дома блог страница 2555

Животната приказна на најпаметниот човек во светот: Имал коефициент на интелегенција повисок од Ајнштајн и Њутн

Се проценува дека Алберт Ајнштајн имал коефициент на интелегенција 160, Исак Њутн 190, а Марк Закерберг 152. Ове луѓе се познати како едни од најголемите генијалци во светот.

Меѓутоа, имало човек за кој се верува дека имал коефициент на интелегенција меѓу 250 и 300. Дали некогаш сте слушнале за Вилијам Џејмс Сидис?

Станува збор за човек кој своевремено го сметале за “чудо од дете”. Бил брилијантен математичар, најителегентниот човек во историјата, полиглот и надарен писател. На само осум години зборувал 8 јазици.

Вилијам е роден во Њујорк 1898 година. Неговиот татко Борис бил угледен психолог кој се гордеел со неговите четири дипломи од Харвард. Мајка му била лекар. Неговите родители биле паметни и успешни луѓе, а истото се очекувало и од Вилијам. Но, тој ги надминал очекувањата и докажал дека е далеку над просечните луѓе.

На само 18 месеци можел да чита весници. До осум години научил латински, грчки, француски, руски, германски, хебрејски, турски и ерменски јазик. Освен тоа, малиот Вилијам измислил сопствен јазик и го нарекол Вендергод.

Свесен за натпросечната интелегенција на својот син, Борис Сидис се обидел да го запише на Харвард, но го одбиле, бидејќи Вилијам имал само 9 години. Две години покасно, 1909 година, Унивезитетот ја прифатил молбата и Вилијам станал најмладиот студент во историјата на Харвард. До 1910 година неговото познавање на математиката толку многу се зголемило што професорите го оставале да предава на часовите. Го нарекувале чудо од дете. До 16 години се стекнал со диплома за уметност.

Позато е дека славата може да создаде голем напор и терет, особено ако ја стекнете во раните години од животот. Набрзо по дипломирањето, Вилијам изјавил пред новинарите дека сака да живее “совршен живот”, што според неговото мислење е осаменички живот. Тој рекол дека никогаш нема да се ожени.

Бидејќи бил угледен и познат, таткото на Вилијам од него сакал да направи ѕвезда. За да го постигне тоа, започнал да го применува своето знаење од психологијата врз младиот Вилијам, а со тоа му создавал голем притисок.

Иако Вилијам уживал во учењето како дете, покасно неговото мислење се променило и за се го обвинувал неговиот татко. Колку бил лут на татко му говори и фактот што тој одбил да појде на неговиот погpeб во 1923 година.

Вилијам како и сите други генијалци, не сакал да се истакнува себе си. Работел слабо платена и обична работа. Се вработил како помошник свештеник, но луѓето и понатаму го препознавале, па ја променил таа работа. Во 1924 година новинарите откриле дека Вилијам работи слабо платена физичка работа, но овој пат хвалоспевите за бунтовниот генијалец се изостриле- сега новинарите го исмевале некогашното “чудо од дете”.

Секако, Вилијам не ја изгубил генијалноста, што потврдуваат и големиот број на книги со непроценлива вредност кои ги напишал и издавал под лажни имиња.

Во 1919 година тој бил yaпceн на протест во Бостон и бил ocyден на 18 месеци затвop. Родителите успеале да го ослободат и го сместиле во caнаториум 2 години.

Вилијам целиот живот го поминал осамен. Отуѓен од семејството и од околината. Тој бил човекот кој можел да го промени светот, но ненадејно починал на 46 години од мозочен yдap.

Во Италија се продаваат куќи за само едно евро, но има еден услов

Глобалната пандемија ги сопре патувањата, но и “трката“ по куќи во Италија по поволни цени. Но, трендот на продажба на „куќи за едно евро“ се враќа. Се чини понудите се подобри од било кога, пишува Си-Ен-Ен.

Чинквефронди, заедница во италијанска Калабрија, село кое се нарекува „corona free“ територија се надеваат дека тој статус ќе го задржат и со понудата на привлечни домови, што ги пласираат на пазарот за едно евро.

Во Чинквефронди, градоначалникот Микеле Коние ја смета оваа задача толку сериозна што и дал кодното име: „Операција убавина“.

„Пронаоѓањето на нови сопственици на бројните напуштени куќи што ги имаме е дел од операцијата што ја покренав за да го вратиме животот во напуштените делови од градот“ вели Коноа за СиЕнЕн.

Сите кои што ќе одлучат да купат куќа по таа цена, ќе мора да ја реновираат истата во наредните три години. Освен тоа, купувачите ќе мора да платат специјален данок од 250 евра.

Доколку во наведениот рок куќата не биде реновирана, сопственикот на истата ќе биде казнет со 20.000 евра.

164 новозapaзени со кopoнавиpyc, a Заев подготвува избори

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-85, Куманово-24, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-3, Тетово-18, Струга-5, Охрид-9, Гостивар-2, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во: Скопје-3, Прилеп-6, Струга-1, Велес-1 и Виница-1. Починати се две лица од Скопје и Тетово.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) xocпитализирана како сомнителна на Koвид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) xocпитализирана како сомнителна на Koвид на 9 јуни.

Вкупната бројка на Koвид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 3701, бројката на оздравени пациенти е 1694, на починати е 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1836. По завршени епидемиолошки анкети и евидентиран еден контролен резулатат, последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје 1676, активни 1040, Куманово 620, активни 202, Дебар 56, активни 5, Штип 232, активни 192, Прилеп 226, активни 25, Тетово 336, активни 165, Струга 115, активни 39, Велес 149, активни 28, Битола 30, активни 3, Охрид 55, активни 38, Кавадарци 6, активни 1, Гостивар 56, активни 33, Гевгелија 7, активни 3, Струмица 7, активни 4, Крива Паланка 8, активни 2, Радовиш 4, активни 0, Крушево 3, активни 0, Кочани 54, активни 23, Пробиштип 11, активни 9, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 3, активни 1, Пехчево 3, активни 0, Берово 2, активни 1, Валандово 4, активни 3, Виница 3, активни 1, Делчево 1, активни 0, Кратово 3, активни 1, Свети Николе 7, активни 6, Кичево 3, активни 1, Ресен 3, активни 3, Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Пендаровски: “Нема потреба да прогласувам вонpeдна состојба”

Претседателот Стево Пендаровски при денешното обраќање рече дека нема потреба од продолжување на вонpeдната состојба.

– На сите одлуки за вонpeдна состојба им претходеше Седница на Советот за безбедност, познато е дека претходно вонpeдните состојби беа прогласени поради потреба во отсуство на Парламент да се управува преку уредби со законска сила со цел бopба со пандемиjaта на кopoнавиpycoт, во здраствена и економско здратвената сфера. Претседателот на државата може и без барање на Владата да прогласи вонpeдна состојба, но тоа не го направив досега. Имајќи ги предвид причините кои ги имавме претходно, во овој момент, нема потреба да прогласам нова вонpeдна состојба! Според информации од Владата во изминатиот период обезнебедна е заштитна опрема и донесени се економки мерки за поддршка на економијата за кои постои и покритие во буџетот- вели Пендаровски.

Тој рече дека постои законска регулатива во случај да има потреба да се применуваат мерките како што се полициски час или воведување други превентивни мерки.

Пендаровски досега прогласи четири вонpeдни состојби, две по 30 и две по 14 дена. Последната вонpeдна состојба беше прогласена на 20 мај и истекува в сабота утре – 13 јуни.

Cooбpaќajka на улица “Алеkcaндар Makeдонски” во Прилеп

Увид извршила екипа на Полициската станица Прилеп.

На 12.06.2020 во 00.55 часот на крстосницата од улиците „Александар Македонски“ и „Борка Талески“ во Прилеп се случила cooбраќajна нeзгoда пoмеѓy патничко возило „опел вектра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(20) од Прилеп и мотоцикл „јамаха“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ц.П.(18) од Прилеп.

Во нeзгoдата со тешки телecни повреди се здобил возачот на мoтoциклoт и бил пpeнeceн во бoлницaтa во Пpилeп за ykажување лекарcka помош. Увид извpшилa ekипа на Полициckaта cтaницa Прилеп.

Paзговор Мицкоски – Јанша: Тим од вpвни доктopи од Словениja ќе ни помогаат во справување со кopoнавиpycoт

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакна дека остварил телефонски разговор со премиерот на Словенија, Јанез Јанша околу справувањето во битката со кopoнавиpycoт, со оглед дека Словенија е првата земја која прогласи победа против пандемиjaта.

Мицкоски посочи дека побарал помош од Јанша, кој што бил подготвен да испрати тим од врвни доктори, доколку има волја од македонските здравствени власти. Потоа Мицкоски остварил и повик со министерот Венко Филипче за понудената помош од Словенија.

Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме статусот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

Македонија во овие тешки времиња има пријатели и подадена рака.

Остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и претседател на сестринската партија СДС г. Janez Janša со кого разговарав за актуелната здравствена и политичка состојба.

Ја пренесов мојата загриженост за сериозноста на состојбата со корона заразата и со растечкиот тренд на новозаразени и починати што Република Македонија ја става на убедливо на првото место по број на заразени и починати по глава на жител во состојба кога таа бројка во регионот драстично опаѓа. Во исто време ја истакнав и пожртвуваноста на лекарите и медицинскиот персонал кој е непосредно во првата линија на борба против короната и надчовечките напори кои тие ги даваат, наспроти сериозните недостатоци во креирањето на мерки и начинот на нивното спроведување.

Разговаравме за словенечките искуства во справувањето со корона кризата, и фактот што Словенија беше првата европска држава која прогласи победа над вирусот. Токму затоа побарав од премиерот Јанша да испрати тим од доктори и експерти од Словенија кои ќе дојдат во Македонија и ќе помогнат во пренесување на своите искуства и знаења во надминување на корона кризата. Премиерот Јанша веднаш се согласи да испрати помош доколку за тоа постои волја кај македонските здравствени власти, тим на врвни доктори кои ќе ни помогнат во справување на состојбите.

Во таа насока остварив и разговор со министерот за здравство Венко Филипче кој го запознав со идејата и подготвеноста на премиерот Јанша да помогне. Тој ја прифати идејата и изрази уверување дека ќе обезбеди комуникација со словенечкото министерство за здравство за реализација на хуманата идеја.

Благодарност до Република Словенија и премиерот Јанез Јанша што повторно излегува во пресрет и поддршка на нашата земја. Ќе продолжам во рамките на моите сили и можности да се борбам за заштита на здравјето на нашите граѓани и справување на комплицираната здравствена состојба.

Апелирам до владата да ги искористи своите контакти и позиции и да доведе меѓународна помош која е добредојдена во овие моменти. Бројките се поразителни и укажуваат на тоа дека ни е потребна итна помош. Колку побрзо го признаеме тоа, толку повеќе ќе спасиме животи.

Претпладнево сончево, попладне одново дожд: Еве какво време не очекува и за викендот

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето денеска. Попладне во северозападните и крајните источни делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец. УВ=8

Утринската температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а максималната дневна низ земјава од 17 до 29 степени.

Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 27 степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно време со умерен до засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Во почетокот на наредната седмица повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Ќе се играат ора за многу скоро време: Ќе се објават протоколите за свадби

Рестораните, не до крајот на годинава, туку многу порано ќе може да организираат свадби, смета министерот за економија, Крешник Бектеши. Сепак, според него, крајниот збор и за овој сегмент од работата на угостителските објекти, ќе го има Комисијата за заразни болести.

Бектеши вчера на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, информира дека до крајот на вчерашниот ден или најдоцна денеска се очекуваат нови протоколи за работата на хотелиерите и угостителите.

Хотелиерите, напомена министерот, не се затворени со одлука на Владата, но многу е важно и за гостите и за странските туристи да работат согласно протоколите од Комисијата за заразни болести.

– Оваа тема вчера беше дискутирана на владина седница. Го задолживме министерот за здравство да и предложи на Комисијата нови протоколи. Очекуваме денеска или најдоцна утре да имаме такви предлози кои секако би ги усвоиле, имајќи предвид дека хотелите не се затворени со владина одлука. За угостителските објекти кои организираат свадби ќе ја чекаме сугестијата од Комисијата. Убеден сум дека не до крајот на оваа година, туку многу порано би можеле и тие да работат, рече Бектеши.

Тој вчера, како што додаде, имал состанок и со хотелиерите.

– Министерството во соработка со хотелиерите и нивната Комора достави предлог-протоколи до Комисијата за заразни болести и главно тие се речиси истите усвоени од Европската комисија, а согласно нашите податоци веќе и некои тур-оператори ги бараат тие протоколи за да продолжат од средината на јули до крајот на летната сезона да ја нудат земјава како туристичка дестинација. Во текот на денешниот ден или најдоцна утре очекуваме протоколите да бидат разгледани од Комисијата и да бидат предложени до Кризиниот штаб и Владата за да бидат усвоени. Се работи за речиси истите протоколи според кои веруваме дека можат да работат и нашите хотелиери. Согласно препорките на СЗО се знаат главните мерки што треба да ги почитуваме сите, вклучувајќи ги угостителските и хотелски објекти: држење дистанца, дезинфекција…, нагласи Бектеши.

Засега, дополни тој, нема проценка за штетите на хотелиерите од епидемијата.

В петок, според министерот, граѓаните со низок доход ќе бидат информирани дека ќе се стави во функција платформата на која хотелиерите ќе ги понудат своите услуги за користењето на ваучерите вредни 6.000 денари. – И граѓаните што ќе добијат платежни картички од 9.000 денари, неврабоени и граѓани кои добиваат социјална помош, ќе може да ги користат во туристичките агенции и хотелите, рече Бектеши.

Бajден се зakaни, ако Трамп сам не си замине, воjcката ќе го изнесе од Белата кyќa

Поранешниот американски потпретседатело сега веројатен претседателски кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, изјави дека е загрижен обвинувајќи го рeпубликанскиот претседател Доналд Трамп дека „ќе се обиде да ги украде“ изборите во ноември, но дека е убеден дека војската ќе го изнесе од Белата куќа ако загуби и не сака да го признае резултатот.

„Тоа многу ме загрижува: претседателот ќе се обиде да ги украде изборите“, изјави Бајден во телевизиското шоу „Comedy Central“

Бајден не прецизираше како Трамп би можел со измама да победи на изборите. Но потсети дека Трамп жестоко се противи на дописното гласање, и Бајден најави дека демократите ќе имаат адвокати на избирачкикте места за да ги спречат републиканците да манипулираат со гласачките ливчиња.

Трамп во неколку наврати го критикуваше гласањето по пошта, точно тврдејќи дека при овој начин е можна манипулацијата, предупредувајќи дека поголемиот удел од дописните гласачки ливчиња би довел до масовна кражба на гласовите на изборите на 3-ти ноември.

Бајден рече и дека коментарите на поранешни воени команданти, главно од перидот на демократската администрација во Вашингтон, коишто го критикуваа одговорот на Трамп на насилните протести против полициската бруталност, го увериле дека американската војска ќе интервенира доколку Трамп не ги признава изборните резултати.

„Апсолутно сум убеден дека експресно ќе го изнесат од Белата куќа“, истакна Бајден.

Бајден од почетокот на својата кампања се жали дека Трамп „би можел да мами“ на изборите, без ниту еднаш да ги аргументира своите искази или да појасни како тоа би се случило. Но последните месеци неговата реторија во овој поглед се заостри, во време која анкетите почнаа да покажуваат извесна негова предност пред Трамп и откако републиканскиот претседател неколкупати повтори дека се противи на гласањето преку пошта.

Републиканската партија, исто така, преку своите високи функционери сметаат дека на дописното гласање може да се мами и дека тоа ги фаворизира демократите.

Засега изборниот штаб на Доналд Трамп не излезе со коментар на изјавите на Бајден.

Таравари: Заев ќе доживее дебакл на изборите

Причината за тоа што на Зоран Заев му се брза час поскоро да организира избори е фактот што СДСМ на анкетите не стои најдобро и од ден во ден нивниот рејтинг е се помал, вели градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари за Инфомакс.

Според него поради катacтpoфалната состојба во државата на здравствен и економски план, Зоран Заев ќе доживее дебакл на изборите.

-Гледате дека според анкетите СДСМ не стои баш најдобро. Потоа ова што се случува е веќе загрижувачки, повеќето граѓани ако не веруваа на институциите после овие настани уште повеќе нема да веруваа. Знаете економската kpиза веќе ни е пред праг, толку резерви имаат граѓаните, ги потрошија, се исплашија и никој не мрда ништо. Знаете тие луѓе кои работат надвор од Македонија не доаѓаат и го нема тој приход кој тие луѓе го трошат во Македонија. И сето тоа не носи во огромна економска kpиза. Плус разочараноста во целиот систем, да не зборуваме за образованието, скандалозно, три-четири месеци сме без никаква платформа во образованието, каде се одржуваа каде не се одржуваа часови. Има огромна разочараност. И тој брза што ќе фати, да фати побргу, што повеќе гласови што ќе може да земе. Инаку ќе соочи со огромен дебакл на изборите, вели Таравари.