дома блог страница 2577

Димитров само на албански, Рада се фотографира со обележја на УЧК – што се случува со министрите во Владата?

Вчера на социјалните мрежи се појави контроверзна фотографија, на која актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, позира до градоначалникот на Кичево, а позади нив стојат обележја од УЧК.

Шекеринска со оваа фотографија предизвика лавина реакции во јавноста.

Денеска вниманието го привлече министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој напиша статус со благодарност само на албански јазик.

Димитров преку овој статус му се заблагодарува на колегите дипломати од Албанија, кои помогнале 50 студенти од Македонија што студирале во Саудиска Арабија да се вратат дома.

Министерот исто така умешно го изостава името на нашата држава и става знаменце, па дел од реакциите се однесуваат на тоа дали Димитров се срами од “северна”?

Ристески: “Радо ти си срам и мизериja за MAKEДOHИJA”

Фејсбук статус на екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески

“Без ни малку срам ја разрешивте Рашела Мизрахи за прес-конференција пред табла на која пишува “Република Македонија”….

Сега многу ме интересира како ќе реагира техничкиот Премиер и Влада за испадот на Рада со амблемите на УЧК во позадина?!?!

Како Рада ќе им го објасни овој срамен чин на семејствата на загинатите и илјадниците бранители кои застанаа на браникот на татковината ?

Како ќе им го објасни и на вработените на АРМ и Министерството за одбрана кои беа цел на терористички напади токму од УЧК?

Дали ти е барем малку незгодно и срам (убеден сум дека не ти е) од сопствениот народ со чија помош направи политичка кариера и земаш огромен износ на плата и провизии…а сопругот направи милионски бизниси?1?!

Во нормална држава, во најмала рака во истиот момент ќе беше разрешена и ќе имаше забрана да бидеш јавен функционер, а немаше да изостанат и демонстрации од илјадници граѓани пред твојот дом!

Радо, ти си срам и мизерија за Македонија и својот народ, истиот тој народ кој ќе те порази на наредните избори, кога ќе запаметиш со кој се однесуваш на овој начин и му распродаваш сѐ!”

“15.000 евpa за чиcтeње фoнтaни во Прилеп, а cмeткитe 60% повиcoки” (Видео)

Денеска јавноста одново ќе ја запознаеме дали постои уште една злоупотреба на парите на граѓаните? Директорот на Водовод и канализација, Емил Јанески, на 08.07.2019 година склучил договор со фирма за одржување на фонтаните во Прилеп во вредност од 939.139 денари, во траење од 1 година – изјави на денешната прес конференција Александра Сваќароска, кандидат за пратеник во четвртата изборна единица.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Со овој договор Јанески и ЈКП Водовод и канализација се обврзале дека ќе исплатат близу 15.000 евра пари на граѓаните за фонтаните во градот да бидат функцонални, чисти и уредни.

Со оглед на тоа дека ниту една од фонтаните во Прилеп во моментов не е во функција, а истите изгледаат запустени и руинирани, прашуваме:

Дали и колку од оваа предвидена сума Водовод има исплатено?

Кога Јанески планира да ги стави во функција фонтаните кои се украс на Прилеп, а се изградени од претходната локална власт?

Дали можеби планираат и останатите фонтани да ги затрупаат со земја и да ги направат тревници, како оние на улицата “Димо Наредникот”?

Се надеваме дека Јанески нема да молчи како градоначалникот Јованоски, кој веќе 1 недела не кажува ниту збор за милионските договори за зимско одржување на улиците.

Почитувани,

Неспособната власт на СДСМ во Прилеп од градот прави руина, а кризата со корона вирусот ја користат како изговор за нивното неработење.

Граѓаните гледаат дека овие луѓе не се способни да го одржуваат ниту она што се направило, а не пак да создадат нешто ново.

Кога веќе зборуваме за ЈКП Водовод, неминовно е да потсетиме и на најголемата лага на градоначалникот Илија Јованоски.

Прилеп благодарение на СДСМ, е град каде од минатата година граѓаните плаќаат за 60% повисоки сметки за вода, иако градоначалникот Јованоски ветуваше намалување за 20%.

Револтот на граѓаните од мегаломските лаги на СДСМ е огромен и тоа ќе се одрази со голем пораз на престојните парламентарни избори”.

Вонpeдната состojба продолжува уште 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата по седмата седница на Советот за безбедност истакна дека вонредната состојба ќе се продолжи во следните 14 дена.

-Одлуката за новите 14 денови е продолжена исклучиво со намера да и се дозволи на Владата подобро да се бори со здравствените и социоекономски предизвици и тоа нема никаква врска со датумот за одржување на изборите, рече Пендаровски.

Тој им се заблагодари на граѓаните бидејќи ги почитуваат препораките во изминатите три месеци, но, посочи дека не смееме да се опуштиме.

-Ние оваа битка сигурно ќе ја добиеме, но мораме да останеме совесни и одговорни до самиот крај, рече Пендаровски.

Инcпeкции што го кpшaт заkoнот го “capдиcaa” Пpилеп? (Фото)

Инспекциските служби на Државниот пазарен инспекторат денеска беа присутни во Прилеп и проверуваа дали се почитуваат препораките за работа во угостителските објекти.

Но, погледнете каде паркираат. Среде булевар пред самиот пешачки премин…

Дали ова е во ред? Тие ги кршат сообраќајните правила, а казната ќе ја платат прилепчани?

Рашела ја разрешија за името Македонија, Шекеринска со знаме на УЧК ништо не и фали

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска се фотографираше пред амблем на УЧК.

Фотографијата што кружи на социјалните мрежи предизвика лавина жолчни реакции во јавноста.

На фотографијата потпретседателката на Владата и на СДСМ е со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, во неговата канцеларија, а тој за средбата се огласи на Фејсбук.

Помина цело деноноќие, од Владата и провладините медиуми само молк. Изостанаа реакциите како во случајот со поранешната Министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи која беше разрешена бидејќи одржа прес конференција во ресорното министерство во прес центарот пред официјална табла на која беше испишано Република Македонија.

Пат околу светот со зелено “фиќо” (Фото)

Своето патување околу светот го прават со нивниот најдобар пријател, “фиќото”. Тие се Амар Чамо (310 и Лејла Чамо (28) од Босна и Херцеговина, а на инстаграм познати како “ficacrew”.

– Фиќото влезе случајно во нашиот живот, мојата мајка случајно го видела кај еден човек и ми даде идеја дека би било добро да го купиме. Кога одлучивме да го купиме, сопственикот веќе го продал, а ние зопчнавме со потрагата по малото зелено возило. Конечно успеавме да го најдеме, ја започнува својата приказна за српски “Блиц”, Амар Чамо.

– Фиќото не го купивме за да привлекуваме внимание, туку станува збор за љубов кон старите, а некогаш популарни автомобили. Во тој период планиравме да патуваме и ни беше потребен автомобил.

– Во досегашните патувања, видовме различни реакции од луѓето. Некои не гледаат како социјални случаи кои немаат пари за возило, додека има и такви кои ја сфаќаат убавината на она што го имаме ние.

-Фиќото е нашиот животен сопатник. Никогаш не не’ изневерило.

Душа малечка: Бисера здрава и жива ја напушти клиниката “Жан Митрев” и си замина дома (Видео)

Малата Бисера од Прилеп, јавноста ја запозна откако нејзините родители Александра и Оливер објавија неколку видео снимки од нивното девојче кое едвај диши, а со месеци лежеше во Детската клиника.

Родителите бараа детето да биде соодветно третирано, а потоа бараа и лекување во друга болница.

Под притисок на јавноста, Бисера ја напушти Детската клиника и беше згрижена во приватната клиника “Жан Митрев”.

Лекувањето таму чинеше многу пари кои семејството не можеше само да ги обезбеди, но тогаш се случи чудо. Голем број граѓани од Македонија и од странство донираа и за кратко време се собра сума која овозможи Бисера да биде третирана во клиниката на “Жан Митрев”.

Од клиниката денеска објавија видео на кое ја објаснуваат целата постапка на лечењето и го поопштија најважното дека малата Бисера заминува дома жива и здрава.

(Видео) Погледнете како изгледа луксузниот дом на Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ целиот период на изолација го помина во вилата Марбела.

Од Шпанија, земјата која беше меѓу најпогодените од кopoнавиpycoт, Ноле се јавуваше речиси секојдневно и разговараше со други тенисери и пријател, но и со експерти од областа на нутриционизмот, медицината…

Новак остана во вилата Марбела за да биде поблиску до неговиот брат кој живее во овој дел на Шпанија и кој работи во Академијата Пепе Имаз.

Милан прави неверојатни трансфери: Италијанскиот гигант доведува три српски репрезентативци

Росонерите наскоро во своите редови ги очкуваат Лука Јовиќ, Никола Миленковиќ и Предраг Рајковиќ.

Со доведувањето на овие играчи Милан ќе биде “балкански тим”, бидејќи во тимот моментално играат и Златан Ибрахимовиќ, Анте Ребиќ, Раде Круниќ и Беговиќ, пишуваат српските медиуми.

Никола Миленковиќ е вистински стожер на одбраната во Фиорентина, но клубот во овој момент се наоѓа во финансиска криза, па веројатно касата ќе ја исполнуваат со продавање на играчи.

Замената за Џанлуиџи Донарума, кој е на мета на многу клубови, Милан веројатно ќе ја бара во Предраг Рајковиќ. Србинот брилира на голот на Ремс и се смета за еден од најдобрите голмани во Европа.