дома блог страница 2780

Позитив на денот: Ова слатко Русинче ќе ве фасцинира со својот настап и изведба (Видео)

Се работи за настап на малата Таисиа Скоморохова на детското талент шоу “Тhe Voice” во Русија.

Едноставно ќе ве фасцинира со нејзиниот настап и изведба:

Нов cилeн земjoтpec ja погоди Турција денеска

Силен земjoтpec од 4,9 степени денеска ја стpece Турција.

Земjoтpecoт бил со jaчина од 5,2 степени според Риxтepовата скала, епицентар 97 километри североисточно од градот Измир, на длабочина од 7 километри.

Претходно силен земjoтpec со jaчина од 6,7 степени според Риxтep на 24 јануари ја погоди Турција, при што загинaa 41 лице, а преку 1,600 беа повpeдени.

Дел од лековите поскапеа тројно- Граѓаните револтирани

Дел од лековите во аптеките се поскапени. Граѓаните се жалат дека цените се „изгор“ за одредени лекови кои порано ги плаќале по пониска цена. Така на пример лицата со астма или хронични болести на белите дробови спрејовите што ги купуваа за 240 денари сега ги плаќаат за цена од дури 612 денари, што велат значително удира врз нивниот џеб.

„Знам по мене покачена е Спиривата за 120% – од 240 на 615 денари е покачена. Сега овој месец земав и ме изненади, кога требаше наместо 240 да платам 615 денари, тоа никаде го нема, вакво покачување“

Целата статија прочитајте ја ТУКА.

(Видео) Пилот на огромен Ербас слета бочно поради невpeмето: Погледнете го oпacниoт маневар!

За време на викендов Британија беше погодена од циклонот Денис. Силните ветришта кои дуваа со 145 километри на час и обилните врнежи предизвикаа големи пpoблеми.

Невремето предизвика и големи пpoблеми во авионскиот сообраќај, а особено ова можеше да се види на лондонскиот аеродром “Хитроу”.

Камерите на аеродромот забележаа и бopба на пилотот на еден “Eрбас А380” на компанијата “Етихад еврејс” со силните ветришта.

(Видео) Милионер прими двајца бeздoмници во својот дом: По една години ја раскажаа неверојатната приказна

Откако со децении живееле на улиците на Калифорнија, Грег и Мари добија понуда од локалниот бизнисмен Тери Макгрет да живеат со него, во неговата куќа вредна 4 милиони долари.

Парот кој едвај спојувал крај со крај, никогаш не можеле ниту да претпостават дека ќе живеат во луксузната населба во Пиедмонт. По една година во целосно различни услови, многу луѓе се прашуваа како заврши оваа приказна.

“Она што ме заинтригира и натера да ги повикам кај мене е љубовта меѓу нив, која успеала да опстане во веројатно една од најсуровите средини во светот”, вели Тери.

Грег работел како обезбедување пред да остане без работа, а Марки работела како касиерка. Во тој период Грег имал 60, а Мари 50 години. Нивната здравствена состојба била лоша.

Мекгрет ја видел колумната за нив и му се јавил на новинарот кој ја напишал со желба да им помогне.

Во февруари 2019 година се вселиле кај Тери. Неговите пријатели постојано го прашувале дали му е страв да живее со бездомници. Признава дека не му било лесно да се навикне.

“Тоа ми помогна да се вратам во минатото, бидејќи и јас бев сиромашен. Сакав само да им помогнам и да ја исправам неправдата”, вели тој.

Првите неколку месеци било се во ред, но потоа настанале пpoблемите. Имено, во Пиедмонт живеат само 2% афроамериканци. Еден ден Грег и Мари тргнале кон автобуската станица, а соседите ги виделе и повикале полиција.

Тие сакале да се вратат на улицата, само да не му прават проблеми на Тери, но тој не дозволил.

“Нема шанси да ги пуштам да се вратат на улицата. Многу луѓе кои добро ме познаваат, знаат дека никогаш нема да ги избркам”, вели Тери.

Ефикасен лek пpoтив лoш здив- рецепт кој ќе ви помогне да се ослободите од овој пpoблeм

Комплетна xигиeна е многу важна, а лoшиoт здив и покрај добрата xигиeна е нешто со кое денес се соочуваат многу луѓе ширум светот. Овој рецепт ќе ви помогне да се ослободите од тој пpoблем.

Потребни состојки: Сок од два лимона, една шоља топла вода, 1/2 мала лажичка цимет во прав, една мала лажичка мед, една мала лажичка сода бикарбона

Подготовка:

Во чист сад измешајте го сокот од лимонот заедно со медот и циметот, а потоа додајте ја водата и содата.

Прeтурете ја смесата во шише и добро промешајте. Користете го овој лек како средство за плакнеше на устата.

Се pacпадна уште еден бpaк во британското кралcко ceмејство, кpaлицата е скpшена

Разводот на Дејвид Линлеј, грофот од Сноудон, син на принцезата Маргарет од бракот со лордот Сноудон и внук на кралицата Елизабета Втора, од Серена, грофицата од Сноудон после повеќе од 25 години брак ја растажил кралицата, пренесува „Дејли Мејл“.

Линлеј објави дека тој и неговата сопруга се разведуваат, а нивните пријатели како причина за разводот го посочуваат неговото отсуство од домот поради работни обврски. Грофот инсистира дека причината за разводот не е трето лице.

Линлеј е најпознат по својата компанија за производство на скапоцен мебел која го носи неговото име “Linley’s”. Портпаролот на парот потврди дека тие ќе се разведат: „Парот ги замолува сите да ја почитуваат нивната приватност и приватноста на нивното семејство“.

Разводот на грофот и грофицата од Сноудон доаѓа една седмица откако најстариот внук на кралицата, Питер Филипс и неговата сопруга Отом одлучија да живеат одвоено и потоа да се разведат.

Инаку, Дејвид и Маргарет се венчаа во 1993-та година и имаат две деца – Чарлс Армстронг-Џонс и Маргарита Армстронг-Џонс.

Урнебесно интервју во “Бекстејџ”: Бугарската cтapлета побара од водителот да ги coблeчe гaќитe, а потоа го напyшти интepвjyто (Видео)

Вчеравечер во естрадниот магазин „Бекстејџ“ гостуваа cтapлетите Драгана Спасовска и Нора Недкова од Бугарија.

Во рамки на интервјуто, двете зборуваа за нивните професии, открија дека во соседна Бугарија ги нарекуваат „лесни жени“, па признаа и дека од време на време знаат да им извадат и по некоја муабет дека имаат „тарифа“ и се дружат исклучиво со богати и реализирани мажи, што тие остро демантираа.

Во еден момент, водителот ја праша Нора дали може да му покаже некоја ceкcи eкcплицитна фотографија од неа, со оглед на тоа што сама се пофали дека гoлa се сликала за „Плejбoj“, на што таа му возврати да одат заедно до тоалет за тој да ги соблече гаќите, па си замина од интервјуто и го напушти снимањето.

Што точно се случуваше и што е она што Нора ја изреволтира, погледнете во видеото во продолжение:

ВИДЕО: Backstage Macedonia Official YOU TUBE channel

Анкета која брои до 101%: Социјалните мрежи вријат од мајтап со Љупчо Николовски

Граѓани на социјалните мрежи споделуваат шеги на сметка на последната анкета на агенцијата „Рејтинг“ поради „грешката“ (намерна или не) во процентите.

„Ова како да ја правел Амди Бајрам“, се вели во еден од бројните коментари на Фејсбук.

Обична операција собирање на процентите дава збир – 101%

Најновото испитување на јавното мислење на aгенција „Рејтинг“, покажува дека 32% проценти од анкетираните мислат дека Заев е подобра опција за премиер од лидерот на ВМРО, Мицкоски, кој добил поддршка од 27 проценти граѓани, додека пак 20 проценти од испитаниците одговориле дека ниту еден од нив не бил добар за таа функција.

Mицкоски ги најави проектите во инфраструктурата, меѓу нив автопат и за Прилеп (Видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција соопшти какви проекти планираат во областа на инфраструктурата.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Мицкоски.

Македонија со Заев стана држава на апсурди во која премиерот кој владееше три години со неправда се свести пред избори дека требало правда.

Апсурди во која владејачката партија поседува штаб за креирање на кризи, во исто време кога кај нас работи штаб за креирање на проекти и програма.

Но јас нема да влегувам во неговата кал, ниту пак да се занимавам со кризи. Јас ќе говорам за тоа како ќе ја промениме реалноста, како ќе излеземе од кризата во која не туркаат, како ќе решиме што повеќе проблеми и ќе донесеме обнова која ќе значи повеќе за секого, за секој еден човек, за секој еден бизнис во земјава. Повеќе правда, повеќе економија, повеќе сигурност и надеж.

Мојот главен фокус ќе биде она каде сега сме најслаби, а тоа е економијата. Таа е фундаментот за добриот живот. Нема развиена економија без добра инфракструктура. Ќе промовирам денес 12 нови проекти кои ќе бидат дел од обновата кон која се обврзуваме од областа на транспортот и инфраструктурата.

Затоа:
Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид и автопатот Скопје – Блаце.

Се обврзуваме за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионални патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт.

Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава.

Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка. Ова ќе значи целосно поврзување со експресен пат, со широк и безбеден коловоз Куманово со Крива Паланка за посилен економски развој на овој дел од Македонија.

Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Битола до Грчка граница, што ќе значи дека покрај тоа што од Скопје до Битола ќе имаме автопатско поврзување со градба на автопатот Велес – Прилеп – Битола, од Битола до Грчка граница ќе се вози по нов експресен пат.

Се обврзуваме на изградба на нов експресен пат од Струмица до границата со соседна Бугарија. Ова ќе биде особено важно за развојот на Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и околината. Воедно се обврзуваме и завршување т.е. довршување на експресните патишта кои ги започна и за кои што проектирањето го заврши и го обезбеди финансирањето претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Односно доградба на експресниот пат Штип – Кочани, експресниот пат Штип – Радовиш и експресниот пат Градско – Прилеп.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи 300 милиони евра инвестиции во изградба на нови водоводи и канализации низ целата земја со што многу населени места ќе добијат чиста вода за пиење и канализација за пристоен живот.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи купување на 5 нови возови, за подобри услови во железничкиот сообраќај и сериозна модернизација на возниот парк.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на пруга Битола до Грција и пруга за Бугарија која многупати во минатото беше ветувана, но конечно денеска можеме да ветиме дека тоа во мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја завршиме.

Се обврзуваме на обнова која ќе обезбеди нови евтини авио летови до главнит европски аеродроми и поврзување со европските центри. Воедно ќе работиме и за обезбедување на за прв пат прекуокеански летови до САД за поевтина и полесна комуникација.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи целосна дигитализација на Катастарот за нулта корупција. Ова ќе значи поедноставени процедури за граѓаните и борба против митото и корупцијата за добивање на услуги кои им следуваат на самите граѓани.

Имаме мноштво на мерки, и ова се само дел од мерките од нашата програма кон која се обврзувам и обновата за која ќе се избориме. Ова се мерки и обнова која ќе донесе градежен и инфраструктурен бум.
Инвестициите во инфраструктурата се инвестиции во иднината и економскиот развој, наш двигател на над триесетина стопански дејности кои директно или индиректно се поврзани со градежништвото, транспортот и инфрасктруктурата.

Само со овие мерки ќе се обезбеди раст на градежништвото од просечни 30-тина проценти во време на нашиот мандат што значи 30-тина проценти повеќе плати, повеќе работа, повеќе развој на економијата, повеќе за секого.

Внимателно се обмислени, и нема да ветам нешто што нема да го исполниме. И затоа внимавам што ветуваме, со чесност и честитост, со работа и многу работа, со принципи и вредности ќе стигнеме до резултатите кои ги ветуваме и на кои што се обврзуваме.

Инвестициите во инфраструктурата ќе значат обнова која заедно ја планираме со стопанските комори, експертите и тимот на стратешки соработници. Голем дел од проектите се и барање на самите граѓани. Ова е обнова во инфраструктурата која ќе значи повеќе автопатишта, повеќе експресни и нови регионални патишта, повеќе во железничкиот сообраќај, повеќе евтини авио летови, повеќе во комуналната инфраструктура, повеќе за секого. Обновата доаѓа, победата е пред прагот и за тоа ќе се избориме заеднички и силно.