Децата не можат да одат на училиште, невозможно е да се движиш пешки: Улица во 21 век во Прилеп (Фото)

Жители од улицата “Тоде Дупјацанец” во Прилеп ни испратија фотографии од катастрофалната состојба на оваа улица.

Снегот и врнежите од дожд им се ноќна мора, а нивните деца не можат да одат слободно на училиште.

“Невозможно е пешки да се помине, а да не се извалкаш, бараме локалните власти итно да го решат нашиот проблем”, велат жителите од оваа улица.

Тие додаваат дека поради ваквите услови на улицата не доаѓа ниту такси.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.