(Фото) “Мистериозни дупки” се појавуваат насекаде низ Прилеп?

Наши читатели постојани ни испраќаат фотографии од комунални дефекти низ градот, а пораките постојано се идентични, да се апелира до локалната самоуправа и јавните претпријатија да ги санираат проблемите.

Такви се и овие фотографии од шахта кај мостот Табана, во непосредна близина на училиштето “Кире Гаврилоски-Јане”, која лесно може да го загрози движењето на граѓаните.

Граѓаните реагираат локалните власти да посветат повеќе внимание на комуналните проблеми, затоа што ова е само еден од големиот број дупки низ градот.

Кога сме кај дупките и оштетувањата на улиците, ќе потсетиме и на онаа во урбаната населба “Гоце Делчев”.

Новогодишната желба на жителите од урбатана населба Гоце Делчев од Прилеп: Од Дедо Мраз бараат само едно… (ФОТО)

“Новогодишната желба” на жителите од улица Октомвриска сеуште не е остварена….




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.