Денеска топло до 16 степени, утре дожд и снег на планините

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер.

Утре облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег.

Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне.

Како што соопшти УХМР, утре утринската температура ќе биде од минус три до пет, а дневната од 9 до 16 степени.

Слично време ќе има и наредните денови. Во недела утринската температура ќе биде од минус седум до еден, а дневната од 10 до 18 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.