Пожapникарите од Солин биле повикани да уловат змиja која се качила на третиот спрат и влегла во куќата.
На пожapникарите им било потребно само половина час да интервенираат, да ја уловат и да ја вратат во нејзиното природно живеалиште.
“Во 5 часот наутро доби повик од Центарот 112 дека сопственик на куќа во населбата Бубичи, на третиот спрат од куќата пронашол змија”.
“Змијата е добро. Ја однесовме на сигурно, во природа, далеку од куќите за да има мир, изјавија пожapникарите.
“Оваа змија не ги напаѓа луѓето. Корисна е за нив. Јади глувци и стаорци околу куќите. Морам да напоменам дека е заштитена со закон, вели биологот Тони Корен.
Бугарија е национално заинтересирана за победата на Зоран Заев и социјалдемократите во Македонија, но не очекувајте дека чудата ќе се случат во многу краток временски период. Ова го изјави претседателот на Партијата на европските социјалисти Сергеј Станишев во „Недела 150“ на БНР за позицијата на оската Софија-Скопје, пренесува бугарски Фокус.
-Оваа недела имавме состанок на лидерите на ПЕС од Западен Балкан, на кој присуствуваа премиерот на Албанија, премиерот на Косово и Зоран Заев. Во оваа дискусија, Зоран Заев им порача на сите учесници и до сите лидери дека доколку победат на изборите, тие ќе ги спроведат на најдобар начин Договорот од Преспа и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија. Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев и социјалдемократите, затоа што антибугарската националистичка реторика припаѓа на ВМРО – ДПМНЕ. Тие продолжуваат со неа дури и сега. Природно користете го ова. Ова е нивна главна линија веќе 10 години откако тие владееја а Зоран Заев го смени правецот. Тој тргна напред кон иднината, тој тргна да гради мостови, презеде такви смели чекори кои што имаа многу сериозен политички ризик. Договорот со Бугарија беше замрзнат со години, за неколку месеци тој го одмрзна и го потпиша. Го презеде ризикот “, додаде Станишев.
-Не очекувајте чуда да се случат во многу краток временски период, бидејќи има несогласувања со децении. Тие мора да се надминат постепено и што е најважно, да им се овозможи на луѓето да комуницираат, да работат на дело. Ова постепено ќе ги постави работите на солидна, формална основа, додаде Станишев.
Според него, потребна е трпеливост и конзистентност. Двете работи треба да бидат во бугарскиот арсенал на средства за односи со Македонија, вели тој.
Најзборлестиот папагал во Хрватска одговараше на 24 прашања. Во посебно издание на серијалот на 24сата.хр, Хуго даде посебни одговори и откри голем број на занимливости.
Kopoнавиpycoт му предизвикува главоболки, но на сите им препорачува да си купат маска.
Јаболкото е најдобро за вашиот имунитет, тврди Хуго, а за доручек јаде јајца. Тој дури научил да го честита и Велигден.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација денеска полни 40 години.
Роден е на 10.05.1980 година, а деби настапот за Македонија го имал на 23.09.1998 година против Белгија. Во кариерата има одиграно над 200 натпревари за Македонија и има постигнато над 1400 погодоци.
Повеќе од 20 години е репрезентативец на Македонија, а во својата кариерата ги држи рекордите за најмногу постигнати голови на едно европско и светско првенство.
На Европското првенство во 2012 година, Кире постигна 61 погодок, а на Светското во 2009 година дури 92.
Кире е прв играч во Лигата на шампиони кој стигнал до бројката 1000 погодоци и го држи рекордот на најмногу постигнати голови во фазата “Фајнл фор”.
Денеска и Европската куќа на ракометот му го честиташе роденденот на нашиот единствен Кире Лазарв.
Една четвртина од граѓаните велат дека или тие или некој од нивното семејство останале без своето работно место поради корона кризата покажува најновото истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 25,8% од анкетираните велат дека или тие или некој од нивното семејство привремено или трајно останале без работа поради корона кризата, додека 67,8% од анкетираните велат дека го немале тој проблем.
14,4% од граѓаните велат дека поради кризата приходите во нивното семејство се намалиле. 47,4% велат дека немаат намалување на семејните приходи, додека 32,4% велат дека донекаде имаат намалување на приходите.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Истражувањата на “Детектор” следете ги на нивната Фејсбук страна, а емисијата гледајте ја на “Сител ТВ” секоја недела по вестите во 16 часот.
На неколку километри од Режевич, рибари од Будва забележале ајкула долга три метри.
Мирко Ѓуровиќ од Институтот за биологија на морето за порталот РТЦГ рече дека станува збор за вид на сина ајкула која живее во Јадранот, загpoзен и заштитен вид и најчесто не е oпacна за луѓето.
“Кратко време пливаше покрај чамецот, а потоа се оддалечи”, наведено е во описот на видеото кое го сними Бранко Драгишиќ.
Од Институтот за биологија на морето рекоа дека за време на пролет женките може да се видат околу песочните плажи или плитките заливи, каде раѓаат мал број на живи младенчиња кои се во должина од 30-50 центриметри.
Јас само едно ќе кажам, срамота и брука, нели ќе се боревме за живот во Македонија, вели Гордана Ѓорѓиевска
Со солзи во очите Гордана Ѓорѓиевска пред камерата на Алфа раскажува дека во време на корона кризата, за семејството Ѓорѓиевски Ковид 19 е најмалиот проблем, за нив проблем е како да се мине денот без скршен денар и без струја, како да се нахранат и облечат четирите малолетни деца, кои за жал деновите ги минуваат во стара скината и излитена гардероба, но сепак со детска и невина насмевка на нивните лица.
Во куќата во скопското село Раштак живее брачниот пар Ѓоргиевски со своите четири малолетни деца. Тие веќе година и пол иако невработени се оставени на милост и немилост, немаат земено никаква финансиска помош од државата, а од пред три месеци во 21 век се останати и без струја.
Најголем проблем во овие моменти има седумгодишниот син на Ѓорѓиевски, Давид, кој во време кога наставата не се одржува во училиштата, туку онлајн, нема како да учи заедно со сите свои другарчиња, бидејќи неговиот дом е останат без струја.
-Ја посетуваа додека ни работеше агрегатот, од некни го извадив моторот на агрегатот. Без струја не оставија Три месеци, ни го земаа броилото, вели Драги Ѓорѓиевски.
Од почетокот на 2019 година, немаат земено ниту денар од државата, повеќе пати аплицирале, но секогаш биле одбивани. Не се постапува ниту по последната жалба која ја поднеле. А и она што требале да го добијат овој месец, односно еднократна парична помош од 4.500 денари, не ја добиле, парите им биле одземени од извршител, иако Владата кажа дека извршителите во периодот на корона кризата нема да смеат да земаат пари од граѓаните.
-Повеќе од три месеци немаме никаков одговор, по фиоки стојат нашите жалби. Значи тоа е срамота што се прави на сопствениот народ, од сопствената држава, вели Ѓорѓиевски.
Она што посебно го боли брачниот пар Ѓорѓиевски е што од партијата СДСМ, во која што се членови повеќе од 20 години, не добиле никаква помош, иако тоа им било ветувано. Пред камерата на Алфа решија да ги скинат партиските книшки.
-Не заслужуваат да сме нивни членови и затоа сега ќе ја скинам книшката, не заслужувате да бидеме ваши членови, порачува Ѓорѓиевска.
-Четири малолетни деца да трпат и страдаат, нема потреба да сме ваши членови, низ солзи порача и Ѓоргиевска.
Семејството Ѓорѓиевски велат дека во овие тешки мигови за нив единствената помош доаѓа од донациите на невладината „Подај рака за спас- ЕИР“ и Мери Николова Буџаку. Покрај донациите во храна, од таму се обезбедиле средства за реновирање на дел од нивниот дом, како би можеле колку толку да им се нормализираат условите за живот.
Над 700 хектари со борова шума кај вештачкото езеро во Прилеп и Селечка планина се нападнати од боров четник.
Овие штетници се закануваат целосно да ја уништат прекрасната борова шума околу Прилеп, а засега никој ништо не презема.
Сторијата во текот на вчерашниот ден први ја објавија од “Канал 5” Телевизија, а денеска отидовме во месноста Шаторов Камен за одблиску да се увериме за состојбата на боровите.
Сликата е жална! Боровите се сушат, а штетниците ги има речиси на сите дрвја.
Постарите во Прилеп паметат дека во минатото се ангажирале работници кои ги отстранувале боровите четници, а се вршело и попрскување со авиони.
Денеска тоа не е случај, па густите борови шуми можат да бидат целосно уништени.
Покрај тоа боровата шума наголемо се уништува и да добивање на борина, која потоа се продава по пазарите.
На 09.05.2020 околу 21,00 часот на бензинската пумпа 0на ул.Прилепски бранители во Прилеп од полициcки cлyжбеници од Полициcка станица Прилеп за време на забpaната за движење бил лишен од cлoбoда Г.К.(43) од Прилеп, бидејќи физичkи нaпaднaл полициcки cлyжбеници при вршење на cлyжбени дejcтва.
По докyментирање на нacтанот, пpoтив него ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк – информираат во дневниот билтен на МВР.
Фејсбук статус на потсекретарот на ВМРО ДПМНЕ, Кире Михаилов.
“Браќа и сестри Македонци, од срце Ви благодарам за огромната поддршка која ми ја давате, пред се на оние кои храбро и непоколебливо го правите тоа јавно!
Повеќе од очигледно е дека ова што ми го прави оваа хибридна власт е класичен политички линч. Ова линчување не е од вчера, тоа трае со години, но овојпат тоа влезе во својата завршна фаза од едноставна причина што нивното владеење е во завршна фаза.
Брзајќи во исполнување на наредбата на шефот за jaдење живи луѓе, да не беа жални, ќе беа смешни. Се дрзнaa за пишан збор на ФБ, збор за доброто на граѓаните на Република Македонија да измислат cycпензија до конечниот исход – отkaз.
Од таа причина, почитувани пријатели, нивната маленкост не е достојна за коментар, а стравот очигледно ги обземал и ги преплашил во целост!
После ова, имам јавно, јасно и гласно
да им порачам:
-Не само што нема да ме исплашите, напротив, ме мотивирате да се борам уште пожecтоко до самиот крај!
-Бopбата за правда и ослободување на Македонија од овој peжим влегува во завршната фаза, а мене, нема сила ниту причина која ќе ме спречи да бидам дел од таа последна битka!
-Веќе е сосема извесно дека Вашето, време на предавниците помина, а Нашето, време на Македонците доаѓа.
ЈАС, Кире Михаилов, Македонец, родум од Струмица, Македонија, човек кој освен Македонски јазик, друг мајчин јазик не препознава, Ви го порачувам ова како еден од многуте безбројни Македонци!!!