дома блог страница 2576

Сите за виpycoт, Спacoвски за избори: Mopaло избopи на 5 jyли

Додека рапидно расте бројката на новозapaзени и починати од кopoнавиpyc во Македонија техничкиот премиер Оливер Спасовски упорно ја тера партиската агенда на СДСМ за брзи избори, пишува Курир.

-Јас посакувам политичките партии да имаа разбирање и консензус, пред се за почитувањето на Уставот и на законите. Се разговараше, добро е за демократскиот капацитет сите политички партии да учествуваат на изборите, а во оној момент кога не можат да се договорат политичките лидери, одговорноста мора да ја преземат институциите на системот. Ние вчера разговаравме и на Советот за безбедност се донесе одлука за продолжување на вонредната состојба за уште 14 дена, пред се, заради спроведување на економските мерки, заради можноста да се носат одлуки, уредби со законска сила за имплементација на овие мерки и согласно на тоа, ако се пресмета детално ќе видите дека изборите треба да се одржат на 5 јули — рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали СДСМ ќе излезе на избори без постигнат консензус со ВМРО-ДПМНЕ и како ќе се спроведува кампањата.

На изјавата на техничкиот премиер реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека Оливер Спасовски повика на избори на 5 јули во деновите кога се достигнува пикот на зapaзата со над 50-тина зapaзени и тоа значи дека Спасовски и Заев се директно одговорни за секој зapaзен и починат човек поради зapaзата со Ковид, затоа што тие нешто заштита на здравјето, паметот им е во фотелјите.

Поголема зapaза од Koвид, е заразата на лудилото наречено Заев-Спасовски кој ја втурнува државата во изборна кланица. Заев и Спасовски стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите. Во оваа држава приоритет број еден мора да биде здравјето на граѓаните. Лошите резултати со кои се соочуваме денес, се последица на лошото менаџирање во текот на изминативе 3 месеци, Комисијата за заразни болести која работи под диктат на Заев и наместо да работат самостојно беа само извршител на диктатите и политички желби на Зоран Заев, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

(Видео) “Левица објави депонија во УЗ “Сточен пазар”, страшни реакции кај народот?”

Претоварена станица за комунален отпад веќе подолго време предизвикува негативни влијанија врз животната средина, животот и здравјето на прилепчани, обвинуваат од Левица.

Граѓаните се гневни од ваквиот начин на управување со отпадот и на неговото складирање на само неколку метри од стамбени куќи. Освен тоа, прекршен е и законот кој определува дека ваков вид на времено чување е можно за период пократок од една година.

Граѓаните уште денеска имаат рок да ги потврдат дaнoчнитe пријави

Граѓаните уште денеска ќе можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат, од 1 јуни Управата за јавни приходи ќе ги смета даночните пријави за конечни.

По истекот на законскиот рок на 1 јуни 2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишните даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани – информираат од УЈП.

Годишната даночна пријава за 2019 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година.

Пријавата ги содржи сите приходи на лицето по основ на редовни приливи односно плата или пензија и приходите од дополнителна дејност. Граѓаните потврдата или корекцијата можат да ја направат преку своите кориснички профили на системот е-Персонален данок.

Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година на 10 мај годинава.

Teшка cooбраќajка на патот Градско-Прилеп

На 30.05.2020 во 12.50 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, пред крстосницата за Кавадарци кај с. Росоман, се случила сообраќајна незгода.

На 30.05.2020 во 12.50 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, пред крстосницата за Кавадарци кај с. Росоман, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.У.(58) од Велес и патничко возило „опел корса“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(45) од с.Сирково-Росоман.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобил возачот на возилото „опел корса“ и 13-годишен малолетник, сопатник во истото возило. Тие биле пренесени во Општата болница Кавадарци каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Понесете чадор: Се очекува пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и појава на грмежи.

Како што најавува УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде од 4 до 13, а максималната од 16 до 24 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Според УХМР, до средината на наредната недела ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината.

Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува постабилно и потопло време.

Млад прилепчанец стана дел од новиот суперлигаш на Кире Лазаров

Брз напредок на ЕвгенијТемелкоски. Веќе е младински репрезентативец

Во периодов на голема криза поради коронавирусот, доаѓаме и до убави спортски приказни. Нашиот млад сограѓанин, 19-годишниот Евгениј Темелкоски, бележи значаен напредок во кариерата. Како дете талентирано за спорт, со ракометот тргна од родниот град, а сега веќе е член на клубот Голден арт КЛ 7, сопственост на КиреЛазаров. Да се биде по вкусот на една светска ракометна ѕвезда, тоа е голема награда и привилегија. Патот до таму не беше лесен.

– Со тајните на ракометната игра се запознав во Академијата на некогашниот македонски репрезентативец Гоце Макалоски. По неколку успешни сезони како леворак бек, есента 2018 година преминав во РК Прилеп, каде бев дел од сениорскиот тим кој предводен од тренерот Пеце Велјаноски – Стипе, се натпреваруваше во Суперлигата – се потсетува Темелкоски.

Пролетта во 2019 година, во вториот дел од сезоната, веќе прераснува во еден од лидерите на младата екипа, предводена од амбициозниот тренер Адријано Котевски. Паралелно игра и за Младинската екипа, со која на завршниот турнир го освојува второто место во државата – вицешампионската титула. Влегува во идеалниот тим, како најдобро десно крило во целата младинска конкуренција. Есента заминува на студии по македонски јазик во Скопје, град каде ја продолжува ракометната кариера.

– Играв за новиот суперлигаш, Работнички, до пред завршувањето на годината, кога добив повик да се придружам на прволигашот Голден арт КЛ7. Клубот, иако формиран пред само една година, беше еден од главните претенденти за влез во Суперлигата, но се случи прекинот на првенството. Сепак, административно е одлучено клубот да биде суперлигаш, така што наесен ќе имам можност да се надигрувам со најдобрите ракометари во земјава – вели Темелкоски.

Тој се надева на повторен повик во Младата репрезентација, со која во април требаше да патува во Белгија, на турнир кој се откажа поради пандемијата.

И Прилеп суперлигаш

Машката Суперлига се проширува на 14 екипи. Меѓу нив е и Прилеп, досегашен прволигаш. Други нови членови на Лигата се Тиквеш (Кавадарци), Астраион (Струмица), Голден арт КЛ7, Јуниор КВ (Скопје) и Младост (Богданци). Суперлигашкиот статус го задржаа, Металург, Пролет Бутел, Работнички (Скопје), Охрид, Радовиш, Пелистер (Битола) и Струга, а во плеј-офот, меѓу најдобрите шест тима, ќе се приклучат Вардар (Скопје) и Еурофарм Пелистер (Битола).

Извор: “Неделник Зенит”

Дурловски со ново маестрално видео: “Maкедонец си ако знаеш дека знамето е многу повеќе од платно и боја”

Игор Дурловски продолжува со својата беспрекорна кампања на социјалните мрежи

Овој пат носителот на изборната единица број 5 на ВМРО-ДПМНЕ, објави видео во кое објаснува кога “СИ МАКЕДОНЕЦ”.

Трајче од “Северна” Македонија бара цигapa од Србин во Америка (Урнебесно видео)

Урнебесно видео кое ја насмеа цела Македонија, само со овие зборови може да се опише видеото кое го објави инфлуенсерот на Инстаграм „Роџак из Америке“.

Се работи за новинарот Александар Стојковиќ кој живее и работи во Њујорк, САД. Стојковиќ секојдневно објавува смешни видеа на неговиот Инстаграм профил каде го следат над 8.600 корисници.

Погледнете го видеото кое одекна на социјалните мрежи во Македонија

Повеќе видеа од Aлександар погледнете ТУКА

Maкедонци од Амеркика со ликот на Делчев порачаа: “Велат не нема, но еве сме по цел свет” (Фото)

Македонски иселеници во Соединетите Американски Држави носејќи маици со ликот на македонскиот револуционер Гоце Делчев порачаа: Велат не нема, но еве сме по цел свет.

ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО: НАСА и Спејс X прават историски подвиг во моментов

Компанијата SpaceX на милијардерот Елон Маск направи историски чекор.

Koмпанијата ги испрати косомонаутите Даглас Харли и Роберт Бекен на мисија во Интернационалната вселенска станица. Ова е првата мисија со екипаж на компанијата и прв пат во историјата приватна компанија испраќа луѓе надвор од орбитата на Земјата.

Шоуто го води НАСА, а нивниот партнер е Елон Маск.