дома блог страница 2781

(Фото) Со премиерата на комедијата “Лажговци” започна одбележувањето на 70 години театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп

Со премиерата на претставата „Лажговци“ во режија на Коле Ангеловски синоќа (17.02.2020 ) започнаа активностите за одбележување 70 години театар „Војдан Чернодрински“ кои ќе траат до 23 февруари.

На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на општина Прилеп Илија Јванооски и заменик министерот за култура г-н Владимир Лазовски.

На почетокот на присутната публика и се обрати директорот на Центарот Рубинчо Белчески кој посочи дека Театарот е насушно потребен.

– Од сите уметности само театарот е директен посредник со публиката. Тој е светлина сам по себе, што свети од сите страни и е препознатлив за секој човек. Театарот потребно е да e различен, а нашиот театар низ децениите растејќи, развивајќи се беше различен….Нашиот и ваш театар, преку претставите отвора вистински прашања, коментира, просветлува, возбудува, открива, воспоставува систем на врендости, бранува. И затоа е во последните години е во врвот на македонскиот театар.

Во седумте децении прикажал околу 350 премиери, односно се одиграни 7000 претстави кои ги гледале на 1,5 милиони луѓе – рече Белчески.

Според градоначалникот Илија Јованоски театарот „Војдан Чернодрински“ е една од институциите со најдолга традиција со која Прилеп и прилепчани се гордеат.

– Во своето повеќедецениско опстојување прилепскиот театар посебен акцент му давал на домашното драмскотот ворештво. На оваа сцена биле поставувани праизведби на текстови од македонски драмски автори… Денеска тетаарот го сочинува тим кој во моментот е врв во македонското глумиште -рече градоначалникот Јованоски.

Заменик министерот за култура Владимир Лазовски честитајќи го јубилејот посочи дека нашиот ансамбл е еден од најрепрезентативните во земјава и во регионот.

– Оваа сцена е драгоцено место кое со генерации грижливо се чува и се надоградува. Од првите почетоци, па до денес Прилеп, со бројните заслужни родени прилепчани кои се дел од втемелувачите на современиот театар, покажа дека има јасно дефинирана оска која овој град со право го бележи како еден од најтеатарските во земјава.Во оваа прилика, би сакал да го поздравам и доајенот Коле Ангеловски со чија премиера вечерва почнува прославата на јубилејот како еден од оние режисери чии наслови, според бројот на изведбите се меѓу најомилените кај публиката. Благодарение на верната прилепска публика, која покрај комедиите ги поддржува и храбрите поставки, бројни автори имаа шанса на оваа сцена да ги реализираат своите проекти со кои потоа стигнаа далеку во меѓународни рамки, афирмирајќи го македонскиот театар меѓу театри од целиот свет. На одбележувањето на 70 годишнината од Театарот „Војдан Чернодрински“, должен сум да укажам дека конечно е започната постапката за обезбедување на документацијата што ќе овозможи реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУЦК „Марко Цепенков“, а се однесува на потребите на театарот. Со тоа, ве уверувам дека, овој талентиран и пожртвуван ансамбл, во скора иднина ќе ги има вистинските услови кои ќе бидат на нивото на нивниот врвен уметнички професионализам – рече заменик министерот Лазовски синоќа на одбележувањето.

Денеска топло до 16 степени, утре дожд и снег на планините

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер.

Утре облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег.

Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне.

Како што соопшти УХМР, утре утринската температура ќе биде од минус три до пет, а дневната од 9 до 16 степени.

Слично време ќе има и наредните денови. Во недела утринската температура ќе биде од минус седум до еден, а дневната од 10 до 18 степени.

(Видео) „Го онадиме судството, се си иб*ло мајката“: Камерата на “Инфомакс” улови интересни одговори од поддржувачите на СДСМ

„Сее си ибало мајката“ буквално со овие зборови нецензурирано ни се обрати еден од поддржувачите на СДСМ кои денеска маршираа за правда барабар со Заев. Тој вели дека нема работа, разочаран е од бегството на yбиeцот на Нешкоски – пишува “Инфомакс”.

Она кое што можеби најмногу фрапираше е согласувањето со Марјан Даскаловски со гореспоменатиот поддржувач на СДСМ. Даскаловски важи за еден од најблиските луѓе од доверба на Зоран Заев, претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица, но и покрај неговата блискост со Зоран Заев тој не можеше да не се согласи со уредникот на Инфомакс за незадоволителното ниво на правда во Република Македонија. Тој не е задоволен од бегството на yбиецот Нешковски.

Во голема мера поддржувачите на Заев не се задоволни со состојбата во правосудството, но имаше и такви кои ги анкетиравме кои на еден или друг начин се обидуваат да ја оправдаат моменталната состојба, па дури и со пофални зборови говореа за премиерот – додаваат од “Инфомакс”.

Покрај членови на СДСМ, како што претходно споменавме камерите на “Инфомакс” уловија и голем број државни и партиски функционери на СДСМ. Сугаревски одмерено и смирено се обиде да објасни дека правдата е спора, но достижна и вложи голема верба во законот за обвинителство.

Истото го кажа и министерот за здравство Венко Филипче кој доби и незгодно прашање.

Погледнете:

ИЗВОР: ИНФОМАКС

(Фото) Изум само за носталгичари: Дали би носеле ваков телефон со вас ?

Иноваторот и инженер Џастин Хаупт, изработи уред за кој може да се каже дека е измеѓу некогашните телефони и современите паметни телефони.

Овој необичен телефон има бројчаник кој се врти со прст и закривен “ePaper” екран, кој на корисникот му ги пружа информациите како што се пропуштени повици и текстуални пораки.

(Видео) “Цела Шутка Ес-Де-Ес” ечеше на “маршот за правда”

Вечерашното фијаско кое го доживеа владеачката СДСМ беше проследено и со комични моменти. “Цела Шутка ЕсДеЕс” ечеше на “маршот за правда”:

Оваа намирница може да ве разбуди побрзо и од кафето

Ако првиот чекор што ќе го направите наутро е да посегнете по шолјата со кафе, можеби ќе се премислите поради следните факти.

Додека будењето со кафе зависи од количината на кофеинот, јаболкото му ја дава на телото енергијата потребна заради природниот шеќер фруктоза и не остава негативни последици врз организмот, тврдат експертите.

Јаболкото е добро и поради фактот што не му паѓа тешко на стомакот, што не е случај со кафето, а исто така не влијае на притисокот. Се разбира, кофеинот во кафето ќе има подобар ефект при самото будење, но придобивките од јаболката не треба да се запоставуваат. Таа ќе го разбуди телото на природен и лесен начин, што нема да предизвика нервоза и недостаток на сон, што може да биде последица од пиењето кафе.

Освен тоа, јаболкото е богато со витамините А, Б и Ц, но и со пектинот, кој во организмот ги апсорбира водата и отровите. Кафето подобро ќе дејствува при будењето, но со можни последици, додека јаболкото е здрав начин за будење на телото.

Александар Николоски најави вонредна прес-конференција за вечерва

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва ќе одржи вонредна прес-конференција.

-Вечерва во 20:30 часот ќе одржам прес конференција на тема зашто се кријат докази од правдата? Следете!, напиша Николоски на Фејсбук.

(Видео) Запознајте го најбројното семејство: Мајката на 44-години го чека 22-то дете (Видео)

Најголемото британскот семејство брои 24 членови – родители, 21 дете, а со нетрпение се очекува и приновата. 44-годишната Сју Радфорд за два и пол месеци ќе го роди 22-то дете.

Гордата мајка на Инстаграм има над 212.000 фанови, а со нив неодамна сподели и фотографија како изгледа во 30-та недела од бременоста.

“Толку сум горда што во мојот стомак расте 22 човечко суштество”, напиша Сју и добри повеќе од 14.000 лајкови.

44-годишната мајка ќе роди девојче.

Со својот 48-годишен сопруг Ноел и 21 дете живеат во куќа со десет спални соби, а единствен извор на приход им е платата од Ноел кој работи како пекар. Покрај тоа добиваат и по 170 фунти неделно како детски додаток.

Tрудољубивоста, работата и љубовта кон татковината се ценат насекаде: Влатко Лозаноски тргнува на турнеја во Америка и Канада

По барање на иселениците во дијаспората, нашата најголема музичка ѕвезда – Влатко Лозаноски – Лозано на почетокот на март заминува на голема турнеја во Америка и Канада. Лозано ќе одржи неколку концерти во најголемите градови каде живеат Македонци, а интересот досега е незапаметен како никогаш досега.

Организаторот на турнејата, вели дека иселениците со нетрпение ги очекуваат закажаните концерти во Чикаго, Колумбус, Детроит, Њу Џерси и Торонто.

– Помина само еден ден откако официјално објавивме дека Влатко има турнеја во Америка и Канада и верувајте дека мојот мобилен телефон не престанува да ѕвони. По се изгледа нашинците ќе го видат Влатко и во неколку други градови во Америка – изјави тој.

Влатко на настапите ќе биде придружуван од неколкумина професионални музичари, а покрај неговите најголеми хитови како „Километри“, „Јако, јако“, „Мајко“, „Ова лето ќе се памети“, „Сонце не ме грее“, „Надеж“, „Не те вадам од памет“ и многу други, на концертите Лозано ќе ги запее и најпознатите македонски народни песни.

– Се радувам што за првпат ќе настапувам пред многубројната македонска публика во Америка и Канада. Наназад низ годините имав доста понуди од таму, но решивме дека сега е вистинско време за една голема турнеја. Со нетрпение очекувам да дојде март и да започнат концертите. Она што е интересно, откако објавивме на социјалните мрежи дека ќе одржам неколку концерти ми пристигнаа и доста пораки од Срби, Босанци, Хрвати и Бугари кои ми кажаа дека ќе бидат дел од публиката – вели Влатко Лозаноски.

Инаку Лозано како што кажавме, важи за најголемата музичка ѕведа во Македонија последниве неколку години. Доказ за тоа беше и преполната спортска арена „Борис Трајковски“ во март, минатата година, потоа следea и концертите низ останатите градови низ цела Македонија, а исто така беше и единствениот македонски артист кој одржа успешен концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Исто важно што треба да се спомене, е тоа што пред само неколку недели, Влатко во Белград на големиот музички настан во Јужна Европа – „МАК“, ја освои наградата за најдобра поп-фолк нумера за целиот регион за песната „Мајко“.

Ajде прилепчани! Да помогнеме сите за ова мало ангелче да има нормално детство

Андреј Ѓорѓиоски од Прилеп роден на 25.02.2015 година мора најбрзо да замине на опеpaциja Colostoma Bipolaris односно да се решат неговите пpoблеми со вapeњето и изнеcyвањето на храната која ја внеcyва.

Опеpaциjaта ќе се изврши во Аџибадем Систина.

Сите сакаат да помогнат ова мало детенце да има нормално детство, истото можат да го сторат на следниот ЛИНК и да донираат.