дома блог страница 2799

Има 107 години и сѐ уште вози: Редовен сопатник му е неговата 99-годишна вереница (Видео)

Џо Њуман е 107-годишен човек од Сарасота во Флорида и е еден од најстарите возачи во САД и во светот.

Неговата приказна неодамна стана вирална на социјалните мрежи и медиумите ширум светот.

Замислете тој сеуште вози, а неговиот автомобил е црвен кабриолет. Џо е возач повеќе од 90 години и се’ уште успева лесно да ја продолжи својата возачка дозвола.

„Секако дека сум добар возач“, изјави 107-годишниот Џо за медиумите. Неговата вереница, кого со задоволство се вози наоколу, која наскоро ќе го прослави својот 100-ти роденден, се согласи со неговата изјава.

Леброн и Јанис ги избраа своите тимови: Еве кој ќе игра на НБА “Oл стар” натпреварот

Леброн Џејмс знае колку е вреден Ентони Дејвис, па токму затоа го избра својот тимски колега на Лејкерс прв во „драфтот“ за Натпреварот на ѕвездите.

Втора година по ред, Џејмс и актуелниот МВП на лигата, Јанис Адетекумбо, како капитени на двата тима во „Ол стар“ натпреварот ги избраа своите состави, избрани по гласовите на навивачите и тренерите во НБА. „Кралот“ ќе бара трета победа како капитен на 16 февруари во Чикаго. Како играч со најмногу гласови од фановите, Џејмс имаше можност да го направи првиот избор и не се двоумеше да го избере Дејвис.

„Знам дека сите сте изненадени“, рече тој за време на изборот што се емитуваше директно на телевизија.

Адетекумбо се запре на Камерунскиот центар Џоел Ембид, кој гонарече „мојот африкански брат“, за првиот избор.

Потоа, Џејмс ја презеде ѕвездата на градскиот ривал, Л.А. Клиперс, Каваи Ленард, додека Адетекумбо, грчки државјанин со нигериско потекло, избра друг Камерунец, Паскал Сикам, од шампионот Торонто Рапторс. Џејмс ризикува со неговиот следен потег со избирање на Лука Дончиќ од Далас Маверикс, и покрај тоа што словенечката ѕвезда во подем, моментално лекува повреда на глуждот. „Кралот“ за последен стартер го избра лидерот по бројот на постигнати поени сезонава Џејмс Харден од „ракетите“ на Хјустон, додека Jанис ги надополни своите пет најдобри со Кемба Вокер од Бостон Селтикс и Треј Јанг од Атланта Хокс.

Кога стигнаа до резервите, Адетекумбо отвори со неговиот тимски колега од Милвоки Бакс, Крис Мидлтон, додека Џејмс го избра Дамјан Лилард од Портланд Трејблејзерс. Во тимот на Јанис се најдоа и Бам Адебајо и Џими Батлер (Мајами Хит), Руди Гоберт и Донован Мичел (Јута џез), Кајл Лори (Торонто Рапторс) и Брендон Инграм (Њу Орлеанс Пеликанс).

Џејмс ги додаде Бен Симонс (Филаделфија 76-еrs), Никола Јокиќ (Денвер), Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс), Крис Пол (Оклахома Сити Тандер), Расел Вестбрук (Хјустон Рокетс) и Домантас Сабонис (Индијана пејсерс).

„Нема погрешен избор. Има причина зошто сите тие се во Натпреварот на ѕвездите“, рече Џејмс.

Од НБА лигата минатата недела објавија дека на „Ол стар“ викендот ќе му се оддадепочит на легендата на играта Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џана и седум други жртви на хеликоптерската несреќа во близина на Лос Анџелес на 26 јануари. Тимот Леброн ќе носи маици со број 2 – број што го носеше ќерката на Брајант за својот кошаркарски тим. Тимот Јанис ќе го носи бројот 24 во чест на Коби. Сите екипи ќе имаат девет sвезди за да ги одбележат жртвите од несреќата.

(Видео) Градоначалникот на Новаци му сугерираше на Трипуновски да вели “Р. Северна Македонија”, a земјоделците го исвиркаа

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузмановски, вечерва беше исвиркан од своите сожители откако се обиде да го „поправи“ дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски, потсетувајќи го дека како министер требало да го користи името Република „Северна“ Македонија – објави “Инфомакс.мк”.

Додека траше посетата на Новаци каде пред земјоделците се обрати дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски, кој секојдневно е на терен каде ги слуша проблемите со кои се соочуваат фармерите, градоначалникот се обиде да го поправи укажувајќи му дека не го користел „Северна“ во името Р.Македонија.

На ова жестоко реагираа присутните земјоделци кои го исвиркаа градоначалникот и му порачаа дека „никогаш нема да биде Северна“ туку само „Македонија“.

Извор: “Инфомакс”

ВИДЕО: Мизрахи ја врати старата табла без „Северна“ и одржа прес-конференција

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи вчера одржа конференција за медиумите на која написот Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија беше сменет со Република Македонија.

На конференцијата министерката зборуваше за проблемите со децата без родители, но не ја прокоментира оваа промена.

Децата не можат да одат на училиште, невозможно е да се движиш пешки: Улица во 21 век во Прилеп (Фото)

Жители од улицата “Тоде Дупјацанец” во Прилеп ни испратија фотографии од катастрофалната состојба на оваа улица.

Снегот и врнежите од дожд им се ноќна мора, а нивните деца не можат да одат слободно на училиште.

“Невозможно е пешки да се помине, а да не се извалкаш, бараме локалните власти итно да го решат нашиот проблем”, велат жителите од оваа улица.

Тие додаваат дека поради ваквите услови на улицата не доаѓа ниту такси.

Легендарниот Кирк Даглас донирал помош од САД за децата од Егејска Македонија (Фото)

Холивудската легенда Кирк Даглас на сликан околу 1947 година, дистрибуирајќи кутии со училишни предмети на децата во Егејска Македонија во рамките на Планот за помош на САД, кон крајот на грчката граѓанска војна (1945-1949).

Кирк Даглас почивај во мир! #RIPKirkDouglas, пишуваат од Обединета македонска дијапора на Твитер.

Ajде хумана Македонијо! Да помогнеме сите заедно за ова мало ангелче да има нормално детство

На Сандра и е дијагностициран Миелодиспластичен синдром (MSD), група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките на коскената срж, односно не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави.

Сандра се наоѓа во Yeditepe University Hospital, Педијатрискиот центар за трансплантација на матични клетки во Истанбул, Турција.

-На 26-ти април 2019 година и’ беше извршен зафат на трансплантација на коскена срцевина од донатор кој не е во крвно сродство, бидејќи тоа е единствениот лек за Миелодиспластичен синдром кај деца. Меѓутоа, по зафатот, Сандра разви стероидно зависна хронична болест калем-против-домаќин (graft versus disease GVHD) на долниот гастро интестинален тракт и на црниот дроб. Вообичаен третман за лекување е пресадување на коскена срж од сроден или несроден донор, зафат кој заедно со сите пропратни испитувања, третмани и престој на потесното семејство на клиниката, чинеше повеќе од 200.000 евра, обезбедени од сопствени средства, кредити, позајмици од роднини, пријатели и добронамерници. Третманот што ветува искоренување на GVHD синдромот ќе чини поеќе од 100.000 евра дополнителни средства, за кои немаме други опции да ги обезбедиме, апелираат од семејството.

Сите хумани и добронамерни луѓе кои се во можност да помогнат, истото можат да го сторат на следниот начин:

070-143-127

200002729851107 MKD

банка: Стопанска банка АД Скопје

SWIFT CODE:STOBMK2X

IBAN: MK07200002729853241 EUR

beneficiary: Lenche Nicheska

адреса: село Коњско, Охрид

Зeмjoтpec во Барселона: Меси постави ултиматум! Еве кои се неговите барања

Лео Меси и постави ултиматум на Барселона, пренесува “Чирингито”. Овој извор малку греши кога се работи за ситуацијата на Камп Ноу.

Наводно Меси на сите јасно им ставил до знаење дека клубот може да бира: “Или јас или претседателот Џозеп Бартомеу”.

(Видео) Вакво милениче може само да посакате: Пумата Меси ужива да се тушира

Maчките се исклучително педантни и чисти животни. Во состојба се долго самите да се чистат, додека не станат сигурни дека се целосно чисти. Сепак, без оглед на нивната педантност, доколку имате мачка како домашен миленик, тогаш јасно ви е колку тие сакаат вода.

Меѓутоа, популарниот Меси е сосема поразличен:

Срамота! Жителите од прилепските села сами со трактори се справуваат со снегот

Мештаните од прилепските села Канатларци, Подмол и Ерековци сами се борат со снегот и сами ги расчистуваат патиштата.

Разочарани од надлежните тие со сопствена механизација и трактори се справуваат со снегот, за како што велат да можат да појдат до градот и да се снабдат со намирници.

Ова е дел од состојбата во овие населени места: