Времиња кога македонската култура и традиција прилепчани ја ширеле насекаде во светот (Фото)

Балканските народи се познати по љубовта кон песната, музиката и танцот. Човек да не се обидува да свири, игра или пее во Македонија, зашто ќе се посрамоти. Нас толку нé бива за такви работи, што тесен ни е Балканот.

На фотографијава од 1970 година е дел од инструменталистите на КУД “Мирче Ацев” на гостување во Белгија.

Звуците од гајдата од штавена овчја кожа, тапанот, кемането и кавалот претставувале културен шок за Белгијците.

Можеби чуле шкотска гајда од кучешка кожа, но звукот е различен – западен.

Сигурно слушнале и ориентална музика, но ништо не можело да ги подготви за македонската традиционална изворна песна и игра.

Со воодушевување гледале на играорците, кои во зависност од орото, или “не газеле на земја” или застанати на тапан го изведувале “Тешкото”. Нашите оставиле одличен впечаток.

Богатата култура, пренесена преку уметничките друштва била и останува најдобар амбасадор на Македонија.

Извор: Неделник Зенит




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.