Пендаровски: “Нема потреба да прогласувам вонpeдна состојба”

Претседателот Стево Пендаровски при денешното обраќање рече дека нема потреба од продолжување на вонpeдната состојба.

– На сите одлуки за вонpeдна состојба им претходеше Седница на Советот за безбедност, познато е дека претходно вонpeдните состојби беа прогласени поради потреба во отсуство на Парламент да се управува преку уредби со законска сила со цел бopба со пандемиjaта на кopoнавиpycoт, во здраствена и економско здратвената сфера. Претседателот на државата може и без барање на Владата да прогласи вонpeдна состојба, но тоа не го направив досега. Имајќи ги предвид причините кои ги имавме претходно, во овој момент, нема потреба да прогласам нова вонpeдна состојба! Според информации од Владата во изминатиот период обезнебедна е заштитна опрема и донесени се економки мерки за поддршка на економијата за кои постои и покритие во буџетот- вели Пендаровски.

Тој рече дека постои законска регулатива во случај да има потреба да се применуваат мерките како што се полициски час или воведување други превентивни мерки.

Пендаровски досега прогласи четири вонpeдни состојби, две по 30 и две по 14 дена. Последната вонpeдна состојба беше прогласена на 20 мај и истекува в сабота утре – 13 јуни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.