дома блог страница 2618

АНКЕТА: ВМРО ДПМНЕ со огромна предност кај Македонците

Граѓаните сметаат дека сега не е време за избори, а на прашањето за кого би гласале кога денес би се одржале парламентарните избори, предноста од 1,6 отсто е во корист на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат резултатите од истражувањето на МКД.мк што го спроведе агенцијата Маркет вижн.

Подобрувањето на состојбата во епидемијата со коронавирусот го отвори актуелното политичко прашање дали е можно изборите да се одржат во јуни или јули, или пак е подобро да се чека редовниот термин за парламентарни избори во октомври. Двојно повеќе од анкетираните граѓани сметаат дека претстојните парламентарни избори треба да се одржат наесен (51,6%), отколку во текот на летото (21,6%).

Меѓу определените гласачи повеќебројни се оние што ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ (14,6%). За СДСМ ќе гласаат 13% од определените гласачи. Меѓу македонското гласачко тело за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,5 отсто, а за СДСМ 14,2 отсто од определените гласачи. Кај гласачите на СДСМ бројот на Албанците поддржувачи на оваа партија е 6,6%. Од албанските партии на најголема поддршка може да смета ДУИ, со повеќе гласачи отколку сите други албански партии заедно.

Целата анкета погледнете ја на МКД.мк

ВМРО-ДПМНЕ за објавените разговори во кои се слуша Заев: Слушнавме како Заев го пцуе и навредува својот народ, дека го контролирал студентското движење и што мисли за шарените

Соопштение до јавноста – реакција на Фејсбук статусот на Зоран Заев oд ВМРО-ДПМНЕ

-Гледаме дека од СДСМ се чудат кој ги пуштил денешниве разговори и тука не можеме да им помогнеме, ама можеме од истите да го препознаеме гласот на нивниот лидер Заев како го пцуе и навредува својот народ.

Вредно е да се напомене и дека Заев го контролирал студентското движење чувме што мисли за шарените, но добро е и да знаат албанците што мисли тој за Али Ахмети.

Исто така е добро и да чујат тој извесен Ацко, Костадинов, па и средношколецот Забарчанец како ги пцуе нив и целиот народ.

Е тој човек за жал ја води државата, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ упатено до медиумите по повод објавените разговори во кои се слуша гласот на Зоран Заев.

Милчин со најјака порака за Заев: “НЕ НЕ ПРОДАВАЈ?”

Владимир Милчин на својот фејсбук профил напиша:

-ПРОТИВ ЗАБОРАВОТ

Ќе ги потсети некој Бугарите дека Георги Димитров ги признал и Македонците и македонскиот јазик и дека во Горна Џумаја (денес Благоевград) имало театар на македонски, а ширум Пиринска Македонија имало читални и библиотеки? И тоа траело до Резолуцијата на Информбирото! Тие што ме следат на ФБ би можеле да му кажат на Заев, па ќе му напишам детално. И уште нешто: Не ги измислил Тито Македонците во 1945-тата, со своите животи Мирче, Страшо, Кузман и да не редам понатаму, го овериле македонскиот идентитет и јазик, рака под рака со антифашизмот. Треба да се гордееме со тоа, а не да го распродаваме!

Училиштето во Прилеп каде учители биле Пере Тошев, Даме Груев, Григор Прличев… кое денеска не постои (Фото)

Додека траело турското ропство, Отоманската империја им дала некои права на рисјаните во Македонија, под притисок на Русија. Остварувањето на руските интереси течело преку нејзиниот вазал, Бугарија.

Идејата била да се научат младите на целите на пан-славизмот, па бугарската црква – егзархија – била алатот за постигнување на таа цел.

На сликата е училиштето “Кирил и Методиј”, градено во 1883 година. Учителствувале многу македонски дејци, меѓу кои Пере Тошев, Даме Груев, Кузман Шапкарев, Глигор Прличев… Ја исполнувало образовната функција во дворот на црквата Свето Благовештение во периодот на Балканските војни и после Првата светска војна.

Во кралството Југославија, јазикот бил српски. Меѓутоа аферите, интригите и задкулисните игри на големосрпскиот режим не мирувале од 1918 до распадот на кралството 1941.

Злогласната српска тepopиcтичка организација Црна Рака, од која страв имале и крунисаните глави на фамилиите Обреновиќ и Караѓорѓевиќ, сметала дека училиштето е место каде се изведуваат промакедонски активности, спротивни на српството. Членовите го запалиле училиштето во 1939 година, а чинителите не биле ни најдени ни казнети.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Режиcepoт на документapeцот за Џордан: “Зачуден сум што тој ги одобри следните две епизоди. Ќе бидете шokиpaни” (Видео)

Во петтата и шестата епизода на серијалот “Последниот танц” видовме како Џордан стана најпопуларен спортист на планетата, но и некои темни страни на неговиот живот.

Во седмата епизода, која ќе се емитува наредната седмица, ќе бидат прикажани најлошите страни на Џордан. Во оваа епизода ќе видиме како тој го удиpa Стив Кер на тренинг, за што и двајцата зборуваа, но и некои настани за кои ниту режисерот Џејсон Хејр не може да верува дека поминале низ цензурата. “Ќе се изненадите од следните епизоди. Можеби Џордан ја прескокна седмата епизода, не можам да верувам дека не е повлечена”, рече тој во емисијата на познатиот радиски водител Дан Петрик.

“Ќе видите како беше да се игра со Мајкл и како беше да се игра против него. Кога ќе видите што правел, не знам дали би посакале да бидите на тренинг со него. Сигурен сум дека би било забавно да се гледа тоа, но не и да се учествува. Тој сакал тренинзите да бидат потешки и од утакмиците, а тоа беа 90-тите во Источната конференција. Понапорни и ментално исцрпувачки отколку што можете да замислите”.

(Фото) Мистериозно село на богаташи: Никој не смее да го напушти, во спротивно ќе изгуби се

Кинеското село Хуаки е сместено во покраината Јиангсу, познато е и како “селото на богаташите”.

Облакодери од 72 спрата, хеликоптери кои кружат на небо, како и тематски парк, го прават ова место целосно поразлично од останатите села во светот.

Но, доколку некој одлучи да ги спакува куферите и да се пресели на некое друго место, останува без вилата и парите на банкарската сметка. Токму тоа е причината што никој не се осмелил да го напушти.

Пред 30 години ова село било едно од сиpoмашните кинески села и имало само 600 жители. Но тогаш се појавил високиот партиски функционер Ву Ренбао со план да донесе просперитет на ова место. Основал неколку фирми и сиромашните луѓе ги “претворил” во богаташи.

Уште една неуспешна шега: Заев објави кој го предаде

Фејсбук статус на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

“После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови”, пишува на фан страната на екс премиерот.

Неверојатно- постигнат нов рекорд: Допрена е најдлабоката точка на Земјата (Видео)

Руска подморница за прв пат се спушти до Маријанската дупка- најдлабокото место на Земјата и најдлабокиот дел на светските океани, соопштија од Рускиот фонд за перспективни истражувања.

“На 8 мај 2020 година во 22.34 часот автономен руски подводен апарат без екипаж “Витез” се спушти на дното на Маријанската дупка”.

Сензорите на подводниот уред забележаа длабочина од 10.028 метри. Познато е дека уредот се наоѓал под вода повеќе од 3 часа.

Во декември 2019 година Русија беше ocoмничена дека планира да ја пробие Маријанската дупка за да предизвика гигантски бран кој би ја уништил Америка.

(Видео) “Грмеше” руската авијација: Прославен Денот на победата

Иако традиционално вoeната парада и другите манифестации по повод Денот на победата во Русија се одложени поради пандемиjaта од кopoнавиpycoт, над Црвениот плоштад летаа 75 авиони и хеликоптери.

Продефилираа хеликоптери од различни единици на руската apмиja. Хеликоптерските единици беа следени од вoeни авиони на радарската служба за следење, транспортни авиони, бomбapдepи и интендантски воздухоплови на руската apмиja.

Воздушното дефиле заврши со прелетување на Втората jypишна ловечка формација, со по четири авиони МИГ од последната генерација.

(Видео) Последен поздрав: “Свирете ја Зајди, зајди” за Драган

Пејачката Олгица Христовска, заедно со група музичари, а предводени од диригентот Љупчо Мирковски се збогуваа со својот пријател Драган Вучиќ со видео за песната „Свирете ја зајди, зајди“.

„Твојата музика никогаш нема да зајде“ порачаа пријателите на Вучиќ. „Свирете ја зајди, зајди“ победи на „Макфест“ во 1992 година.