(Видео) „Го онадиме судството, се си иб*ло мајката“: Камерата на “Инфомакс” улови интересни одговори од поддржувачите на СДСМ

„Сее си ибало мајката“ буквално со овие зборови нецензурирано ни се обрати еден од поддржувачите на СДСМ кои денеска маршираа за правда барабар со Заев. Тој вели дека нема работа, разочаран е од бегството на yбиeцот на Нешкоски – пишува “Инфомакс”.

Она кое што можеби најмногу фрапираше е согласувањето со Марјан Даскаловски со гореспоменатиот поддржувач на СДСМ. Даскаловски важи за еден од најблиските луѓе од доверба на Зоран Заев, претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица, но и покрај неговата блискост со Зоран Заев тој не можеше да не се согласи со уредникот на Инфомакс за незадоволителното ниво на правда во Република Македонија. Тој не е задоволен од бегството на yбиецот Нешковски.

Во голема мера поддржувачите на Заев не се задоволни со состојбата во правосудството, но имаше и такви кои ги анкетиравме кои на еден или друг начин се обидуваат да ја оправдаат моменталната состојба, па дури и со пофални зборови говореа за премиерот – додаваат од “Инфомакс”.

Покрај членови на СДСМ, како што претходно споменавме камерите на “Инфомакс” уловија и голем број државни и партиски функционери на СДСМ. Сугаревски одмерено и смирено се обиде да објасни дека правдата е спора, но достижна и вложи голема верба во законот за обвинителство.

Истото го кажа и министерот за здравство Венко Филипче кој доби и незгодно прашање.

Погледнете:

ИЗВОР: ИНФОМАКС




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.