дома блог страница 2800

(Видео) Струја излегуваше од снегот во центарот на Прилеп

Kaбел од канделабра која беше уништена пред извесно време, синоќа предизвика паника кај случајните минувачи во центарот на Прилеп.

Канделабрата која се наоѓа веднаш до “Реклами”, пред извесно време беше уништена, а од тогаш до денеска местото каде стоеше истата беше изолирано со пластична цевка.

Снежните врнежи синоќа веројатно предизвикаа спој на кабелот, па се гледаа искри и се слушаше звук на пукање.

Полицијата го обезбедуваше просторот неколку часа, а потоа стигна екипа од ЕВН и го санираше дефектот.

На тромеѓето Србија-Бугарија-Македонија има големи количини на злато: Досега најдени 19,3 тони

Канадската фирма „Медголд“ уште од порано наговестува дека во Јужна Србија има наоѓалишта на племенити метали.

Српски „Новости“ пишува дека на самата граница (тромеѓето) Србија-Бугарија-Македонија има големи количини на злато.

Фирмата информира дека на само една локација пронашле околу 7 милиони тони руда, со околу 680.000 унци, односно 19,3 тони злато вредно повеќе од милијарда долари. Испитувањата продолжуваат.

Извор: “Lider.com.mk”

(Видео) Еве колку пари би чинела изградбата на пирамидите доколку започне денес

Стоунхенџ, Таџ Махал, пирамидите во Гиза – сето ова се неверојатни историски споменици и импресивни инженерски потфати.

Но сте се запрашале ли колку би чинела нивната изградба денес? На пример, Големата пирамида во Гиза е изградена пред околу 4.000 години. Направена е од 2 милиони камени блокови, од кои секој тежи по 2,3 тони. Биле потребни илјадници работници и 30 години за да заврши нејзината изградба.

Денес, овој подвиг би чинел неверојатни 1,2 милијарди долари.

Снегот си има и своја убавина: Прекрасна снежна бајка во Прилеп (Фото)

И колку да ни создава проблеми во извршувањето на секојдневните обврски, и покрај нерасчистените локални и регионални патишта, снегот си има и своја убавина.

Еве неколку кадри од Прилеп кои го прикажуваат целиот раскош на зимата:

Пожap во куќа на улица “Цане Коњарец” во Прилеп

На 05.02.2020 во 02.10 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп, од Теритopиjaлната пpoтивпожapна единица Прилеп било приjaвено дека настанал пожap во куќа на ул.,,Цане Коњарец“ во Прилеп, сопственост на Т.Т.(58), при што била опожapeна кpoвната конструкциja.

Според приjaвеното, А.Т., синот на сопственикот, се качил на таванот да го гасне пожapoт, но притоа паднал и се повpeдил на левата нога.

Тој бил пренeceн во бoлницaтa во Прилеп за укажување лекapcка помош. Пожapoт бил изгacнат од екипа на Териториjaлната пpoтивпожapна единица Прилеп, а увид на местото извршила екипа од Полициckaта станица Прилеп.

Владината пропаганда зариба: Лажна е информацијата дека се апcaт соработници на Чулев

Дел од медиумите блиски до власта објавија дека во тек се aпceњa на високи полициски службеници во Министерството за внатрешни работи, од екипата на Наќе Чулев.

Како што дознава порталот КУРИР, лицата кои се yaпceни се вработени за кои се постапува по наредба на Јавно обвинителство, а не се блиски до министерот Чулев.

КУРИР дознава дека yaпceните се лица вработени во секторот “прикриен kpиминал“, што е дел од БЈБ кој е под контрола на дополнителната заменичка Славјанка Петровска.

(Видео) Некогаш се одело пешки од Сибир до Аљаска: Еве што ќе откриеме ако исчезнат океаните

Океаните покриваат најголем дел од површината на Земјата. Научникот Џејмс О’Донхајо при обработката на видеото од НАСА од 2008 година покажа како би изгледал светот кога би исчезнале океаните.

Џејмс работи во јапонската вселенска агенција, а претходно бил дел од НАСА. При обработката на анимацијата додал уште неколку информации.

Километарски колони на Плетвар: Возачите сведочат дека се заглавени неколку часа (Фото)

На патниот правец Прилеп – Кавадарци, после планинскиот премин Плетвар, од с. Беловодица до С. Тројаци, во должина од 4км. сообраќајот се одвива со повремени прекини поради силен ветер и поголеми намети на снег на коловозот. Екипите на Ј.П.Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот – информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

Граѓани на социјалните мрежи сведочат дека неколку часа се заглавени на Плетвар.

Цело прилепско блокирано: Жителите од прилепските села заробени од снегот (Фото галерија)

Снежните врнежи во изминатите 24 часа се чини по којзнае кој пат ги изненадија властите, иако беа први врнежи од снег оваа година.

До нашата редакција денеска пристигнуваат фотографии од повеќе населени места во прилепско, од каде жителите велат дека се отсечени од реалниот свет.

Ова е состојбата по патиштата:

Мариово

Канатларци-Подмол

Ерековци-Канатларци

Што ли ќе се случеше доколку продолжеше да паѓа снег?

Чак Норис може вода да им носи: На конкурс во Македонски шуми во Кичево примени жени како сечачи и дотурачи (ФОТО)

Груба манипулација со јавноста е направено од страна на Македонски шуми во Кичево овие денови откако е објавено дека на конкурсот за сечачи и дотурачи се примени три жени.

Од тука се поставува и прашањето дали кичевските жени спремни како мажи?

Дали некој од раководители треба да има одговорност за оваа груба манипулација што ја прави македонски шуми и ги лаже луѓето, останува да видиме.

Но треба да се напомене дека овие луѓе треба да вадат норми на своите работни места.