дома блог страница 2798

(Видео) Путин и Лукашенко ги прекинаа преговорите и заминаа да играат хокеј

Претседателот на Русија Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко ги прекинаа преговорите за да одиграат натпревар во хокеј во Сочи.

Лидерите на двете држави играа за иста екипа. Путин според традицијата играше во дрес со број 11, а Лукашенко во бројот 1 во боите на белоруското знаме.

Путим даде три гола. Мечот заврши во корист на тимот во кои играа Путин и Лукашенко со убедлива победа од 9:3 конечен резултат.

Претходно беше објавено дека Путин и Лукашенко разговарале во четири очи за голем број теми од заеднички интерес.

Прилепчанецот Матеј Белистојаноски е петти на Европското првенство за кадети

Одличен настап на Матеј Белистојаноски на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Будмипешта, Унгарија, кој на крајот е петти во борби во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција.

Вистинска штета за Матеј што не освои медал, иако два пати имаше шанса, во полуфиналето и во репасажот во борбата за борнза. Белистојаноски загуби идентично 0-1 и во полуфиналето и за бронзата. Медалот ќе беше круна на одличните настапи што ги имаше во 2019 година.

-52 кг : Матеј Белистојаноски – Нико Форштунгер (Лихтеншатјн) 1-0; Матеј Белистојаноски – Александер Опас (Полска) 2-1; Матеј Белистојаноски – Даниел Хавличек (Чешка) 1-0; Матеј Белистојаноски – Арон Себок (Унгарија) 3-0
Полуфинале
Матеј Белистојаноски – Мер Газарјан (Ерменија) 0-1
За бронза
Матеј Белистојаноски – Мерт Халиџи (Турција) 0-1

Извор: Ipon.mk

(Видео) Неверојатна глетка: Авион лета, а позади него создава виножито

Боинг 777-2ДЗ од компанијата “Катар еврејс” летајќи над австралискиот град Брисбејн направи неверојатна глетка. Млазните мотори оставаа трага на небото во бои на виножито.

Трагот кој го остава авионот е облак цирус кој го создаваат моторите. Кога водената пареа во облик на капки се собира околу честичките земја, чад, полен и сол кои летаат на небото, настануваат облаци. Водената пареа која излегува од моторот на авионот, заедно со издувните гасови со несогорените честички на чадот, исто така формираат облаци. Млазните авиони летаат на висина каде воздухот е многу ладен, до -57 степени, водената пареа која излегува од моторот се смрзнува за неколку секунди и така настанува долг замрзнат облак. Тој облак се нарекува кондензационен облак.

До каде дојдовме? Најстарата црква во Прилеп се прикажува како бугарска

На Фејсбук страната “Македонски Бугари” (Macedonian Bulgarians / Македонски Българи) oбјавена е најстарата црква во Прилеп, Св. Благовештение или Стара црква, за која пишува дека е била дел од бугарското културно наследство.

Црквата е изградена од познатите прилепски мајстори Коста Лауцо и Ристе Тасламиче во 1838 година, но според оваа објава тие биле Бугари прилепчани, иако тогаш немало бугарска држава, односно Бугарија својата независност од Османлиската империја ја прогласила дури во 1908 година, а бугарското кнежество датира од 1878 година.

(Видео) Кинезите за десетина дена изгpaдиja и втopa бoлницa

За десетина дена втората болница за заболени од коронавирус е изградена во градот Вухан. Кинеските медиуми пишуваат дека болницата веќе работи.

„Болницата Лејшеншан, уште еден новоизграден објект специјално дизајниран за лекување на пациенти заразени од коронавирус, официјално е отворена денеска. Има 1.600 кревети и вработува околу 2.000 медицински персонал“, објави кинескиот државен весник Глобал Медиа на Твитер.

Неодамна првата кинеска болница за пациенти инфицирани од коронавирус се отвори во близина на Вухан. За два дена, работниците и волонтерите работеа на реновирање на испразнетата зграда во здравствена установа во која има 1.000 кревети.

(Хит видео) Поради непроодните патишта морало 12 часа да останат во кафана: Погледнете каква забава направиле

Голема снежна покривка предизвика пpoблeми во голем број српски села.

Сепак, мештаните на село Братљево не дозволија тоа да им создаде главоболка, туку одлучиле во весела кафанска атмосфера да ги дочекаат утринските чистачи, пишува Инфолига.

Веселото друштво се собрало во кафана, каде со пијалок и песна ја поминале цела ноќ.

(Видео) Директор “фатен” како kpaде чоколади во маркет

Ckaндалозното однесување на екс директор на Агецијата за јавни набавки во Србија, Бранко Јанковиќ, е забележано од безбедносните камери во една бензиска пумпа.

Имено, Јанковиќ, кој беше директор на Агенцијата во периодот кога градоначалник на Белград беше Драган Џилас, во моментот кога продавачот излезе од продавницата, зеде неколку чоколади.

Започна да ги става во панталоните и во џебовите, иако до него стоеше човек кој тукушто влезе во продавницата.

Сите го сакаат: Овој тепих е толку популарен што има свој Инстаграм профил (ФОТО)

Црно-белиот тепих со украсни мотиви од северот на Африка е новото омилено парче на вљубениците во ентериерот.

Станува збор за ефектен тепих од француски бренд, познат по тренди парчињата кои се со достапни прифатливи цени.

Интересниот тепих со мотиви од народот Бербери кои го населуваат сахарското подрајче на северна Африка изнесува 99 фунти. Поради неутралниот дијазн и класични комбинации на бои одлично се вклопува во секој ентериер.

„Afaw“ тепихот толку брзо стана популарен што има и свој Инстаграм профил.

(Видео) Се сеќавате на Бамби? Милото срнче кое е домашен миленик во кичевско Белица порасна

Живописното село Белица е едно од најубавите во кичевско. Природните убавини и богатата флора и фауна се како магнет за секој вљубеник во природата.

Срнчето Бамби од кичевското село Белица стана вистинска интернет сензација. Семејството чиј миленик е слаткиот Бамби објави ново видео од милото животнo, но сега Бамби е пораснат во мало еленче.

Инаку срнчето Бамби самото дошло во домот на ова семејство, а тие со голема љубов и внимание го одгледуваат во нивниот дом.

Уживајте во глетката:

(Фото) Не била само една улица: Прилепски улици како во Африка

Oткако жителите на улицата “Тоде Дупјачанец” ни испратија фотографии од катастрофалната состојба во која се наоѓа улицата, фотографии пристигнаа и од жители од улицата “Братство единство”.

Кал и вирови се секојдневие и на жителите од оваа улица која се наоѓа на околу 800 метри од строгиот центар на Прилеп.

Жителите велат дека проблемот го имаат цели 30 години и бараат итно асфалтирање на улицата од локалните власти.

Фотографии пристигнуваат и од други улици од сите градски населби и за истите ќе апелираме во периодот кој следи.

Во продолжение погледнете ја уште еднаш веста за улицата “Тоде Дупјачанец”:

Децата не можат да одат на училиште, невозможно е да се движиш пешки: Улица во 21 век во Прилеп (Фото)