дома блог страница 2835

По навpeдите врз Мизрахи, активистка на СДСМ се фрли на Симон Трпчески: „Сакав да напишам само мочко“

Активистката на СДСМ Видана Бошкова Мицевска изгледа дека има толку гнев во себе, но го манифестира на погрешно место.

Таа беше една од членовите и активисти на СДСМ кои беа дел од скандалозниот напад врз министерката Рашела Мизрахи со антисемитистички пораки, за кои после неколку дена се извинуваше и поранешниот премиер Зоран Заев – пишува “Курир”.

Сега, оваа жена само докажа дека за неа единствени идоли се политичарите од Власта чии скандали и криминали не ги коментира, но затоа, верувале или не, сака да го нарече виртуозот Симон Трпчевски со погрдни зборови.

Нова мета на напад на активистите на СДСМ е Симон Трпчевски, поради неговите забелешки на условите во кои тој и Филхармонискиот оркестар одржуваа концерт во Штип пред нова година.

Таа напиша:

„Симон Трпчевски прекинал концерт во Штип заради лоши услови. НА КУЛТУРАТА НЕ СМЕЕЛО ДА СЕ ШТЕДИ.

Симоне Симоне. Не штедеа вмро и направија МНТ за 42 милиони ЕВРА и филхармонија од 40 милиони исто ЕВРА.
Следниот пат кога ќе ти се прави концерт таму некаде надвор од Центар, земи 2 автобуси и донеси ги луѓето во филхармонија. Или цела држава во МНТ.

Сакав да пишам мочко, ама да не претерувам“.

Наместо ликовите како Видана да упатат критики кон локалната самоуправа и Министерството за култура поради нечовечките услови во кои најдобриот пијанист во историјата на Македонија и еден од светски најпознатите пијанисти бил приморан да свири, активистите на СДСМ започнаа серија на брутални напади кон него само затоа што си дозволил да упати критика и апел „да не се штеди во културата“.

Концертот кој што се одржа во рамки на Домот на културата „Ацо Шопов“ виртуозот бил приморан да го прекине поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а имало проблеми и со струјата.

Во видеото во продолжение ќе можете целосно да видите за што точно станува збор:

Извор: “Курир”

Жална Македонијо со вакви случаи: Семејство од Прилеп пpeживува голгота, две години живее без струја во мизepни услови (Видео)

Повеќе од 2 години живеат без струја. Исклучена им е им поради заостанат долг од околу 220.000 денари. На овие минусни температури се топлат само со гранки кои ги собираат во дворот и околијата, но за жал и шпоретот на дрва чади од сите страни и е во лоша состојба. Вода имаат само во дворот.

Немаат купатило, личната хигиена ја одржуваат капејќи се дома во метално корито, на сличен начин мијат и садови. Оваа импровизирана лимарија е тоа што тие го нарекуваат тоалет. Вака изгледа жалната животна судбина на трочленото семејство Ѓорѓеви од Прилеп.

„Премногу е тешко да се живее во вакви услови. Тешко е минус 20 да се носи вода од надвор во шишиња и личната хигиена се одржува тешко. Собираме гранки и со нив се грееме“, истакна Македонка Ѓорѓева, жител на Прилеп.

Мувлата е декор на сите ѕидови во куќата, скршените прозорци ги покриваат со кебиња за да не им студи. Живеат само со минималната пензија на Зорка Спиркоска и мала социјална помош, но тие средства не се доволни за да се подмират сите животни потреби, а требаат и средства за школување на синот на Македонка, која за жал не е работоспособна за тешка физичка работа.

„Едвај ги задоволуваме потребите за лекови и храна, а понекогаш и позајмуваме на разни начини. Барам да ми се прости долгот за струја за да можам понатаму да го продолжам животот. Ако се можи да се реновира нешто домот бидејќи постојано живеам во мувла и барам вработување за да можам да си ги плаќам редовно сметките и да купувам храна“, додаде Ѓорѓева.

Ѓорѓеви се надеваат дека институциите ќе ги слушнат нивните барања и ќе им овозможат достоинствен живот и нормален живот.

Извор: Дарко Штаргоски за ТВ СИТЕЛ

Мила Царовска ќе ги враќала младите … ПАК!

За заминувањето на младите од државата не е пресуден само животниот стандард, туку и целосниот квалитет на живеење. Треба да создадеме услови да ги вратиме младите и доколку излезат од државата и тука да ги создаваат своите семејства, порача вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

-Се обидуваме да ги подобриме условите за живот. Не само што растат платите, туку се подобруваат и условите за работа и демократските односи во државата. Тенденцијата на постојано инвестирање и создавање на услови за раст на луѓето и почитување на односите помеѓу институциите и односите меѓу луѓето и институциите ќе продложи. Сепак, глобално движење на населението се случува и не е проблем само на нашата држава, бидејќи секогаш постои предизвик кај младите лица да одат и да научат нешто плус, па потоа да се вратат во споствената држава. Ние само треба да создадеме услови младите да се вратат дома и тука да ги формираат своите семејства, посочи Царовска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Таа нагласи дека многу од државите тоа веќе го покажале како систем и механизам на враќање назад по влезот во НАТО и Европската Унија.

-Не можете да спречите ни едно младо лице да има интенции или порив да види што се случува во западниот свет. Но, ако оваа држава создаде овде услови кои се потребни, а тоа е да создадеме квалитет на живеење, сигурна сум дека младите лица после тоа ќе останат тука, рече Царовска и додаде дека е против идеите за врзување на младите лица со договори да останат во државата доколку се вложени средства во нив и се обучени за некакви вештини.

Тоа, како што рече, е против уставно и значи ограничување на слободата на движење.

-Сметам дека секоја инвестиција во секој човек што ја прави државата, никогаш не може да биде на нејзина штета и на добробит. Токму затоа мерките за активно вработување дадоа зголемен број на вработувања зашто се адаптирани согласно потребите на младите лица и се креирани во соработка со бизнис секторот, рече Царовска.

За објавените огласи за вработување во јавните институции рече дека треба да се сме свесни дека секоја институција за да работи мора да има одреден број на вработени и додаде дека прво треба да се направи пресметка колкав бил бројот на вработени во 2019 година и колку се бара со огласите за вработување, бидејќи, како што рече, можат да течат огласи за продолжување на опрделени вработувања кои претходно биле поставени во друга форма.

За најавите од коморите за потреба од увоз на работна сила за дефицитарните работни места, вицепремиерката посочи дека треба прво да се направат анализи кои ќе покажат колкав потенцијал постои во државата за кои профили и со тоа да се излезе на пазарот на трудот.

-Сметам дека се уште во држават има човечки потенцијал кој не е искористен и не е ставен во функција. Првиот чекор е пасивните да ги направиме активни чинители во економијата, а понатаму е важно да се дискутира со сите засегнати страни за да се направи анализа дали има потреба да се донесе однадвор ако навистина посотои недостаток на одреден профил, потенцира Царовска.

(Видео) Моменти кога цел Прилеп живееше за фудбалот: Еве како се дочекуваше пелагониското дерби Победа-Пелистер

Видео од 2015 година пред пелагониското дерби Победа-Пелистер, моменти кога фудбалскиот жар се враќаше во фудбалски Прилеп во сезоната во која Победа се врати во Првата лига.

Стадионот “Гоце Делчев” беше полн со публика и се веруваше дека фудбалскиот миленик на прилепчани ќе се врати на старите патеки.

Гледано од денешна перспектива, Победа одново се наоѓа во понизок ранг на натпреварување, реконструкцијата на стадионот сеуште не е завршена, а клубот се наоѓа во тешка резултатска криза, па дури е можно испаѓање и во трета лига.

Погледнете ја оваа прекрасна атмосфера:

Јанушев: Симон Трпчевски не заслужи такви услови

“Нема затоплување”, “светлото не работи”, “крцкаат столчињата”. Атмосфера слична на Узбекистан, но не е таму, туку овде, во Европа, среде Балканот, во Република Македонија, во Штип.

Во вакви услови настапуваше виртуозот Симон Трпчевски. Мачна атмосфера, незаслужен однос на државата кон најдоброто од Македонија.

И пред некој да помисли дека сакам некој да се амнестира од одговорност, ќе напоменам дека за ова се “заслужни” сите влади во овие речиси 29 години независност.

Не е тоа односот кои го заслужуваат најдобрите уметници. А, особено не таков однос од оние кои три години владеат со лаги, измами и криминал. Па, нели блескавме, а во незатоплената сала, во тој запуштен крш, единствено што блескаше беше талентот на Трпчевски.

Несфатливо е како може владата да одвои 2 милиони евра за икебани и цвеќиња, а не може да одвои 200 илјади евра за затоплување на салата во текот на зимата.

Барем да “бркнеа” во тоа милионите од Луи Витон куферите и да издвоеа за подобри услови за уметниците. Ама пустото, кога им лепи раката … тоа е.

Затоа, можеме да ги смениме работите со тоа што ќе ја смениме оваа власт. А, одговорноста доаѓа на 12 април. Заев никогаш повторно! Напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

(Видео) Спектакуларен гpaбеж во Лондон: Со автомобил влетаа во златара, па со чекан ги kpшеа ветрините

Надзорните камери снимиле спектакуларен гpaбеж во златара во Лондон.

Бен Вегенер (34) со двајца соучесници прво со „Ленд ровер“ влетал низ прозорецот, а потоа со чекани ги paзбивале витрините и земале тоа што стигнале. Насекаде летале ckpшените стакла, а kpaдците само ги собирале часовниците и накитот. Има сомнежи дека kpaдците однеле накит во вредност од 10-на илјади фунти.

Како што се наведува, Вегенер веќе бил во затвор 10 години поради неколку крволочни дела, а ниту овојпат не е толку далеку од тоа затоа што бил уапсен веднаш по грабежот.

На снимката може да се види и како неколку случајни минувачи ги бркаат крадците.

Сепак, двајцата соучесници сè уште се во бегство.

За среќа, во инцидентот немало повpeдени, а полициjaта известила дека во истоимениот гpaбеж бил користен ykpaден автомобил.

Погледнете го видеото:

Откријте уште колку луѓе го имаат вашето презиме и каде живеат

Сметате дека имате несекојдневно и единствено презиме, но сигурно барем еднаш во животот сте се запрашале колку луѓе во светот го носат вашето презиме.

Новата интернет страница „Ворлд Нејмс“ („World Names“) нуди одговор на ова прашање.

Откако на страницата http://worldnames.publicprofiler.org ќе го напишете вашето презиме и вашата и-маил адреса, од базата на податоци ќе се прикаже бројот на лица кои имаат исто презиме како вашето и во кои држави живеат.

Освен на оваа страница, вашето презиме можете да го проверите и на страницата Forebears.in. Во базата на податоци на оваа страница има 11 милиони презимиња, пишува „Ајриш Екзаминер“.

На оваа страница постои и опција со која можете да дознаете и занимливости за вашето презиме, како и негови варијации.

Три хороскопски знаци кои важат за најдобри мајки

Астролозите ни откриваат кои знаци во хороскопот важат за најдобри мајки и кои притоа му овозможуваат уникатно искуство на нивното дете, создавајќи топол хармоничен дом со нивната одговорност и балансираност.

Еве за кои 3 хороскопски знаци станува збор:

1. Вага

Вагите вообичаено се многу забавни. Од нив децата може да ја очекуваат најдобрата родителска поддршка. Како мајки, Вагите обожаваат да го пренесуваат сето нивно знаење на нивните најмили, при што паралелно важат и за најдобри учители.

2. Рак

Раковите се многу сентиментални со нивните деца, при што уште од раѓање се спремни да направат сè за истите. Децата вообичаено поминуваат дури повеќе време со мајката- припадничка на овој хороскопски знак, бидејќи ја обожаваат нејзината топлина и грижливост.

3. Девица

Од мајката Девица, децата најдобро учат како да се справат и снајдат во тешки ситуации. Воедно, иако ќе бидат уште од мали научени на ред и дисциплина, што како деца нема да им се допаѓа, кога ќе пораснат ќе сфатат дека тоа било најдоброто за нив.

Видео: Едно пишуваат друго прават, Љупчо Николовски „дивее“ по кафани

Откако вчера им испрати на партиските функционери наредба да не одат во кафеани, Љупчо Николивски денес самиот ја прекрши сопствената одлука.

Имено на видеото поставено на youtube се гледа како Николовски кој е генерален секретар на СДСМ дивее во кафеана.

Извор: kurir.mk

(Видео) Конечно насмевка на лицата на луѓето – дождовите ги ублажија пожapите во Австралија

Интензивните врнежи, проследени со грмежи, ги ублажија денеска пожapите во австралиското источно крајбрежје, што донесе олеснување на уморните пожapникари и фармери кои со години се борат против сушата, но и организаторите на првенствата на тенис во Австрлајија, кои почнуваат следната недела.

Австралија, позната по својата неопрена природа и плажите од септември се бори со пожapите.

Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд, се држави кои се најтешко погодено во пожapите и cyшите, а сега со задоволство ги дочекаа дождовите, иако пожapникарите предупредуваат дека тие нема да ги изгаснат сите пожapи, но значително ќе допринесат во нивното скротување, пренесува Ројтерс.