дома блог страница 2833

Лука Андpиески најсреќен за Водици во Ново Лагово: Го чекале градоначалникот Илија Јованоски, но не се појавил (Фото)

Празникот Богојавление – Водици традиционално се празнува во речиси сите населени места во прилепско.

Во населеното место Ново Лагово најсреќен беше Лука Андриески кој прв стигна до светиот крст.

На одбележувањето на празникот не дојде актуелниот градоначалник Илија Јованоски. Верниците го чекале, но Јованоски не се појавил и не ги удостоил со неговото присуство.

Наместо Јованоски, во Ново Лагово беше поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, кој како и во годините додека беше градоначалник и понатаму ги посетува населените места за Водици.

“Честито на Лука Андриески од Ново Лагово. Му посакувам здравје, среќа, успех, бериќет, него и на неговото семејство. Убава и вековна традиција насекаде во Македонија на ден Богојавление. За многу години да е! Бог се јави!”, напиша Ристески на Фејсбук.

(ФОТО) Комити со најубава кореографија за Водици покрај Вардар: “Да живее Македонија”

“Бог се јави! Навистина се јави! За многу години Македонци!”, порачаа од навивачката група “Комити” кои објавија фотографии кај реката Вардар со шалови на кои пишува “Боже чувај ја Македонија” и транспарент кој гласи “Да живее Македонија”.

Македонците верни на традицијата и верата секаде во светот: Празникот Водици одбележан во црквата Св. Никола во Мајнц (ФОТО)

Големиот христијански празник Богојавление – Водици се празнува и во македонските заедници ширум дијаспората.

Македонците верни на традицијата и верата насекаде низ светот во светите храмови се собираат и празнуваат.

Така било денеска и во дворот на црквата Св. Никола во германскиот град Мајнц, каде живее голема македонска заедница.

Од фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа дека голем број нашинци биле присутни на одбележувањето на празникот, а голем број дечиња скокнале по светиот крст.

Владимир Мантароски две години по ред прв до светиот крст во населеното место Големо Коњари (Видео)

И оваа година празникот Богојавление – Водици традиционално се одбележува и во прилепските населени места.

Меѓу учесниците во населеното место Големо Коњари, најсреќен и прв кој стигна до светиот крст беше Владимир Мантароски кој и минатата година прв го извади крстот од водите.

Кристијан го фати светиот крст од Вардар: „Минатата година ми донесе синче, здравје и среќа, тоа го посакувам на сите“

Најсреќниот учесник на Водици е 26-годишниот Кристијан Ниневски од Скопје кој го извади крстот од водите на Вардар.

Светиот крст беше за кратко време изваден од реката.

-Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија и тоа им го посакувам на сите. Посакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите да го почувствуваат ова чувство. Икона, библија, крст, ланче добив минатата година како подарок, кажа Кристијан.

Петар Атанасовски по втор пат во три години прв стигна до светиот крст во Битола (ФОТО/ВИДЕО)

17 годишниот Петар Атанасовски од Битола го фати светиот крст во осветените води во базенот на соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“.

Од околу 50-та кои учествуваа во оваа верска традиција најсреќен беше Петар Атанасовски кој досега учествувал три пати и по втор пат го фаќа крстот.

Прекрасно! Осветување на водите на Охридското Езеро: Варошанецот Петар Рупески најсреќен меѓу неколку стотини верници (Фото/Видео)

30-годишниот Петар Рупески од Варош беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро, осветени на големиот христијански празник Богојавление – Водици, денот кога во реката Јордан Свети Јован Крстител го покрстил Исус Христос.

Рупески, годинава, светиот крст го фаќа по петти пат.

На чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро што го спроведоа великодостојници на Дебарско-кичевската епархија присуствуваа десеттина илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство, меѓу кои и делегации на збратимените градови на Охрид.

Филип Стојаноски по втор пат го фати Светиот крст во Прилеп (ФОТО)

Дваесет и седум годишниот Филип Стојаноски го фати светиот крст од водите на базенот во Аква паркот “Салида” во Прилеп.

Од 110 учесници, меѓу кои и 6 девојки, Филип по втор пат успеа прв да стигне до светиот крст.

Ова е негово 8 учество, а прв пат крстот го фати пред 4 години.

Филип Стојаноски е вработен во АРМ.

(Видео) Прилепчани до последно место го исполнија храмот Св. Благовештение

Со утринска литургија која започна рано утринава во 04.00 часот во сите храмови во Прилеп започна одбележувањето на празникот Богојавление – Водици.

Според традицијата веднаш по завршувањето на литургијата во дворовите на сите цркви се одржа и Богојавленскиот водосвет.

Прилепчани верни на традицијата го исполнија до последно место дворот на храмот Св. Благовештение.

Најпознатата видовита прилепчанка: Кај неа иделе голем број луѓе, па дури и од Америка, Австралија и Канада

Живот: Најпознатата видовита прилепчанка

Јасновитка и бајачка за болести, несреќи, уплав, уроци

Светот ја знае видовитата Баба Ванѓа од Струмица, која почина 1996 година. Само година пред тоа, 1995, во Прилеп животот го заврши Ѓурѓа Митреска, позната како Баба Јулија. На неа и ден – денес се сеќаваат многу сограѓани кои поради својата мака биле кај неа. Од нејзините потомци има малкумина, а најблиски се внуката Ратка Митреска – Симјаноска со синот Стевица, жители на Гостивар.

-Баба ми почнала со гледање во млади години. Некаде по смртта на мажот и’, дедо ми Крсте, и’ дошло на сон дека има таква дарба, моќ и треба да им помага на луѓето. Гледаше за уроци, стока, брачни другари без деца… Живееше во едно мало сопче и таму ги примаше несреќните луѓе. Гледаше на карти, кафе. Ја почитуваа и стари млади и образовани луѓе. Сите кои идеа и веруваа во видовита жена. Идеше многу народ. По сите ѕидови имаше наредено многу икони. Татко ми Диме по нејзината смрт сите ги подари в црква. Идеа не само од Прилеп и околината, ами и од други градови. Дури и иселеници од Австралија, Америка. Канада. И мене ми гледаше. Ми рече: ,,Немој да очекуваш некое големо богатство. Ќе се омажиш настрана во средно, скромно семејство, но нема да страдаш за основни работи – храна и слично,,. И така, ми погоди. Идеа секакви, мажени, женети, разведени, скарани, деца што немаа… Други за стока, крави, овци, кози… Носеа малку трици и на нив таа баеше за да оздрават – се сеќава Ратка.

Луѓето биле задоволни и давале разни подароци за благодарност, сирење, јајца, кокошки, петли, месо… Дури некои пари оставале. Имала утврден работен ред и не отстапувала никогаш. Во петок, недела и празник не гледала. Сите други денови била на располагање од разденување до стемнување. Дури имало сонце. И, толку. Имала некоја чудна моќ и дарба. Од неа излегувала силна енергија. Само да излезела и се појавела од вратата, луѓето наредени во редица во дворот прекинувале со разговор и го чекале нејзиниот збор. Кого ќе викне в соба? Секој се надевал дека е следниот што ќе го ислуша. Имала таков авторитет што никој никогаш не и приговрал, дури и ако го врати и му рече да дојде другпат.

-Беше интелигентна жена, иако без образование. Родена во Дупени, Ресенско, кога било Илинденското востание во 1903 година, само две-три години посетувала училиште колку да ги научи буквите и бројките. Такви биле околностите во тоа тешко време. Во семејството биле четири сестри, а имале и прибрат. Така, самоука била за сé. За домашни работи, за готвење секакви јадења, за сучење и месење… Лесно комуникативна со сите. Уште во детството се дружела со Гркинки и Влаинки. Мошне добро зборуваше и грчки и влашки, но и турски разбираше. Се омажила млада, на 16 години. Мажот í, мојот дедо Крсте, млад починал. Имале ќерки Радмила, Блага и Драгица, синови Александар и Диме, татко ми. Сестрите Радмила и Блага рано починале, а во 1959 и Драгица, поради некаква инјекција за сипаници по месец ипол боледување починала на 22 години. Секогаш убаво, модерно облечена, ја забележувале на игранките во Соколана. Паметам Александар, кој умре на 36 години, во 1976 година. Десетина години беше тешко болен. За него се грижеше баба ми докрај – раскажува до детали, Ратка.

Целиот текст прочитајте го на “ЗЕНИТ”