Мицкоски: “За Гоце, за Даме, за Питу, нема преговарање”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани упати јасна порака до македонската јавност дека преговори, преку заедничките комисии за историја, за македонските херои Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, нема да има.

Тој истакана дека тие се Македонија а Македонија е бесконечност и за неа преговори, по ниту еден основ нема да има со ниту еден од соседите, иако сегашнава власт, која е предводена од СДСМ се впушти во флерт и почна да преговара.

– Флертуваат со соседите и се обидуваат да преговараат. За Гоце, за Даме, за Питу нема преговарање. Какви историски комисии за Гоце Македонецот, за Даме, за Никола, за Тодор, за Питу нема преговарање. Тоа е Македонија и нема преговарање. Македонија е бесконечност, дециден беше Мискоски.

Мицкоски, исто така, јасно порача деда нема да има никакви преговори а ни поместување од ниту еден милиметар и од македонскиот мајчин јазик, и секој кој што помислил да тргува со него, многу се зафркнал.

– Нашиот мајчин, македонски јазик е само наш. И кодифициран и се изучува на 160 универзитети. За него нема ни милиметар преговори, тоа е наш и секој оној кој што мисли да тргува со нашиот мајчин македонски јазик, се зафркнал. Нема трговија, порача Мицкоски.
Тој појасни дека тоа ни е аманет и пламен кој ни е оставен од нашите предци и дека на нас останува да го чуваме и распламтуваме од ден во ден, од месец во месец, од година во година се додека повторно не блесне со сиот свој сјај.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.