дома блог страница 2746

Министерот Сугарески демантира дека му изгорело кафулето (Фото)

Попладнево се запали угостителски објект во Прилеп. Станува збор кафулето „Табу“ на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, објави Република, пренесе Курир.

Министерот демантира дека гори кафулето иако порталот објави фотографии од настанот.

„Лажна вест е. Какви пожари, какви локали“, истакна министерот.

Цел свет ќе дознае за историското ВМРО: „Амазон прајм“ ја откупи серијата „Сенки над Балканот“

Една од најгледаните телевизиски серии во регионот, „Сенки над Балкан“, во која важни улоги толкуваат и македонски актери, ќе биде достапна за гледање на глобалната мрежа „Амазон прајм“.

Како што јавува „Н1“, после долги преговори серијата конечно ќе се најде на глобалната сцена и со тоа станува и прва српска ТВ-серија која ќе биде достапна на светска платформа.

„Ова е важен настан, не само за нас кои работевме на „Сенките…“, туку и за домашната кинематографија и телевизија. Преговорите се водеа речиси две години, но успеавме да убедиме една од најважните онлајн-платформи да ја откупи серијата. „Амазон прајм“ станува сериозна конкуренција и за „Нетфликс“.

ТВ-серијата „Сенки над Балканот“ е историски трилер со дејствија кои што се одвиваат на почетокот на 20 век, главно во Белград, и опфаќа дел од историско-политичките случувања од тој период во Македонија.

Во живо: Прес конференција на министерот Филипче за двата нови случаи на kopoнавиpyc во Македонија

Прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче:

Дали ова е крајот? Путин најави негово повлекување

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес ги уверуваше медиумите дека нема намера да користи било каква “шема” за да се задржи на власт по завршувањето на неговиот претседателски мандат.

“Не се работи за тоа дека не сакам. Си ја сакам работата. Но за да се задржам на власт, би требало да употребам некој вид на “шема”, која би била неприфатлива за земјата или би ја уништило”, изјави Пyтин, пренесува ТАС С.

“Од тоа се плашам, тоа е она што не сакам да го направам”, рече шефот на руската држава, објаснувајќи зошто мандатот на една личлност на највисоки функции е ограничен.

Уште два нови случаи во Македонија

Министерството за здpaвcтво информира дека денеска во попладневните часови, на кopoнавиpyc се тecтиpaни двајца нови пaциeнти и нивните peзyлтати се позитивни на виpycoт.

Станува збор за сопpyжници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија.

Миниcтepcтвото за здравcтво ги собира деталите за пациентите.

Со дополнителните информации, министерот Венко Филипче ќе одржи прес конференција во 19:30 часот.

Тито Петковски вели дека ќе се отвори дебата за химната, знамето, грбот…? (Видео)

На едно гостување во “ТВ 24”, коалициониот партнер на Заев, Тито Петковски, запрашан дали нема да му пречи да има промена на химната, промена на симболи, на знаме, на државен грб лидерот вели дека за тоа ќе се отвори дебата:

-Тоа се прашања за кои ќе се отвори дебата. Експерти, научници политички партии и така натаму од земјата од странство ќе седнат ќе дебатират што е она што ги разделува етничките заедници, што е она што може да ги зближи значи го бараме мостот кој што ќе не поврзува, рече тогаш Петковски.

Со оглед дека во изминатите три години се промени државното име и се направија комисии за разгледување на историјата со Грција и Бугари, останува нејасно што би можело да се случува во иднина…

Eден од најпознатите македонски доктори тврди: Пуканките се едни од најздравите грицки

Пуканките се меѓу најпопуларните „грицки” ширум светот, но помалку познат факт е и дека тие се и најздравите грицки. Тоа е така поради повеќе причини, а главната причина е нивниот состав кој претставува богат извор на хранливи материи што можат да бидат од корист за здравјeто, советува доктор Митов.

Но, често начинот на нивна подготовка кој подразбира додавање на различни типови масти и поголеми количества на шеќери и сол, прави тие да бидат сосема непожелни за потребите на организмот.
Затоа е важно пуканките да бидат подготвени на соодветен начин.
Овој начин ќе биде објаснет во продолжение. Значи, дали пуканките ќе бидат ,,здрави” или ,,нездрави”, ќе зависи од начинот на нивната подготовка.

Пуканките, во суштина претставуваат пченкарни зрна кои имаат специфично својство според кое пукаат и го шират волуменот, во присуство на зголемени температури. Причина за ова својство е присуството на ,,пакувана” вода во средината на зрното, која кога е изложена на високи температури, се шири и создава ,,експлозија” или пукање кое ни е очигледно. Пуканките се јаделе уште многу одамна, а низ времето добиваат на популарност пред сè поради ниската цена на чинење

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Никој не го “есапи” Заев? Денес нови двојазични табли во Прилеп (Фото)

На ТВ дуелот помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Мицкоски го праша Заев зошто во градовите каде нема соодветна процентуална застапеност на албанско етничко население, или воопшто нема Албанци, се поставуваат двојазични табли на институциите.

На ова Заев одговори дека била направена грешка, а Мицкоски му посочи примери дека истото се случува во Прилеп, Кочани, Струмица…

Заев рече дека била направена грешка и се тргале или ќе биле тргнати таквите табли, а Мицкоски додаде дека не е една грешка и дека таблите не ги отстрануваат институциите, туку дека граѓаните ги кршат.

И покрај тоа, Прилеп од денеска има нови двојазични табли на подрачното одделение од Управата за имотно-правни работи и трезорската канцеларија на Министерството за финансии.

Претходно двојазични табли добија Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и подрачните одделенија на фондовите за здравство и пензиско и инвалидско осигурување.

Дурловски: Велат дека сме на прав пат – Ние сме на крстопат, дали ќе нè биде или не

Оперскиот пејач Игор Дурловски за мотото „На прав пат“ на владеачкиот СДСМ и ситуацијата во Македонија.

„Велат дека сме на прав пат. Ние сме на крстопат, дали ќе нè биде или не“, прокоментира на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Распродадени сите карти: Националната арена ќе гpми на натпреварот Македонија-Косово

Македонската А репрезентација на 26. март на Националната арена ќе се соочи со репрезентацијата на Косово во плеј – оф дуелот за пласман на Европското првенство 2020. Влезниците за натпреварот веќе се распродадени.

Доколку нема било какво барање, препорака или евентуална забрана за присуство на гледачи од надлежните државни инстутуции поради корона вирусот, тогаш македонските фудбалери пред полн стадион ќе го одиграат натпреварот против Косово.

Им се заблагодаруваме на македонските навивачи за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и се радуваме на одличната атмосфера на Националаната арена „Тодор Проески“.

Исто така, благодарност до навивачите за трпението при процесот на купување на влезници.

Потсетување до сите навивачи и поддржувачи на нашата најдобра репрезентација дека на денот на натпреварот со себе треба да носат документ за лична идентификација бидејќи при влегувањето на Националната арена за натпреварот на 26. март, редарската служба (претставници на Министерство за внатрешни работи) ќе ја проверува точноста на личните податоци од влезниците и нема да им овозможи влез на трибините на оние навивачи кои под друго име ќе се обидат да влезат на Националната арена. Предупредуваме навивачите да не купуваат влезници на т.н. „црн пазар“ со други податоци на влезниците.

Ги повикуваме сите гледачи, поддржувачи и навивачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на нашите фудбалери да стигнат до вредна победа и да ја доближат Македонија до пласман на ЕВРО 2020.