(Видео) Градоначалникот на Новаци му сугерираше на Трипуновски да вели “Р. Северна Македонија”, a земјоделците го исвиркаа

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузмановски, вечерва беше исвиркан од своите сожители откако се обиде да го „поправи“ дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски, потсетувајќи го дека како министер требало да го користи името Република „Северна“ Македонија – објави “Инфомакс.мк”.

Додека траше посетата на Новаци каде пред земјоделците се обрати дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски, кој секојдневно е на терен каде ги слуша проблемите со кои се соочуваат фармерите, градоначалникот се обиде да го поправи укажувајќи му дека не го користел „Северна“ во името Р.Македонија.

На ова жестоко реагираа присутните земјоделци кои го исвиркаа градоначалникот и му порачаа дека „никогаш нема да биде Северна“ туку само „Македонија“.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.