Maкедонка напpaвила xaoc: Ja cкpшила paмпата на бyгapcка гpaница и бeгaлa до Ќycтeндил

32-годишна македонска државjaнка на гpaничниот премин Гyешево меѓу Македонија и Бугарија поминала со голема бpзина без дозвола од надлежните органи предизвикувајќи големи штети, јавува дописникот на БГНЕС.

Според бугарската агенција, државјанката одбила да застане за преглед на граничниот премин, ја искршила рампата, а не застанала ни на сигналот од граничната патрола веднаш после границата.

Таа не застанала се до влезот на градот Ќустендил, каде што удрила во едно возило, а потоа и во уште едно службено полициско возило.

Од таму посочуваат дека со оглед на тоа дека жената била во лоша состојба, била повикана Брза помош, при што лекарите утврдиле дека има повишена телесна температура.

Исто така, и бил направен и брз тест за ковид-19, а и била земена крв за проверка на нивото на алкохол и опојни средства. Во моментот таа е префрлена на лекување во болница во градот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.