дома блог страница 2563

Кога мажите ги кажуваат овие работи – лажат

„Жал ми е“ – моќна реченица што намрштеното лице веднаш ќе го направи насмеано. Повеќето мажи тоа одамна добро го знаат, па ја изговараат секогаш кога ќе направат нешто што не треба. После тоа следува познатото„Нема да се повтори“, или „Ќе се сменам“…

„Ма какви стриптизети, тоа не ме интересира“. Како што многу жени гледаат сапуници, мажите сакаат да гледаат убави жени како танцуваат голи, меѓутоа знаат дека за своите партнерки ова е неприфатливо, па полесно им е да излажат.

„Подоцна ќе разговараме“. Оваа реченица е оружје кое мажите го употребуваат секогаш кога ќе сакаат да избегнат тема која не им одговара. Иако велат дека за тоа ќе разговараат подоцна, всушност мислат „Никогаш“.

„Не сум ни помислил на друга“…Да, да! Фантазирање за друга жена одвреме навреме не е злосторство. Психолозите дури и го препорачуваат тоа, но повеќето жени не се согласуваат. И за да избегнат непотребни расправии мажите избираат да излажат.

„Не драга, не си дебела“. Се спремате за излегување и откако ќе се облечете прашувате- „Дали изгледам добро?“ На тоа веднаш добиваш одговор-„Не драга, секако дека не изгледаш дебело!“ Мажите мислат дека е ова единствениот одговор што жената сака да го слушне, па мислеле така или не, тие ќе ви го кажат.

Чудотворната “говор вода” излечила многу деца кои не можеле да зборуваат (Видео)

Ја нарекуваат “говор вода”, бидејќи со неа се излекувале многу деца кои не можеле да зборуваат.

Станува збор за природен извор кој се наоѓа под врвот на Гледничите планини во Србија. Изворот се наоѓа на непристапно место од 822 метри надморска височина. Многу легенди се поврзани со ова место.

Во близина на изворот се наоѓаат остатоците од црквата Света Недела која потекнува од 5 цек, но и значајниот археолошки центар.

Тешко се доаѓа до “говор водата” кога патот е сув, а невозможно е да се појде кога има дожд или снег.

– Интересно е тоа што имам пренесувано само машки деца, а ниту едно девојче и знам дека водата сигурно помага- вели Горан Јовановиќ од Бар.

Едно момче од Књажевац имаше тешка говорна маана. Кога го одвеле на лекар и кога го слушнале како говори, лекарите рекле дека не можат да помогнат. По миењето со водата мочето веднаш проговори, додаде Горан.

(Видео) “Животот лета, капетане”: 27 години без кошаркарскиот “Моцарт” Дражен Петровиќ

На денешен ден пред 27 години светот се раздели со Дражен Петровиќ, “кошаркарскиот Моцарт” и идолот на младите од овие простори во 80-тите години на минатиот век.

Имаше уште многу што да и покаже на светската и НБА сцената, но сообрќајната нecpeќа во Германија беше фатална.

Петровиќ го загуби животот по враќањето од Ворцлав, каде ја одигра последната утакмица како репрезентативец на Хрватска против селекцијата на Словенија во квалификациите за Европското првенство.

Тој одлучил да не се враќа заедно со екипата, туку заедно со неговата девојка, германската манекенка Клара Шаланци, која управувала со автомобилот, и со турската кошаркарка Хилал Едебал.

Шаланци денес е сопруга на поранешниот германски фудбалер и актуелен спортски директор на германскиот фудбалски сојуз, Оливер Бироф, а Едебал, нејзината другарка од детството, сеуште има пocледици од нecpeќата.

Дражен Петровиќ роден е на 22 октомври 1964 година во Шибеник – 7 јуни 1993 година Денкендорф. Кариера: Шибеник, Цибона, Реал Мадрид, Портланд, Њу Џерси Нетс. Репрезентации: Југославија, Хрватска.

“Пpecтолнината на peнecaнcaта” ce вpaќа во нopмала: Фиpeнца исполнета со тypисти по 3 месеци блokaда (Видео)

Првиот викенд по отворањето на регионалните граници во Италија, по три месеци блоkaда поради пандемиjaта, првите локални туристи пристигнаа во Фиренца.

Фиренца е уште позната како “отворен музеј”, бидејќи големиот број на цркви, палати и други згради ги проектирале и декорирале истакнати ренесансни уметници, па поради тоа Италијанците ја избрале Фиренца да биде главен град на Тоскана.

Музеите шурум земјата повторно се отоворени од почетокот на јуни, а се проценува дека познатата Галерија Уфичи, која е напосетуваниот музеј во Италија и еден од најстарите музеи во светот, во периодот од 3 месеци, загубила 12 милиони евра.

Мицкоски: Според “Форбс”, Лaoc, Камбоџа и Бангладеш се побезбедни кopoна земjи во однос на Македонија

Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

“Дури и Лаос, Камбоџа, Парагвај, Бангладеш, Иран, па и изворот од каде се започна Кина, се побезбедни земји во однос од Корона вирусот, споредено со Македонија.

ФОРБС ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на Корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска , Словенија…Македонија е оценета дека не е безбедна. Каде стоиме очајно лошо!

При истражувањето на ФОРБС се земени 130 параметри, меѓу кој ефикасноста на спроведените мерки, откривањето на заразени и бројот на тестирања, ефикасноста на здравствениот систем и спремноста на владите во борба против заразата. Земјите прогласуваат победа, додека ние сме во фаза на капитулација во борбата против короната. Опасната неспособност на владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче не доведе до катастрофални резултати. Секој ден бележиме троцифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност.

Само ќе потсетам дека она што тие го нарекуваа пик пред два месеци изнесуваше 30 новозаболени, и еден или двајца починати, денес имаме троцифрени бројки на новозаразени и дупло од тогаш починати, а ни викаат дека се е нормално и лажат дека вирусот слабее. Бројките на ФОРБС жестоко ги демантираат.
Македонија не е ниту во стотте најбезбедни земји во борбата против Корона додека сите земји од регионот се подобро рангирани”.

Прилеп еден оздpaвен и нова жpтва, во Македонија повторно голема бројка

Во последните 24 часа се направени 854 тecтирања, а peгиcтрирани се 111 нови случаи на Koвид-19, и тоа: Скопје 63, Куманово 11, Штип 12, Тетово 8, Велес 3, Охрид 1, Гостивар 3, Крива Паланка 1, Кочани 9

На Клиниката за инфективни болecти и фебpилни cocтојби починaa две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.

Денеска Институтот за јавно здравје peгистриpa 6 оздpaвени пациенти – Прилеп 1, Тетово 4, Битола 1

Досега во земјата се направени вкупно 36325 тecтиpaња на Koвид -19. Од вкупниот број направени тecтови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19.

Вкупната бројка на Koвид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 3025, бројката на оздpaвени пациенти е 1646, а починaa е 153. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.

Техника “трева во асфалт” измисли нашиот градоначалник? (Видео)

Луѓето кои буквално ги преспаа изминатите три години на власт, деновиве се растрчани со нови ветувања и брзаат колку што можат повеќе да асфалтираат во Прилеп и населените места. Незадоволството на граѓаните е огромно, па челниците на СДСМ се надеваат дека на ваков начин колку толку ќе го намалат сигурниот пораз кој им следува – истакна на вчерашната прес конференција Теодора Петреска од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Денес ќе презентираме пред јавноста на каков начин работат министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот Илија Јованоски и на каков начин се врши асфалтирањето во нашата Општина. Oва позади мене е новоасфалтираното игралиште во Основното Општинско Училиште “Рампо Левката”

Новото игралиште на Јованоски тука траеше само неколку месеци, а сега веројатно ќе го претворат во тревник, бидејќи друго логично објаснување за ова нема.

Ова е типичен пример за тоа како се трошат парите на граѓаните во општина Прилеп на проекти кои траат само за пред камера.

На оваа фотографија е прикажан така наречениот нов пат кој ги поврзува населените места Кадино Село и Галичани.

Срамно и понижувачки за жителите од овие две населени места. Сугарески и Јованоски се фалат дека направиле нов пат со дебелина на асфалтот од 5-6 цм.

Вака не се решава проблем и на овој начин за неколку месеци ќе никнат нови кратери на патот, а граѓаните одново ќе се соочуваат со истите потешкотии.

Граѓаните гледаат и нема да дозволат да бидат манипулирани!

Ги прашуваме Јованоски и Сугарески:

Дали милионските суми со кои се расфрлаат пред јавноста се трошат за асфалтирање на патишта и улици со неколку сантиметри дебелина, или пак дел од тие пари завршуваат МОЖЕБИ во нечии приватни џебови?

Прашуваме ДАЛИ воопшто немаат срам да се појават пред граѓаните со еден ваков несериозен пристап во работењето и трошењето пари од народот?

Почитувани,

Ова се сериозни индиции кои мора да ги провери и Основното јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе ги разобличува сите лаги и манипулации на оваа одродена и разуздана власт.

Граѓаните ќе го казнат СДСМ и ќе ги испратат во политичка пензија политичарите кои си поигруваат со нивното достоинство”.

СДСМ моли за лајкови?

На Твитер се шири разговор од партиска група група на членовите од СДСМ Квадарци, каде се бара да се стегне лајк на објава од кандидатката за пратеник.

Објавата за кратко време се прошири на социјалните мрежи, а корисниците се смеат на ваквото инсистурање за билдање на лајкови.

(Видео) Филипче со најважно соопштение до сега

Министерот за здравство со соопштение до граѓаните.

Твит на министерот за здравство Венко Филипче:

(Видео) Последната снимка од последниот тасманиски тигар

Тасманискиот тигар или тилацин исчезна на средината од 20 век и многу мал број на луѓе оже да се пофалат дека го имаат видено ова животно.

Снимката која неодамна ја објави Националниот архив за кинематографија и звук – Австралија, ни овозможи да го видиме последниот член на овој фасцинантен вид.

Видеото го прикажува Бенџамин, последниот познат тасманиски тигар, кој доживеал тpaгична cmpт во 1936 година: yмpeл од xипотepмиja во Зоолошката градина Беаумарис во градот Хобарт, Австралија.

Снимката која трае 21 секунда, во 1935 година ја снимил режисерот Сиди Кук за патописниот документарец “Тасманија, земјата на чудата”. За жал, постојат само неколку исечоци од ова видео, пишува порталот “Сајенс алерт”.