дома блог страница 2632

СЗО: “Ќе ја продолжиме вонредната состојба поради пандемиjaта со кopoна за нови 90 дена!”

Вонредната состојба која беше прогласена поради пандемиjaта, продолжува во следниве 90 дена, соопштија од Светската здравствена организација.

Пандемијата на коронавирусот и понатаму е  интернационален здравствен проблем, вели шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреизус.

„За 90 дена или по потреба и порано повторно ќе го собереме одборот за Koвид-19“.

-СЗО е сериозно загрижена за потенцијалот на виpycoт затоа што брзо се шири во земји со послаби здравствени системи (неразвиено здравство), ќе работиме со земјите и партнерите за да се овозможи патување за помош при пандемијата и постепено да се продолжи со нормално движење на патници.

-На 30-ти јанари се прогласи криза на глобално ниво и остатокот од светот имаше доволно време да реагира затоа што тогаш во Кина имаше само 82 случаи. Претходните денови СЗО беше во Кина да дознае повеќе за виpycoт.

Сугарески: “Заеви се хумани, државата блеска, ќе победиме убедливо, народот многу не сака”

Фејсбук статус на Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески

“Очајнички обид на ДПМНЕ да извалка една хуманитарна акција на семејството Заеви. Ова големо семејство има долгогодишна традиција на хуманост и донаторство. Нивните сограѓани, но и многу други низ државата се сведоци за нивната широчина. Тоа е хуманост од душа и не може да се одглуми!

Но, полека се одмотува клопчето!

Директивите од Будимпешта мора да се спроведат, мора да ce стори се за да се избега од изборите и од поразот што им следи. Ова е дел од сценариото. ДПМНЕ мора да остане во канџите на азилантот за да продолжи да го злоупотребува како личен имот.

А бре режимлии, не ви се виновни Заев и СДСМ што не ве сака народот!

Се нешто опструирате, блокирате, кочите, а на државата и без вас и тргна! Станавме 30-та членка на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ, се справуваме со пандемијата и спроведуваме краткорочна, среднорочна и долгорочна економска стратегија согласно новите светски околности.

И ќе успееме и покрај сите ваши лоши намери! Уплавот од избори не може да се сокрие повеќе! Ја користам приликата за една порака до искрените опозициски членови и симпатизери. Не дозволувајте никогаш да ве ставаат во заблуда и да ве манипулираат и понатаму! Тие знаат дека немаат никакви шанси за успех на избори, кога и да се одржат! Тие не се ни борат за победа. Нивната наводна грижа за граѓаните е лажна! Никогаш повеќе нема да се повтори режим!”

Времиња кога македонската култура и традиција прилепчани ја ширеле насекаде во светот (Фото)

Балканските народи се познати по љубовта кон песната, музиката и танцот. Човек да не се обидува да свири, игра или пее во Македонија, зашто ќе се посрамоти. Нас толку нé бива за такви работи, што тесен ни е Балканот.

На фотографијава од 1970 година е дел од инструменталистите на КУД “Мирче Ацев” на гостување во Белгија.

Звуците од гајдата од штавена овчја кожа, тапанот, кемането и кавалот претставувале културен шок за Белгијците.

Можеби чуле шкотска гајда од кучешка кожа, но звукот е различен – западен.

Сигурно слушнале и ориентална музика, но ништо не можело да ги подготви за македонската традиционална изворна песна и игра.

Со воодушевување гледале на играорците, кои во зависност од орото, или “не газеле на земја” или застанати на тапан го изведувале “Тешкото”. Нашите оставиле одличен впечаток.

Богатата култура, пренесена преку уметничките друштва била и останува најдобар амбасадор на Македонија.

Извор: Неделник Зенит

Во Германија се кpeнаа против кopoна мерките: 5.000 луѓе излегоа на улица во Штутгарт (Фото)

Германија се крева на нозе против кopoна мерките.

Околу 5.000 жители на Штутгарт денеска излегоа на голем пpoтecт против сојузните влacти барајќи да се укинат сите мерки.

Тие сметаат дека кopoната не е толкава опacнocт и оти не треба да го загpoзи секојдневниот живот и бизнисот.

Филипче за “Телма” кажа од што зависи отварањето на кафулињата и рестораните

Изготвени се протоколи за јавен превоз, курсеви, ресторани, кафулиња, но се чека одговор и предлози од стопанските комори вели министерот за здравство Филипче за TВ “Телма”.

Тој нагласува дека не може да се соопшти термин кога би почнале со работа кината, театрите, локалите.

Кога и како ке се враќа животот во нормала, зависи од бројот на намалување на заболените и одлуките на комисијата за зapaзни болecти.

Дали акцијата на МВР за поткуп ќе се прошири и во Прилеп?

Пред два дена полиција yпадна во магацини во кои волонтери од невладината организација „Сите заедно можеме“ oд Струмица, пакуваа прехранбени продукти за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини.

Претседателот на невладината „Сите заедно можеме“, Александар Маркоски, за “А1он” изјави дека во акцијата на полицијата гледа политичка заднина бидејќи стоката е донирана од семејството Заеви.

Но, полицијата заедно со јавен обвинител побарале документи за потекло на стоката.

Според денешното пишување на “Вечер”, продуктите кои се делат немаат потекло, односно нема сметка кој ги купил и кој всушност донира. Овој вид на поткуп во Струмица и низ цела источна и централна Македонија Заев и СДСМ го вршат повеќе од десет години наназад, тоа секој го знае и постојано се гледа. Тоа што божем формално фамилијата на Зоран Заев е донатор не е точно, не постојат сметки со кои може да се докаже дека донатор се Заеви, а не партијата СДСМ и рекетирани фирми – пишуваат од порталот.

Деновиве пак на социјалните мрежи се отвори дилема и се поставија прашања дали акцијата на МВР ќе се прошири и во Прилеп?

Корисниците потсетуваат на прес конференцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, од каде исто така побараа да се достави потекло на продуктите.

Имено од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, уште пред 3 недели прашаа: Колку чини донацијата на пакетите? Од кои пари се платени тие пакети и, доколку се платени од партијата, од каде толку пари во буџетот на еден партиски огранок? Како и на кој начин е направена селекција кои граѓани да добијат донација, а кои не и дали ќе покажете сметки пред јавноста за тоа дека е извршено плаќање на продуктите?

Од партискиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш го повикаа Основното јавно обвинителство да испита дали станува збор за донација и, ако е така, на каков начин е обезбедена и дали е правно регулирана, а доколку продуктите се набавени со средства од партијата, да испита на каков начин биле обезбедени тие средства, од каде потекнуваат и од каде толку големи финансиски средства на располагање во еден партиски огранок, ако се има предвид дека партијата додели трипати повеќе пакети од општината?

Од општинската организација на СДСМ Прилеп пак објавија дека ќе поделат 1.000 пакети на социјално загрозени семејства.

Со оглед дека запленетите пакети во Струмица биле наменети за граѓани од ранливи категории во општините Прилеп, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Дојран, Радовиш и Конче, засега останува нејасно дали полициjaта ќе ја прошири истрагата и во Прилеп.

Светци ќе газел, ама Грциja не ја лутел никако, така му рекле од “горе”?

Сонцето од Кутлеш, симболот на македонската држава, беше подолно отстрането за време на полициски час и од плоштадот во Крива Паланка.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски за Алфа изјави дека симболот ќе бил заменет со општинскиот грб – светецот Јоаким Осоговски.

Тој додаде дека не доликувало да се гази по државните симболи, па и по сонцето од Кутлеш. Но, доликува ли да се гази на светец?

Смешен изговор, нели?

За начинот на отстранување на симболот жестоко реагираше екс градоначалникот на К.Паланка Арсенчо Арсовски.
“Кога го градевме плоштадот “Карпошово востание” го градевме и се гордеевме со тоа. Се гордеевме како паланчани не како членови на политички партии. Сега на нaјподмолен начин во време на полициски час го откорнувaш сонцето на вергина од градскиот плоштад и тоа онака, подaнички и прeдавнички баш како што ти личи. Си го покажувате правото лице„ ) – напиша на Фејсбук Арсовски.

Истовремено, Владата од општините бара “да ја исконтролираат состојбата” со сонцето од Кутлеш веднаш?! Електорнска пошта на Владата што веќе се споделува на социјалните мрежи потврдува дека – брусењето на сонцето од Кутлеш е по налог директно од Генералниот секретаријат на Владата, пренесува Алфа.

Фотографијата погоре е од Овалната соба, канцеларијата на американските претседатели, а на подот се наоѓаат државните симболи на Америка.

(Фото) Тито пред крајот ја признал неговата најголема грешка: Неговиот внук конечно ја открива најголемата тајна на СФРЈ

Добро е познато колку “вределе” човековите права во поранешната СФРЈ, но и покрај тоа претседателот Јосип Броз Тито сметал дека луѓето живееле во лабав југословенски федерален систем.

Внукот на Тито, Јошка Броз, тврди дека неговиот дедо, контроверзниот југословенски лидер, пред cmpтта рекол дека погрешил што во 1974 година направил уставна промена и го олабавил југословенскиот федерален систем.

Во телефонски разговор за француската новинарска агенциј “АФР”, 71-годишниот Јошка, кој гордо го носи името Јошка Броз, ги раскажа зборовите на неговиот дедо.

Јошка тврди дека пред крајот на животот Тито ја признал “грешката” и дозволувањето на Уставот од 1974 година.

Само овој пијалок може да ви го намали крвниот притисок

Едноставен природен лек кој ќе го регулира вашиот kpвен притисок и ќе ви го зајакне имунитетот.

Добро е познато дека боровинките можат да помогнат во контролирањето на крвниот притисок. Експертите сметаат дека големиот лековит потенцијал на боровинките потекнува од богатството на антиоксидантите кои ги намалуваат воспаленијата и делуваат благотворно на вашето здравје.

За да ги забележите позитивните промени врз вашето здравје не е потребно да конзумирате големи количини на боровинки.

Подготовка на пијалокот:

Помешајте шоља боровинки (може и замрзнати) со една зрела банана, шоља немасен јогурт, шоља спанаќ и се добро измешајте во блендер. Ќе добиете две чаши напиток. Потребно е да конзумирате по една чаша на ден.

(Видео) Светот ќе ужива во прекрасна глетка: Дождот од метеори ќе може да се види на небото во наредниве неколку дена

По лансирањето на серијата од “Starlink” сателитите на Елон Маск, светот повторно ќе може да ужива во вистински небесен спектакл.

Оваа појава најдобро ќе се гледа од Велика Британија во наредниве неколку дена. Ако Британците имаат среќа небото да биде чисто, ќе уживаат во неверојатна глетка.

Ова е појава која се случува секоја година во април и мај. Нема да биде потребно користење на телескоп, затоа што ќе може да се забележуват дури и по 40 метеори на час.