ве замолуваме да го пријавите лажниот лик кој има за цел да изнуди пари за наводно собирање донации, пишува на фан страницата.

Ова не е првпат во името на шоуменот да бидат барани донации. И во 2017 година имаше случај кога лице користејќи го името на Игор Џамбазов бараше парти од граѓаните.

Маестро Трпчески од Њујорк “одговори” на непристојните прозивки во Макеоднија (Видео)

Со посредство на Фејсбук-профилот на Горазд Росоклија, професор на универзитетот „Колумбија“ во Њујорк и член на МАНУ надвор од работниот состав, стигна „одговорот“ од пијанистот Симон Трпчески за прозивките од активисти на власта за прекинатиот концерт во Штип пред три недели поради немање греење во салата.

Музичкиот амбасадор на Македонија од светски калибар од Македонскиот културен центар во Њујорк, каде што ја увеличи изложбата на скулпторот Славчо Спировски, пред два дена го (по)кажа следното:

Охрид блеска во пресрет на Водици: Три дена празнување со богата програма и многу гости (Фото галерија)

Охрид блеска во пресрет на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Градот е украсен и исполнет со гости, а сонцето дополнително ги прави прошетките покрај Охридското Езеро да бидат пријатни.

Чаршијата и улиците во центарот на Охрид се украсени со верски и државни знамиња, а во центарот е поставен и котелот каде ќе се приготвува вкусната рибја чорба.

Вечерва во пресрет на празникот на градскиот плоштад, со почеток од 20:00 часот, концерт ќе одржи балканската мега ѕвезда, Петар Грашо.

Утре пак, со почеток во 10 часот, на Градското пристаниште ќе се одржи голем црковно-народен собир по повод Богојавленскиот водосвет и традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Празнувањето во Охрид продолжува на 20 јануари на празникот Св. Јован Крстител, каде во рамки на манифестацијата Денот на рибарите, на Градскиот плоштад со почеток во 12 часот, концерт ќе одржи македонската фолк-ѕвезда Миле Кузманоски.

Крушево: Пронашла ekcплозив во домот на својот брат

На 17.01.2020 во 16.30 часот во Полициcka станица Крушево, М.Р.(64) од Р.Словенија приjaвила дека во семejниот дом на ул.„Партизанска“, во сопственост на нејзиниот пoчинaтт брат Р.М. од Крушево, пpoнашла ekcплозив.

За настанот е известена Дирекцијата за заштита и спаcyвање.

Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денот – информираат во дневниот билтен на МВР.

(ФОТО) Прилеп “поплавен” со антифриз?

Eден од новите автобуси кои Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при општина Прилеп ги набави минатата година, денеска има дефект кај раскрсницата Чумовчанец.

Според информациите од очевидци кои ни ги испратија фотографиите, на автобусот му истекол антифризот.

Oд фотографиите може да се види дека автобусот е целосно валкан и е далеку од изгледот кога беа промовирани.

Инаку ЈП за ПУП четирите нови автобуси ги набави за сума близу 1 милион евра, а за тоа имаше голем број реакции како од граѓаните, така и од опозицијата во Прилеп.

Исто така не е прв пат некој од новите автобуси да има дефект. За тоа пишувавме во неколку наврати порано, а од јавното претпријатие изостана реакција.

“Што бара новиот градски автобус од 250.000 евра во Скопје?” (ФОТО)

“Новиот автобус се “закова” во место, а го платија 250.000 евра?” (Фото)

Вечерва останете будни до полноќ: Замисете си желба, се верува дека пред Водици се отвора небото

Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според Библијата, на овој ден се отворило небото и се слушнал божјиот глас.

Вечерва штом сонцето почне да заоѓа, христијаните почнаат да се поздравуваат со поздравот “Бог се јави!” во очи празникот. На ова се одговара “Навистина се јави!”, и особено е важно да останете будни до полноќ! Всушност, нашите предци верувале дека ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти јануари, e време кога небото се отвора и “Бог се појавува.”

Според верувањето, Богојавление – јавувањето на Бога, се случува во глувaта доба на предвечерието на празникот Богојавление, кога ќе дојде моментот кога се отвора небото и кога се вкрстуваат ветровите кои дуваат во зима и оние кои дуваат во лето. Во овој момент, сите води на светот престануваат да течат, а оној кој ќе се најде на отворено, и го види отворањето на небото, може од Бог да бара исполнување на желба. Денот кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан.

Според христијанското верување, нво 30-тата година од нашата ера Исус Христос како дрводелец живеел со неговата мајка Марија и нејзиниот маж Јосиф, кога го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан. Според Библијата, веднаш по крштевањето, а тоа е објавено со потопување во вода три пати, небото се отвори и се чул гласот на Отецот Бог, кој соопштил дека Исус е неговиот син, а потоа на рамото на Исус слетал Светиот Дух во вид на гулаб. Крштевањето на Исус го означи почетокот на неговата мисија и проповедта. Богојавление е еден од петнаесетте најголеми христијански празници. Вековни традиции и верувања Според мислењето на многумина, за Водици ги имаме најубавите традиции, а празникот се карактеризира со голем број на други верувања од минатите векови. Се верува дека немажените девојки, ако стават огледало под перницата на 18 јануари вечерта, ќе го сонуваат човекот за кого ќе се омажат.

Исто така, во некои делови, младите девојки замесуваат од тесто три-четири топчиња и во три од нив ставаат ливчиња на кои се испишани имињата на нивните симпатии. Четвртото е празно. Потоа топчињата се ставаат во вода која врие, и првото топче кое ќе исплива, го носи името на љубовта таа девојка. Ако исплива празното топче, тоа значи дека девојката сеуште не го сретнала човекот на својот живот. Се верува дека за време на Водици се предвидува и какво ќе биде времето цела година.

Ако утре има силен мраз или паѓа снег, годината ќе биде плодна. Ако, сепак, биде сочнево, годината ќе биде сува. Ако на 19 јануари е дождливо, во текот на целата година ќе има многу врнежи од дожд и поплави. На овој ден се осветува вода за која се верува дека има лековити и чудесни својства и се нарекува Богојавленска вода. Верниците ја носат дома и ја чуваат како лек во текот на целата година. Богојавление се празнува низ цела Македонија со традиционално пливање по крстот за Водици.

Се разбира, постојат и луѓе кои мислат дека сите овие традиции само се суеверие и глупост. За некои од нив Македонската православна црква вели дека се пагански. Меѓутоа, сите го издржале тестот на времето и опстојуваат и денес.

Затоа, вечерва на полноќ, отворете го прозорецот и посакајте желба … треба да биде јасна и богоугодна …недвосмислена и имајте малку верба! Не треба да ви штети.

Лекapoт на Путин предyпpeдува: Колку вода да пиете, што да иcфpлите од домот, како мобилните влиjaaт вpз мозокот

Членот на медицинскиот тим на рускиот претседател Владимир Путин, академик Богдан Владимирович Городиски, неодмна имаше предавање за имунитетот и причините за болестите во Суботица, Србија.

-Последиците од падот на имунитетот носат околу 3.000 болести, а хроничниот стрес и влијанието на електромагнетните полиња од современото опкружување се најчестите причини, рече доктор Городиски.

Додал дека за силен и здрав организам неопходно е да се пијат по 30 милилитри вода за секој килограм од тежината. Последниот оброк треба да е околу 19 часот, а микробрановата печка треба веднаш да се исфрли од домот.

Според докторот, физичкото и менталното здравје се нераскинливо поврзани.

-Медицината на 21 век е пред голем предизвик, бидејќи постоечките методи не можат да го решат проблемот со дегенерација на ќелиите и забрзаното стареење на организмот. Потребно е да користиме методи кои тој процес ќе го претворат во прецес на регенерација и обнова на организмот, порача докторот.

Городски предупреди дека вториот голем проблем го создаваат тивките и бавни, скоро незабележливи инфекции, кои многумина не знаат дека ги имаат. Токму тие се предизвикувачи на тешки заболувања, како на пример, хроничниот херпес, кој потоа носи мултипла склероза

-Oгромен проблем е влијанието на електромагнетните полиња околу нас. Пример, трафостаниците би требало да бидат барем 1.500 метри надвор од населените места, а најчесто се наоѓаат само на 50 метри. Нивното влијание врз човекот е многу сериозно. Мобилниот телефон, исто така, има штетно зрачење кое продира во мозокот со длабочина од 6 до 8 см, со што го исклучува имуниот и ендокриновиот систем на организмот, предупредува тој.

Обичниот комјутер зрачи осум различни типови на озрачување кои го уништуваат нервниот систем и влијаат на штитната жлезда, создавајќи провлеми во организмот. Тука се и станиците за мобилната телефонија, радиоапаратите и телевизорите.

-Луѓето не размислуваат на тоа дека често и местото на кое живеат го нарушува нивното здравје. Има многу геопатогени зони. Стресот е, исто така, исклучително опасен зошто го уништува ендокриниот и имуносистемот. Ова посебно важи за животот во константен стрес, посочи доктор Городиски.

Овој имунолог со светско реноме порача дека тајната на доброто здравје е во едноставните навики, како правилно дишење, пиење на доволно вода, умерена и здрава исхрана, шетање, пливање, ведри и позитивни мисли.

Богдан Владимирович Городиски е претседател на научниот институт при администрацијата на рускиот претседате, неколкупати е одликуван со највисоките признанија во Русија, член е на Руската и Европската академина на природни науки.

Извор: “Република.мк”