дома блог страница 2747

“Локвенец пред трет мандат, награда за верноста и послушноста кон Заев?” (Видео)

Зачестените јавни настапи, пресови и активности на прилепскиот пратеник, според некои познавачи на политичките случувања би требало да значат најава за нов, трет мандат.

Верноста кон партијата, гласањето на одлуки против интересите на граѓаните, а кои биле партиски став, очигледно ќе бидат наградени по трет пат од раководството.

Денеска Локвенец одржа нова прес конференција:

Урнебесно: Полициjaта дошла да го yaпcи Роналдињо, па си правеле селфи со него (Фото)

Бразилската суперѕвезда Роналдињо вчера беше yaпceн во Парагвај во обид да влезе во фалcификyван пасош.

Роналдињо и неговиот брат биле уапсени на граница во Парагвај, а тие тврдат дека се измамени, па додека чекаше да се појави пред истражен судија, со големата ѕвезда фрчеа селфија. Од полицајците кои го апсеа, преку вработените во судот, кои бараа и автограми.

Останува уште да се појави и судијата како се слика со суперѕвездата, која има сериозни проблеми, па не смееше да излезе од Бразил, ама…

Овој полицаец дошол во хотелот за да го приведе Роналдињо, а потоа успеал да си направи фотографија за спомен.

Детали за слyчajoт кој вчера го згpoзи Прилеп: Пpитвop за свекорот од прилепско

Одделението за внатpeшни paботи Прилеп до Ocновното jaвно обвинитeлcтво Прилеп, поднесе kpивична приjaва пpoтив Т.Б.(67) од Прилеп пopaди пocтоење ocнови нa coмнение за стopeно kpивично дело „cилyвaњe“.

Во периодот од 26.02. до 02.03.2020 во ceмејната куќа во прилепско село, приjaвениот во три навpaти извршил oбљyба врз неговата снaa (невенчана сопpyга на неговиот пocинок).

На 04.03.2020 таа го приjaвила cлучajoт во ОВР Прилеп, по што бил лишен од cлoбoдa и зaдpжан во Одделението за внатpeшни paботи Прилеп, а на 05.03.2020 cyдиja на претxoдна пocтапка му определил мepка пpитвop во тpaeње од 30 дена.

Свекор извpшил oбљyба врз 19-годишната снаа во прилепско

Крушево тагува: Богојески го замрзна членството во ВМРО-ДПМНЕ

Петар Богојески, како што информираше преку својот фејсбук профил, одлучил да го стави во мирување своето членство во партијата ВМРО-ДПМНЕ, за да биде независен кандидат за пратеник.

Тој истакна дека никогаш нема да прифати членство во друга политичка партија, а неговото повторно активирање во ВМРО-ДПМНЕ е условено од развојот на настаните во партијата, нејзината демократизација, модернизација и европеизација, без разлика дали е на власт или во опозиција.

Грците контра Трамп?

Во уреднички коментар, грчкиот весник „Катимерини“ ги повика Грците во САД да се здружат во поддршка на кампањата на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден. Бајден изби на чело во демократската внатрепартиска трка, каде се натпреварува со социјалистот Берни Сандерс, за шансата во ноември да се соочи со претседателот Доналд Трамп.
Според „Катимерини“, Бајден долги години работел на грчките прашања во американскиот Сенат и во Белата куќа кога беше потпретседател на Барак Обама, и оттаму е потребно грчките заедници во САД да одржуваат тесен контакт со него, и да му ја поддржат кампањата.

-За Грција и за Кипар е важно тоа што Бајден успеа да ја воскресне својата кампања. Тој е еден од малкумината истакнати американски политичари кои работеле на грчките прашања, во неговите 36 години во Сенатот, и осумте години како потпретседател. Важно е линиите за комуникација со грчката американска заедница да бидат ефикасни во овој клучен период. Грчката заедница треба да се мобилизира и да обезбеди кандидатурата на Бајден да напредува добро. Грчкиот и кипарскиот хеленизам мора да се заложи за победа на Бајден. Никој нема да ги бие нашите битки, но важно е како лидер на најмоќната држава во светот да имаме човек кој повеќе од половина век покажал чувство за грчките барања, пишува „Катимерини“.

Во коментарот не се наведува директно, но се навестува дека Грција ќе очекува поддршка од САД и од Бајден во нивниот се пожесток регионален спор со Турција. Катимерини оценува дека Бајден ќе има „разбирање за демократските партнери на САД, наспроти автоктратските водачи“ – јасно посочување на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Трамп повеќе пати досега ги поддржа ставовите на Ердоган, особено во војната во Сирија.

Ноќта пред Тодорова сабота се исполнуваат сите желби: Според верувањата сите девојки пред да легнат треба да го направат ова

Тодорова сабота или Тодорица се смета за празник на приврзаноста кон велигденскиот пост. Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар).

Јавувањето на Св. Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота, што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка.

Споменот на светиот великомаченик Теодор Тирон се празнува на 1 март/17 февруари. Но, кај нашиот народ попознат е другиот празник поврзан со овој светител, а тоа е Тодорова Сабота (Тодорица), подвижен празник, што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост.

Педесет годни по заминувањето на Свети Теодор во Цариград владеел царот Јулијан Отстапник. Така бил наречен поради тоа што во младоста бил христијанин, а подоцна кога станал цар се откажал од христијанството и со сите средства ги прогонувал христијаните Таа година сакајќи на некој начин да им напакости на христијаните, а знаејќи колку им значи Велигденскиот пост особено првата недела по која некои и се причестуваат, царот наредил сета храна што се продавала по пазарите да се попрска со к*в од жр*вите принесувани на идолите. Но тогаш на цариградскиот патријарх не во сонот, туку на јаве, му се јавил Свети Теодор Тирон и му рекол да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите зашто таа ќе биде испоганета со к*в. Наместо тоа цела недела да јадат пченица со мед. Патријархот така постапил, христијаните цела недела јаделе жито и така останале неиспоганети. Во спомен на овој настан првата сабота од Велигденските пости е наречена Тодорова сабота, тогаш се оди во Црквата и се носи жито.

Според едно предание од Гевгелиско Свети Тодор бил војник во царевата војска и кога дознал за намерата на еврејскиот цар да го укине христијанскиот пост трчал со коњот од место во место за да ги храбри христијаните да издржат зашто, како што претпоставувал, Евреите до првата сабота морале да попуштат. Тоа негово предвидување се покажало точно поради што црквата го прогласила за светец.

Во спомен на овој подвиг на Теодор Тирон се празнува празникот Тодорова сабота во народот познат како Тодорица. Овој празник спаѓа во оние празници што немаат постојан датум туку зависат од Велигден. Секогаш се паѓа на една недела по Прочка, поточно првата сабота по овој празник што значи дека тој е на крајот од првата недела од големите Велигденски пости.

Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња.

Најголемиот број обичаи поврзани со овој ден се изведуваат вечерта спроти празникот. Во повеќе краишта на Македонија тогаш во црквата се носи т.н. Тодорички леб или Тодоречка погача, а Кузман Шапкарев забележал дека во охридските села носеле колаци со четири проскурчиња „за воловско здравје”. Овој обреден леб од горната страна е украсен со разни фигури: волови, плуг, јарем, коњи, коњски плочи, трло со јагниња и сл. Во црквата лебот се става во чинија врз која има варена пченица и пченка и бидејќи лебот во средината има дупка низ неа се забодува свеќа која што се запалува. Подоцна откако свештеникот ќе отпее молитва и ќе го благослови лебот и другите продукти свеќата се гасне под мишка и се чува цела година за лекување разни болести и за одврзување магии. Во црквата од лебот се раздава „за мажо здравје”, „за воловско здравје”, „за коњско здравје” и тн.

Во записите од Гевгелиско направени на почетокот на овој век од Н.Д. Рачев се вели дека за заштита од магии, но и за иницирање живот и здравје на луѓето и добитокот се правело „мамило”. Тоа се правело од варена пченица и пченка кои се носеле во црквата каде што попот им пеел молитва. Потоа дома на сите и на луѓето и на стоката им се давало да каснат по малку но строго се внимавало ниту едно зрно да не падне на земјата зашто во спротивно ќе се случела голема несреќа и на луѓето и на добитокот.

Интересен обичај во Дебарца спроти празникот изведувале девојчињата со цел да научат да везат. Тие дома подготвувале кесиња направени од крпчиња и врз нив само започнувале да везат, а потоа ги полнеле со пепел. Додека биле во црквата вечерта спроти празникот скришум со куклушка од треска кесето го закачувале за појасот на некоја жена што била позната како добра везачка. Овие жени пак што ќе собереле повеќе вакви кесиња на враќање ги фрлале во некоја вода (извор, река, поток и др.) со благослов: „Како што брза водата така и девојчињата да научат да везат”.

На овој ден младите изведувале и повеќе обичаи со кои сакале да дознаат кој е нивниот иден брачен другар. Тоа го правеле на следниов начин: Во крпчиња врзувале варена пченица и пченка и три пати ја префрлале преку олтарот од црквата. Потоа вечерта пред спиење ја ставале под перницата, заедно со првиот касај добиен во црквата „за мажо здравје”. До креветот ставале и дуле полно со вода за кое го врзувале појасот кој со другиот крај го ставале под перницата. Притоа наречувале: „Кој ми е речен да ми дојдит на мостов, да поминит по појасов, да го видам во сонот”.

Вакви обичаи забележал и М. Цепенков. „Во петок вечер спроти Тодороа сабота, кое девојче сака да си го види на сон кое момче ќе си го земи за маж да је биди. – еве како ќе напраи: ќе седни да вечера и првијо залак што ќе го сожвакат, нема да го голтни, ами ќе го изваи од уста и ќе го чуа за коа ќе си легни да го клаи под перница. Спиејќи над залаго, ќе и дојде тоа момче што и је наречено за да ја земи. Ако види некое момче што го знаи, него ќе го земи бездруго, а пак ако види некое непознато, непознатото момче ќе го земи”. Сличен на овој обичај М. Цепенков забележал и во Битола: „Во град Битола спроти Тодорица праат мајките на ќерките еден маривет да познаат кое момче ќе и ја земи ќерката. Ќе појди една мајка в црква и ќе земи три зрна пченица, падната што има наземи. Коа ќе седнат да вечераат, ќе и го укради мајката на ќерката првиот залак и коа ќе си легни девојчето да спие, ќе и клаит под перница. Спиејќи девојчето, ќе го сонуала кое момче ќе го земела, убао ќе го видела, очи со очи ќе се виделе и бездруго тоа момче ќе го земела. Утрото со душа ќе ја чекат мајка е да стани од спиење за да ја праша што сон сонуала. Ако е страмежливо некое девојче и неќи да е кажи на мајка си, таа ќе и нагодуа за соно што го видела и за момчето што го видела. Ете од трите зрна пченица и еден залак леб, клаени под перница ќе си го виделе на сон кое момче ќе земи. Ако е вистина ашколсун јас ќе му речам.“

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Стефан Верковиќ запишал дека во с. Мачуково, (Долновардарско) „Спроти Сфити Тодур момите раздават на црквата пшеница и пчиничка бркано, и чис леп. В лебут замесуват една глава лук и сус неа го печат; го извртуве сус се леп, ка ќ’ оде на црквата; дупката што ќе се чине на лебут, туруваат пшеница и пчиничка, да напкум сус них зарануват добитоците, а кукешните си апнуваат за здраве”.134

Интересен обичај на празникот Тодорица се изведувал во селото Лазорополе. Тие што тримереле оделе надвор од селото во местото Сливине, носеле со себе варено жито и вода осветена на Свети Трифун. Со таа вода ги прскале ливадите. Од житото што го носеле девојките еден дел им давале на момчињата и роднините за здравје, а потоа оделе кај своите ливади и фрлајќи од житото викале: „Киш, киш, кртови, / на чупоски вртови”. Чуповци, пак, викале: „Киш, киш кртови, / на росочки вртови”! Овие обичаи започнувале околу десет часот претпладне и завршувале околу три или четири часот попладне.

Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се контаминирале и поголем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.

Дожд, ветер и грмежи во сабота: Викенд временска прогноза

Времето денеска претпладне од запад ќе се прошири облачност. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има повремен дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повапдарието и во кpајните западни делови.

Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, на места пообилни со услови за појава на грмежи и силен ветер, со што се препорачува граѓаните да не се движат во шума и под дрва.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој ќе засилува долж Повардарието.

Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер.

Слично време не очекува и во понеделник.

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Водителот ја праша Емина Јаховиќ на кого би му пренела кopoнавиpyc доколку го има: Еве што одговори таа (Видео)

На шегите поврзани со коронавирусот им нема крај.

Овој пат црногорски новинар буквално стана вирален хит со неговото поставено прашање на пејачката Емина Јаховиќ поврзано со најактуелната тема во светот.

Имено тој ја праша српската пејачка доколку би имала коронавирус на кого би го пренела, а нејзиниот одговор е повеќе од очекуваното, погледнете.

Прашањето со коронавирусот можете да го слушнете од 5-та од интервјуто.

“Административците под страшен стрес: Заев најави чистење на администрацијата?”

За сите вработени буџетари кои имаат свој приватен бизнис нема да има место во јавната администрација, додека оние административци кои ќе склучат договор со приватна фирма ќе добијат бруто плата и 6 отпремнини.

Преку овие два модела бившиот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев најавува дека ќе ја намали администрацијата за 20%, доколку повторно тој ја оформи новата Влада.

Нема да ги бркаме, процес кој е почнат работи како службеник, а е газда на фирма ќе им се заблагодариме. Ќе им понудиме пакт со стопанските комори, кој ќе склучи договор во приватен сектор бруто плата и 6 отпремнини, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ .

А дигитализацијата на јавните услуги дополнително – во некои институции ќе ја намали потребата од нови вработувања во јавната администрација, вели министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски. Презентирајќи ги услугите во министерството за труд, министрите посочија дека електронските услуги ќе овозможат поголема ефикасност на вработените, кои наместо со административни работи, сега ќе можат да се посветат на стручната работа која треба да ја извршуваат..

Со ова ние ќе ги ослободиме за да навистина можат да се присутни на терен меѓу граѓаните и да се посветат на суштинската работа, зборувам за Центрите за социјална работа, истакна Санела Шкријељ, дополнителен заменик министер за труд и социјална работа . Во различни институции различно, некаде да, ќе се покаже дека се вишок., вели Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

За наредниот период Манчевски најави дека електронски ќе се поднесуваат и барања за издавање на лични документи, уписи на деца во градинки и училишта.

Националниот портал досега има 10 илјади корисници.

(Видео) Еден руски конвој промени се: Eве како се промени ситуацијата во Сириja

Причината конвојот на Boopyжените сили на Pycката федерација беше за да осигури безбедно движење на возила и цивили на автопатот М4 (Латакиа-Алепо) и М5 (Дамаск-Алепо).

Овие сириски меѓународни автопатишта се од големо стратешко значење за трговија, транзит и вoeни опepaции.