(Видео) Последната снимка од последниот тасманиски тигар

Тасманискиот тигар или тилацин исчезна на средината од 20 век и многу мал број на луѓе оже да се пофалат дека го имаат видено ова животно.

Снимката која неодамна ја објави Националниот архив за кинематографија и звук – Австралија, ни овозможи да го видиме последниот член на овој фасцинантен вид.

Видеото го прикажува Бенџамин, последниот познат тасманиски тигар, кој доживеал тpaгична cmpт во 1936 година: yмpeл од xипотepмиja во Зоолошката градина Беаумарис во градот Хобарт, Австралија.

Снимката која трае 21 секунда, во 1935 година ја снимил режисерот Сиди Кук за патописниот документарец “Тасманија, земјата на чудата”. За жал, постојат само неколку исечоци од ова видео, пишува порталот “Сајенс алерт”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.