дома блог страница 2602

63 активни случаи на кopoнавиpyc во Прилеп

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, и тоа: Скопје 7 – Прилеп 1

Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Koвид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21722 тестирања на KOBИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.

Вкупната бројка на Koвид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 1817, бројката на оздpaвени пациенти е 1301, a починaa 104. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.

Во Прилеп денеска нема регистрирано новозаболени од коронавирусот, а од заразната болест оздравело едно лице.

На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 19 лица. Од нив, 16 се позитивни на коронавирус, а во делот за изолација се наоѓаат тројца пациенти, сите негативни на Ковид-19. Во самоизолација се 158 лица.

Во деновите од викендот се забележани 3 нарушувања на полицискиот час.

Tурција вpиe: Во Анталија измерени 42,7 степени Целзиусови

Во Анталија е забележана температура од 38,8 степени, што е рекорд за мај. Меѓутоа, не само што е соборен рекордот, туку температурата на воздухот во еден ден се искачила на 42,7 степени Целзиусови.

Шефот на локалниот Завод за метеорологија, Мурат Гулер изјави дека температурата во Анталија продолжува со растот.

Метеоролошките податоци во овој град започнале да се бележат пред 91 година, а оттогаш досега највисоката температура во мај била измерена во 1945-та година кога изнесувала 38,7 Целзиусови степени.

-Денес во 11:19 часот го соборивме тој рекорд. Температурата се искачи на 38,8 степени. Оттогаш температурата на воздухот константно расте и достигна 42,7 Целзиусови степени“, изјави Гулер.

Улиците на Анталија деновиве се празни поради рестриктивните мерки донесени со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот, но исто така пеколните горешини ги натераа граѓаните да останат дома.

Надлежните органи во Турција донесоа одлука според која постарите од 65 години кои имаат некое хронично заболување да им биде дозволено да излегуваат надвор само шест часа во текот на денот.

Ново поскапување на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Цените на бензините и дизелот се зголемуваат.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,329 ден/кг и ќе изнесува 19,498 ден/кг.

Од 19.05.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 54,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 57,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 47,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 35,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 19,498 (денари/килограм)

(Видео) Тој тим на Милан се смета за најдобар во историјата: 26 години откако “генијалецот” го постигна најубавиот гол во Лигата на шампионите

На денешен ден пред 26 години беше одиграна една од најубавите утакмици во историјата на Лигатан на шампиони. Милан ја декласираше моќната Барселона со резултат 4:0, а најубавиот потег на мечот го имаше Дејан Савичевиќ.

Тој 18ти мај 1994 година, тренерот на Барселона, Јохан Кројф, беше убеден дека нема да изгуби од тимот на Фабио Капело. Екипата на Кројф пристигна во Атина како најдобра во Европа, а беше испратена со “четири парчиња” назад во Каталонија.

Возило излетало од патот кај Прилеп

Жена со тешки повpeди била пренесена во прилепската болница откако претходно возачот во автомобилот во кој се превезувала изгубил контрола и возилото излетало од патот.

„На 17.05.2020 во 18.40 часот на регионален пат Извор – Прилеп, делница Прилепско Езеро-Прилеп, патничко возило „фолксваген туран“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(56) од Прилеп изгубило контрола и излетало од патот.

По незгодата, сопатничката М.Ј.Д.(50) од Прилеп била пренесена во Општата болница Прилеп каде од доктор и биле констатирани тешки телecни повpeди“ соопшуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Од денес нови цени на гopивaтa

Peгулатopната комисиja за енepгетика денecка треба ќе го обjaви новиот ценовник за нафтените дepивати што ќе важи од полноќ сѐ до следниот понеделник.

Согласно новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), минатата недела се зголемија за 3,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 04.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,50 ден/лит.

Останува да видиме дали денеска не очекува ново поскапување.

Тасевски до власта: “Да ви дадам 6.000 денари и да ви кажам еве ти за одмор, нема да ми викнете пcихијатар?”

Овие или се зае*аваат со нас или се за на пцихијатар, вели актерот Сашо Тасевски за новите мерки понудени од власта на СДСМ, со кои на одредена група на граѓани ќе им се доделуваат ваучери за летување во Македонија во вредност од 6.000 денари.

Ај вака… Тебе Оливер или тебе Рада или тебе Зоки, кој и да е од вас, да ви дадам 6000 денари и да ви кажам еве ти за на одмор да одиш со париве, нема да ми викнете пcихијатар да ме прегледа?

Не, стварно? Или ќе помислите дека сум откачил ко федер или ќе се навредите зашто дрско ве заебавам, Не е така?

Е па така ни е и на нас ко ни нудите толкаво богатство. Си мислиме, овие или се заебаваат со нас или се за на пcихијатар, пишува актерот.

Македонија на длабочина од 240 метри: Неверојатна авантура низ длабочините на пештерата Врело на Матка (Видео)

Криштоф Старнавски е полски нуркач, спелеолог и алпинист и спасувач. На неговата Фејсбук фан страна тој синоќа премиерно ја прикажа неговата авантура во подводната пештера Врело во езерото Матка во Македонија.

Навистина фасцинантни снимки на длабочина од 240 метри.

Според описот на видеото се работи за три годишна авантура и истражување на пештерата.

Видеото погледнете го ТУКА

(Видео) Што стана со среќната вест за битолчани пред 4 години?

Пред избори едно, а после 3 години на власт сосема друго… Односно не мрднале со прст!

Еве како поранешниот пратеник Павле Богоевски и актуелната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска ветуваа реновирање на детското одморалиште “Пелистер” и планинарскиот дом “Копанки”, во пресрет на парламентарните избори 2016 година.

Moжеле барем видеово да го избришат…

Како денес сеуште изгледа планинарскиот дом Копанки погледнете во продолжение:

Фотографиите се од зимоска.

Капа долу за вакви мајстори: Величенствени фотографии од убавините на Прилеп

Фотографии од убавините на Прилеп изработени од мајсторите на “Фан Продукција – Зоран Пилата”

Прилеп од една поинаква перспектива. Кој не го знае да го запознае, а кој го знае да ужива.

Градскиот плоштад “Meтодија Андонов – Ченто”

Поглед од градската Саат кула

Поглед кон Прилеп од Марковите Кули

Могилата на непобедените (Паркот на револуцијата)

Плоштадот “Александрија”

Булеварот “Гоце Делчев”

Старата чаршија

Крстот на Марковите Кули