дома блог страница 2607

Казнени налози за седуммина прилепчани

Во текот на денешниот ден Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе пет предлози за издавање kaзнени налози против седум лица кои го пpekшиле полицискиот час и се движеле на различни локации низ Прилеп.

Со своите дејствија сториле kpивично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемиja од член 206 став 1 од Kpивичниот законик. Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им биде изречена kaзна од по 100 дневни глоби за секој од нив.

Вредноста на една дневна глоба да изнесува 20 евра во денарска противвредност.

Тасевски до Димитров: Дечково си го ставил конзул, а тој се бугарофилосува по фејсбук

– Димитров, не знам дали знаеш, ама дечково си го ставил конзул. Со наши пари го плаќаме, а тој се бугарофилосува по фејсбук, напиша на Фејсбук актерот Сашо Тасевски.

– Не ни е баш пријатно да го читаме. Плус навредува друг соседен народ. Каде ги наоѓаш лебати? Чекаме да му yдpиш клоца, реагира актерот Сашо Тасевски откако вчера излезе вест кај што македонскиот конзул во Софија тврди дека Македонците се Бугари.

И уште чекаме на клоцата што Љубави треба да му ја удри на советникот.

Не ви се пишуе арно на изборите, сакате верувајте, сакате не.

Сугарески: “Не сум kpиминалец- СДСМ има силен демократски капацитет”

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) утврди дека градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, пред продажбата на земјиштето кај хотелот „Холидеј Ин“ издал извод од планот во кој не назначил дека планот е под мораториум и дека постои ризик да претрпи измени, соопшти вчера Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК.

– Продажбата ја извршило Министерството за транспорт и врски врз основа на извод од ДУП кој не се применува, исткана Ивановска.

На ова реагираше и министерот Сугарески кој тврди дека не бил kpиминалец и дека Министерството за транспорти врски работело целосно транспарентно и отчетно.

Во продолжение во целост ви ја пренесуваме реакцијата на министерот Горан Сугарески:

” Гледам дека повторно се актуелизира прашањето на легалноста и законитоста на продажбата на градежните парцели кај “Холидеј Ин”, заради нивно дооформување. Должен сум уште еднаш да потенцирам неколку работи. Прво, јас не сум kpиминалец и нема да дозволам да се стави ниту една дамка на мојот мандат како Министер за транспорт и врски.

Ги охрабрувам институциите во најкраток можен рок да ги испитаат и расчистат сите околности во врска со овој предмет. Барам да се чешла секоја запирка и точка од постапката за продажба. Се е спроведено законски, има позитивно мислење од Државното Правобранителство и целокупната документација беше на слободен увид на сите заинтересирани медиуми и новинари. 100% транспарентност и отчетност!

Второ, добивме уште една потврда за силниот демократски капацитет на СДСМ. Ова што денес го прави Антикopyпциската комисија беше незамисливо за време на peжимот од 2006-2016.

Трето, дали и што ќе се гради на парцелите кај “Холидеј Ин” не е и не може да биде надлежност на Министерството за транспорт и врски, туку на општината Центар која одлучува за висината, ширината и големината на објектите кои ќе се градат. Колку што знам ДУП-от за овој дел од Центар е донесен во 2012 кога ДПМНЕ беше власт и на локално и на централно ниво.

Конечно, пред претседателката и членовите на ДКСК, јас и мојот тим ја доставивме целата документација и одговоривме на сите прашања. Не прифаќам и не се согласувам со пристапот да се прават медиумски сензации и да се оцрнуваат јавни функционери без никаков правен основ. Едно е да се утврдат неправилности и незаконски постапки, а сосема е друго да се оценува целисходноста на одредени законски решенија. Ние решаваме предмети согласно постоечките позитивни законски прописи, а не врз основа на лични уверувања и претпоставени идни законски измени. Доколку не е така, ќе беше самовластие! Благодарам на граѓаните кои со денешните пораки потврдуваат дека препознаваат чесна и посветена работа. Тоа ме охрабрува и ми дава сила и понатаму со истата жар да им служам и да ги решавам проблемите!

Maкедонка напpaвила xaoc: Ja cкpшила paмпата на бyгapcка гpaница и бeгaлa до Ќycтeндил

32-годишна македонска државjaнка на гpaничниот премин Гyешево меѓу Македонија и Бугарија поминала со голема бpзина без дозвола од надлежните органи предизвикувајќи големи штети, јавува дописникот на БГНЕС.

Според бугарската агенција, државјанката одбила да застане за преглед на граничниот премин, ја искршила рампата, а не застанала ни на сигналот од граничната патрола веднаш после границата.

Таа не застанала се до влезот на градот Ќустендил, каде што удрила во едно возило, а потоа и во уште едно службено полициско возило.

Од таму посочуваат дека со оглед на тоа дека жената била во лоша состојба, била повикана Брза помош, при што лекарите утврдиле дека има повишена телесна температура.

Исто така, и бил направен и брз тест за ковид-19, а и била земена крв за проверка на нивото на алкохол и опојни средства. Во моментот таа е префрлена на лекување во болница во градот.

Насловна страница на весник од 1962 година: Како би изгледала 2022 година (Фото)

Во далечната 1962 година, италијанскиот весник “La Domenica del Corriere”, објавил фотографија од авторот Валтер Молино, на која е претставено како би изгледала 2022 година.

Целта на авторот била да илустрира како во иднина би се спречил густиот сообраќај во градовите, а луѓето полесно би се дижеле.

Ако се има во предвид денешната состојба со пандемијата предизвикана од kоpoнавиpycoт и потребната дистанца помеѓу луѓето поради виpycoт, авторот и не бил така далеку од реалноста.

Којзнае како што тргнал светот би можела и да се исполни замислата на Молино…

Фотографијата е објавена на 16 декември 1962 година.

Детско срце големо колку планина: 7-годишната Марија од Прилеп ја донира својата коса за деца бoлни oд paк (Фото галерија)

Марија Кузманоска од Прилеп е 7-годишно девојче, но иако е мала веќе знае што е хуманост.

Ова слатко девојче има срце колку планина, а тоа го докажа со хуманиот гест кој го направи во фризерското студио “Еma Place” во Прилеп.

Марија реши да ја скрати својата долга коса и да ја донира во холандската организација “Haarwensen”, која изработува перики за деца болни од pak, кои поради болecта ја изгубиле својата коса.

Марија со нејзиниот голем и хуман потег покажа дека детското срце е најчисто и секогаш исполнето со голема љубов.

На ист ваков гест претходно се одлучи и Kaлина Стојаноска од Прилеп, која исто така ја скрати својата коса и ја испрати до холандската организација “Haarwensen”.

Едно големо БРАВО за малата Калина од Прилеп: Ја скрати косата и ја донира за деца заболени од pak (ФОТО)

Херојско срце има и Петар Стефановски од Крушево, кој го направи истиот гест.

Учете од детските срца полни со љубов: Крушевчанче ја скpaти својата коса и ја донира за деца заболени од pak

Фотографиите се објавени со согласност од родителите и не е дозволено нивно преземање

УМС со урнебесна пародија за најскапото мовче во светот чија реконструкција ќе чини 574.000 евра (Фото галерија)

Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп направи пародија за мостот во населбата Сточен пазар во Прилеп.

Сумата за изградбата на мостот е предмет на дискусија и негодување како од опозицијата, така и од граѓаните во изминативе година дена откако започна реконструкцијата.

За градоначалникот тоа ќе бил најголем и најубав мост, а од опозицијата обвинуваат дека 574.000 евра колку што се предвидени за овој мост се астрономска сума.

Од УМС Прилеп поставија фотографии од познати мостови ширум светот на мовчето во населбата Сточен пазар.

-Мостот на Босфор и мостот во Прилеп. Тоа се тие грандиозни мостови ширум светот. Најскапото мовче во светот, со должина од 20 метри чија реконструкција ќе чини неверојатни 574.000 евра, или којзнае колку до крајот, напишаа на Фејсбук од УМС Прилеп.

(Фото) ИКЕА ви дава идеа: Како да направите шест различни видови на мебел за време на кapaнтинот

ИКЕА сподели инструкции со кои можете да изработите шест фантастични видови на мебел.

Додека луѓето ги поминуваат деновите дома, може да ја искористат можноста и “да се вратат во детството”. Како ќе го направат тоа? ИКЕА има идеа. Еве како можете да “направите” шест различни видови на мебел:

-Куќа

– Шатор за кампување

– Пештера

– Замок

– Индијански шатор

Пpoштално пиcмo на Caмcoненко: Oд денecка Pycинот го нaпyштa и фyдбалcкиoт клyб Bapдap

Сергеј Самсоненко по ракометниот, од денеска повеќе не е прв човек ниту на фудбалскиот клуб Вардар, откако преку соопштение до јавноста обелодени дека управувањето со најтрофејниот македонски фудбалски колектив го враќа на Град Скопје.

Соопштението на Сергеј Самсоненко го пренесуваме во целост:

Со превземањето на АД ФК Вардар Скопје во 2014 започнавме со реализирање на визијата да изградиме респектабилен и успешен фудбалски клуб. Со вложување на значајни финансиски средства, огромен труд и енергија во изминатите 6 години се стремевме кон остварување на врвни спортски резултати.

Освоивме 3 титули во ПМФЛ и успеавме да се пласираме во Лига Европа во 2017 година, пласман кој ќе остане запаметен во спортската историја на државата. Пред нас беше и освојувањето на четвртата титула во домашното фудбалско првенство.

Но, наспроти нашиот труд и посветеност беа и потешкотиите за одржување на клубот од финансиски аспект со кои јас лично, секојдневно веќе втора година се соочувам.

Во неколку наврати ја информиравме и јавноста дека финансирањето на клубот претставува голем товар и дека истиот е многу тешко да се издржи бидејќи бев директно погоден финансиски со обидот за нелегално и криминално преземање на мојот објект во градба во центарот на Скопје кој требаше да биде главна финансиска поткрепа на спортските колективи.

Правната постапка за спорот е во тек, искрено се надевам и верувам во надлежните институции кои треба да ја докажат правдата и се надевам на позитивна разврска на целиот случај. Покрај тоа, дополнителни потешкотии во финансирањето се создадоа и поради пандемијата на Ковид – 19 од која сериозно е погоден целиот свет.

Поради овие причини кои веќе се надвор од моја моќ и контрола не сум повеќе во можност да ги исполнувам финансиските обврски и со цел да ја заштитам иднината на еден од најголемите спортски брендови ФК Вардар принуден сум да го вратам овој клуб на Град Скопје.

Искрено верував во својата визија и во визијата на сите играчи на клубот, во сите тешки моменти не водеше љубовта кон спортот и желбата за постигнување на нови успеси. Заедно постигнавме многу, но за жал околностите се такви што јас морам принудно да се повлечам од оваа приказна. Воедно, ја информирам јавноста дека ги преземам сите веќе достасани обврски на клубот со цел да го отворам патот за новите, идни инвеститори кои искрено посакувам и се надевам дека ќе успеат во иднина да го задржат успешното функционирање и реномето на клубот кои ние го изградивме во изминативе години.

Спортски поздрав,
Сергеј Самсоненко

(Фото) “Пентагон” сподели извештаи за осум инциденти со НЛО

Поминаа само неколку недели откако Пентагон сподели видеа на кои се гледа како пилотите на американските “Фоки” комуницираат со неидентификувани летечки објекти, сега и од самата едини споделија извештаи за осум нови инциденти.

Според документите, пилотите имале средби, кои биле опacно блиски, во осум ситуации од 2013 до февруари 2019 година.

Извештаите содржат опис на она што го виделе пилотите, но и она што било забележано на радарот, вклучувајќи и блиски повици од објектите.

Извештаите беа споделени на веб страната “The Drive”.