Мицкоски е во посета на Битола, а во обиколката која ја направи отиде и до штандот на СДСМ.
Тој таму размени програми, а на СДСМ им испрати јасна порака што можеле да направат, а не направиле.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани упати јасна порака до македонската јавност дека преговори, преку заедничките комисии за историја, за македонските херои Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, нема да има.
Тој истакана дека тие се Македонија а Македонија е бесконечност и за неа преговори, по ниту еден основ нема да има со ниту еден од соседите, иако сегашнава власт, која е предводена од СДСМ се впушти во флерт и почна да преговара.
– Флертуваат со соседите и се обидуваат да преговараат. За Гоце, за Даме, за Питу нема преговарање. Какви историски комисии за Гоце Македонецот, за Даме, за Никола, за Тодор, за Питу нема преговарање. Тоа е Македонија и нема преговарање. Македонија е бесконечност, дециден беше Мискоски.
Мицкоски, исто така, јасно порача деда нема да има никакви преговори а ни поместување од ниту еден милиметар и од македонскиот мајчин јазик, и секој кој што помислил да тргува со него, многу се зафркнал.
– Нашиот мајчин, македонски јазик е само наш. И кодифициран и се изучува на 160 универзитети. За него нема ни милиметар преговори, тоа е наш и секој оној кој што мисли да тргува со нашиот мајчин македонски јазик, се зафркнал. Нема трговија, порача Мицкоски.
Тој појасни дека тоа ни е аманет и пламен кој ни е оставен од нашите предци и дека на нас останува да го чуваме и распламтуваме од ден во ден, од месец во месец, од година во година се додека повторно не блесне со сиот свој сјај.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев
-Постапувањето во согласност со законите и нивната неселективна примена се основните темели на моето работење во Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници имаат право да ги повикаат на разговор сите лица за кои постојат индиции дека сторил кривично дело и тоа ниту е мој избор, а ниту моја одлука. Уште повеќе доколку тие индиции се поткрепени со материјални докази, аудио или видео снимки.
Во денешната изјава лидерот на СДСМ јавно ме повика да ги поканиме на разговор и други лица кои се споменуваат во бомбите и уште веднаш ги охрабрувам моите колеги во најкраток можен рок да го направат тоа, но не само оние кои ги спомена тој, туку сите политичари кои изминатиот период беа поврзани, споменувани или во иднина ќе бидат поврзани со некоја од бомбите кои се објавуваат во јавноста, вклучувајќи го и самиот Зоран Заев.
Правда за граѓаните мора да има и секој треба да одговара за криминалот кој го направил, особено доколку со тоа го оштетил буџетот на државата. Можеби во техничката влада правдата е поспора, но ги убедувам граѓаните дека после 15-ти јули конечно институциите ќе почнат да функционираат во целост и Министерството за внатрешни работи ќе отпочне засилена борба против криминалот и корупцијата. Функционално Министерство за внатрешни работи кое безусловно и максимално посветено ќе се бори против организираниот криминал и корупцијата е едно од најважните прашања кои граѓаните очекуваат да се реши, но и услов за интеграција на државата во ЕУ и јас цврсто ќе застанам позади реализацијата на оваа заложба.
Носителката на листата во првата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова вчера беше во населбата Ново Лисиче.
Таа на жителите им порача дека секогаш ќе го користи името Македонија.
„Да ви кажам нешто околу името на нашата држава. Јас лично нема никогаш да го користам тоа наметнато име и секогаш ќе викам Македонија. Враќање на нашето уставно име е можно преку Уставниот суд. Референдумот беше неуспешен и тој факт никој не може да го промени. Затоа и ќе побарам почитување на меѓународното право, за кое еминентни светски професори, кажаа дека е повредено преку Преспанскиот договор. Името не сме го измислиле туку сме го наследиле и немаме право да го менуваме, поради нашите предци но и поради нашите поколенија. Мислам дека е добро да седнат во Парламентот и Владата луѓе кои се спремни да и дадат на државата. Луѓе кои од мали нозе сакале и се бореле за знаење, луѓе без багаж, луѓе со кредибилитет и достоинство. Ете такви луѓе се на листата на која сум носител”, истакна таа.
Силјановска Давкова при средбата со граѓаните кажа дека датумот што го чекаме е врзан за нешто што се вика владеење на правото, со него почнува преговорите со поглавјата 23 и 24 и со нив завршува. Според неа овде има едно чудо важни работи: право, правда, демократски институции, судство, бopба со kopyпција, бopба со kpиминал, бopба со kpшење на правото при јавните набавки.
„Ништо не е во поткрепа на владеењето на правото, а ние се фалиме дека на пролет, па сега на лето, па сега на есен, само што не сме ги почнале преговорите. Ама во сите истражувања или сме долу како хибридна држава или сме слаба држава со слаби институции. Не треба да се поединци силни треба да се институциите. Треба стабилен парламент, влада, претседател, особено судството за да не мора да мислите кој ќе дојде на власт зошто државата треба да функционира сама по себе. Господинот што е растрчан по доверба низ државата едно време не го признаваше судот. Ама судиите не се сменија. Меѓутоа потоа тој рече дека судството расцветало. Но толку многу расцвета судството што една социјалдемократска слана го попари па од СЈО ништо не остана бидејќи самите беа инволвирани во криминалот. Станаа толку моќни што направија мрежа и во медиумите”, потенцираше таа.
Носителката на изборната единица посочи дека никој нема да поверува дека Бојан Јовановски го смисли сето ова и така оди од град во град, носи документ со печат од влада и вели дека ќе гради пензионерски домови и луѓе трчаат и му даваат 700.000, 500.000 евра, тие кои се построија пред него во филхармонија се чудевме како го поздравуваа. Видовме зошто.
„Уште зимата ги слушавме ние изјавите од типот дека никој не е недопирлив. Претпоставувам дека уште во април и во мај за време на изборите целата афера била позната. Но таква тајновитост уште не сме виделе. Јасно ви е сега зошто. Кога еден режим е во пропаѓање тогаш е најстрашен. Тоа го гледаме деновиве. Не помагаат ни аргументите тргнало нешто назад. И последното што го видовме јас почнав да го викам Дон Дончев, па Дон Заев, па Дон Филипче, мислам дека кон тоа одат работите. Со таква држава не се оди во преговори. Со таква држава ЕУ нема да одреди датум”, заклучи таа.
Фудбалскиот великан од Унгарија, екипата на Дебрецен, испадна од најквалитентиот шампионат во земјата, а на навивачите тешко им падна тоа и направија скандал.
По ремито со Паск во 33. коло, играчите паднаа во очај. Некои од нив плачеа на терен, а за трагедијата да биде поголема, влегоа навивачите и тргнаа да им одржат лекција.
Некои од нив се бркаа со фудбалерите, некои од нив им ги соблекуваа дресовите…
-Во нашата програма „Обнова на Македонија“ сериозно ќе се посветиме на зачувување на македонското национално достоинство, понатаму силен економски развој во Македонија дури и во вакви услови на корона криза, со зголемување на просечните плати за 25 проценти, пензиите во просек за 20 проценти, а најниските пензии и многу повеќе од тоа, рекордно ниско ниво на даноци од само 8 проценти, дополнително привлекување на странски и домашни инвестиции кои што запреа во овие три години, силна битка со организираниот криминал и корупција и нашиот проект за потекло на имот на сите функционери, политичари и останатите јавни функционери во изминатите 30 години – изјави денеска потпретседателот и носител на изборна единица 4, Александар Николоски од посета во општина Прилеп.
Николоски го повика Заев да одговори пред македонската јавност дали може да го докаже потеклото на своето богатство, но и богатството на неговото семејство.
Сакам јавно да го повика Зоран Заев наместо да се заканува во напад на очај заради резултатите кој што и тој ги гледа и енергијата што стига, да одговори пред македонската јавност дали е спремен да покаже и докаже дека може да одговори од каде потекнува неговото богатство и богатството на неговото семејство, кое што во овие 18 години колку вкупно до денес Зоран Заев е на јавна функција стана најбогато семејство на Балканот – рече Николоски.
Николоски додаде дека СДСМ во 2019 година донеле закон штетен за тутунарите од прилепско, бидејќи со законот за тутун се дозволувало узвоз на тутун пред да се откупи домашниот тутун.
-Второто прашање на кое што нема одговор а се уште го бараме повеќе од година ипол е зошто се донесе закон за тутун во 2019 година со кој што се дозволи да се увезува тутун пред да се откупи домашниот тутун и зошто за оваа година има потпишано договори за 20 милиони тони тутун иако вкупните производствени капацитети во Македонија се некаде 25 до 27 милиони тутун. И што ќе се случи со овие 5 до 7 милиони кои што ќе останат. Дали тоа се прави така за да се уценуваат земјоделците, за да им се сушта цената, за да се намалува класата и за некој дебело да се профитира со таа работа – праша Николоски.
Во однос на програмата „Обнова за Македонија“, Николоски порача дека владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува во првите 100 дена да го промени штетниот закон за тутун, додавајќи дека со програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се гарантира класата на тутунарите се со цел да не им биде обезвреднуван трудот, како и зголемување на субвенциите.
-Ние се обврзуваме дека во првите 100 дена влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го промениме законот за тутун и нема кило тутун да се увезе, додека не се откупи целокупниот македонски тутун. Второ ќе се гарантира класата на тутунарите за да не им биде обезвреднуван трудот. Трето зголемување на субвенциите, четврто, подобра контрола преку реформи во Здруженијата на тутунари за да не бидат контролирани од партиски апарати кои што се сериозно навлегоа во криминал, и петто а за мене најбитно достоинство за земјоделецот – нагласи Николоски.
Кандидатот за пратеник и претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талевски, во своите пораки на социјалните мрежи многу често го користи терминот “нашата држава”, наместо Македонија.
И во денешната објава на Фејсбук, каде Талевски објави фотографии од средби со граѓани во центарот на градот напиша:
– Денес, нашата држава ги решава проблемите на граѓаните на ефикасен и праведен начин, обезбедува почитување на законите и неселективна казнивост за криминалот, обезбедува еднакви шанси за сите. ‼️ Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места. Модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните поколенија За само три години, направивме пресврт на подобро. Во наредните четири #Можеме уште повеќе и уште подобро!
Taлевски откако започна кампањата за изборите постојано потенцира дека денеска поубаво се живее, дека растеле платите се почитувал трудот на работникот, дека ги зачувале работните места….
Граѓаните пак на секое негово појавување во медиумите реагираат бурно и не се согласуваат со она што челниците на СДСМ во Прилеп се фалат.
Освен неколку асфалтирани улици, Прилеп не доби ниту една нова фабрика во индустриските зони во три години, не се изгради ескпресниот пат Прилеп-Градско и се уште не е изграден гасоводот Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола….
Но, повеќе прилепски институции добија двојазични табли:
Кандидатката за пратеник, Рашела Мизрахи, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се повеќе ги освојува симпатиите и довербата на граѓаните.
“Се развеа македонското знаме над Кокино — мегалитската опсерваторија во атарот на општината Старо Нагоричане. И кој вели дека ја нема Македонија…#ИсправиСеМакедонијо #ОдбериОбнова”, порача Мизрахи преку Фејсбук.
Иако често мислиме дека нема “лек” за комарците, сепак пронајдовме еден ефикасен метод кој ќе ги избрка досатните инсекти од куќата.
Поупларниот рецепт кој беше објавен на Твитер е навистина едноставен, а состојките веројатно веќе ги имате во куњата.
Cut a lemon in half & insert some cloves init 2 keep mosquitoes,flies & hopefully dengue at bay as well #grandmastip pic.twitter.com/BS6oVtaEJg
— Akshay Kumar (@akshaykumar) July 17, 2016
Се што ви треба се лимон и каранфилче. Пресечете го лимонот на половина и на него ставете каранфилче. Потоа оставете го лимонот во собата во која седите.