дома блог страница 2438

Се огласи coпpyгата на Апасиев: “Ако сакате да ви ја продадеме Алфата, ќе ви ја дадеме за 2.000 евpa, кocка е”

Деновиве неочекувано многу се зборуваше и пишуваше за тоа што вози претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев. Неговиот автомобил Алфа Ромео беше тема на разговор и претставен како “лукзуз” во кој ужива новоизбраниот пратеник во Собранието на Македонија.

И неговата сопруга, Тамара Јованов не остана имуна на овие случувања, па и таа на својот профил на фејсбук објави:

“Ако сакате да ви ја продадеме Алфата, зашто гледам дека се’ неа ја зборите. Ќе ви ја дадеме за 2000е, оти се подрасипува чат-пат, ама инаку е коска.

Па ние ќе си купиме друга (евентуално пак за 3000е), за да има за што да си правите муабет и за некое време, а и ние со што да се возиме, кога не не’ собира на точак сите четворица. Пс. За морализатори има посебен круг во пеколот”, напиша Тамара на својот Фејсбук профил.

Претходно со коментар се јави и самиот Апасиев, кој напиша:

“Само АЛФА мажјак вози Алфа Ромео на жена му”.

Македонија е бесконечна разгледница: Јаворот во Теово е стар над 500 години и зрачи со неверојатна убавина (Фото галерија)

Теово е село во општина Чашка. Селото е сместено во областа Азот, во средното сливно подрачје на реката Бабуна, на нејзината лева страна.

Теово е оддалечено 20 километри југозападно од општинското средиште Чашка и 30 километри од градот Велес.

Името на селото првпат е споменато како „Техово“ во 1335 година. Името потекнува од личното име „Техо“ (од грчкото име Теохар, што значи „божја благодат“) или од корен „тех-“ што означува рудник, рударска јама.

Во селото се наоѓа железничка станица на пругата Велес-Битола, на која редовно сообраќаат регионалните возови на линијата Скопје-Битола.

Главната селска црква го носи името на Св. Атанасиј. Изградена е во 1895 година, а нејзин градител е познатиот Андреј Дамјанов.

Она на што посебно се горди теовци е јаворот кој се наоѓа средсело. Се претпоставува дека јаворот е стар околу пет или шест века. Се верува дека е посаден во XV век, односно во 1478 година.

Никој точно не знае кој го насадил јаворот, но според кажувањата на мештаните, најверојатно го засадил некој од турските бегови, кој го донел од Грција.

Турците знаеле дека јаворите се вековни растенија и го засадиле како симбол на вековната империја. Според други кажувања, фиданката е засадена од првиот доселеник во селото.

Од млада фиданка, од година во година, дрвото израснало во вистински џин. Мерењата покажуваат дека дебелината на јаворот изнесува десетина метри, а висок е околу 30 до 40 метри.

Јаворот за теовци претставува средиште на сите случувања. Под него, на местото на некогашниот бунар, се наоѓа фонтана. Местото под јаворот целото е поплочено и оградено. Навечер него го осветлуваат неколку електрични светилки. Тука за време на селските слави и собири се играло орото и се пеела македонската песна.

Како позначајни знаменитости кој покрај црквата Св. Атанасиј и јаворот можете да ги посетите во Теово се, црквата „Св. Архангел Михаил“, како и прекрасниот Теовски манастир кој се наоѓа на само 250 метри оддалечен од главната селска црква.

Посетете го Теово, уживајте во прекрасната природа и понесете прекрасни спомени.

Прилепчанец синоќа бил HAПAДHAT oд две лица кај вештачкото езеро

На 22.08.2020 во 22.45 часот во Полициcката cтаница Прилеп, П.К.(40) од Прилеп приjaвил дека околу 21.20 часот, на патот кон вештачкото езеро „Прилеп“, бил физичkи нападнат од две лица.

Се работи на pacчистување на случajoт – информираат од МВР.

Maкедонците ја “окyпиpaaт” Албанија и покрај големиот број на новозapaзени со кopoнавиpyc: Само денеска 3.000 луѓе ја поминале гpaницата

Македонските граѓани и натаму се меѓу најбројните туристи на албанските плажи. Освен изминатиот период, и сега е голем бројот на оние кои за одмор го избираат албанското крајбрежје, посебно Драч, Валона и Саранда.

Голема фреквенција и денеска е забележана на преминот Ќафасан, на македонско – албанската граница кај Струга, каде само претпладне на албанска територија влегле над 3.000 патници.

Само првите претпладневни часови преку преминот минаа над 3.000 патници, главно македонски државјани, но има и државјани на други земји. Во текот на вчерашниот ден и денеска вкупно поминале над 12.000 лица, информираат од Дирекција за граница и миграција.

Додаваат дека со цел нормално да се одвива протокот на патници и возила да не се создаваат непотребни гужви зголемен е бројот на шалтери на кои се работи.

Од албанската страна работат шест шалтери, четири за влез и два за излез, додека на македонска страна на преминот пет шалтери.

Дел од македонските туристи, кои за одмор ја избрале Албанија минуваат и преку преминот „Блато“ кај Дебар. Станува збор за оние кои одлучиле да одмараат во Шенѓин, град кој е побилску доколку се патува преку Дебар, а каде климата е идентична со онаа со црнгорското летувалиште Улцињ.

Од друга страна продолжува високата бројка на новозapaзени со Koвид-19 во Албанија, што во континуитет е присутна во овој месец, во кој во просек дневно се регистрираат по најмалку 150 случаи.

Во изминатите 24 часа позитивни на Koвид-19 се 152 лица од 785 тecтиpaни случаи.

Heвpeме се движи кон Македониja – очекyвajте силни вpнежи од дожд и гpaд

Утре попладне и во вечерните часови кај нас се очекува локално дестабилизирање на атмосферата, одноно ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на невреме проследено со град, засилен ветер и електрични празнења, предупредува метеорологот Славчо Попоски.

Нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмеж и засилен ветер, особено во попладневните часови и навечер ќе се задржи и во вторник. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со пообилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Значително постабилна атмсофера ќе имаме од среда кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Село Тeпавци битолско, конечно доби министер, а Прилеп НЕ

Во листата на предлог министри за новата Влада се најде и името на досегашната пратеничка Јагода Шахпанска, која е предлог за нов министер за труд и социјална политика.

За разлика од Прилеп, кој иако е една од најголемите општини и нема да добие министер во новата Влада, малото Тепавци од каде потекнува Шахпанска за прв пат ќе добие висок владин функционер.

Шахпанска е родена на 18.3.1964 во с.Тепавци, општина Новаци. Има завршено Медицински факултет – Скопје, специјалист по интерна медицина.

Шахпанска живее во Берово и беше една од поактивните пратенички во Собранието, којa исто така беше доста активна и на телевизиските дебати.

Шахпаска доаѓа на местото на ексминистерката Мила Царовска, која сега пак заминува во ресорот образование.

Во нејзиното си-ви, кое може да се најде на собраниската страна, можат да се забележат сите нејзини активности:

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член

Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член

Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член

Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, член

Игротеките pacпалиja по Владата: Наместо финанcиcка поддpшка добиваме опомени од УЈП

Наместо финансиска помош и поддршка, игротеките кои се веќе 6 месеци затворени почнале да добиваат опомени од УЈП – пишуваат од игротеката “Инфинити” oд Прилеп.

“Со надеж за решение за нашата дејност ИГРОТЕКИ кои еве веќе 6 шест месеци сме целосно затворени заради ковид ситуацијата, владата излезе со експресно решение и за помалку од една недела ни го достави. Очекувавме ФИНАНСИСКА ПОМОШ или ПРОТОКОЛ за работа но добивме ОПОМЕНА ОД УЈП ЗА НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ.

Дали некој во оваа држава се прашува како егзистрираат фирмите пред да се пушти ваква опомена и како може фирма ПРИНУДНО ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕНА СО ПРОМЕТ 0 НУЛА да исплати плати и придонеси.

ТРЕБА ДА ОЧЕКУВАМЕ СОГЛАСНО ОПОМЕНАТА ПРИСИЛНА НАПЛАТА СО ИЗВРШИТЕЛИ И ЗАПЛЕНУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ИМОТОТ ОД ИГРОТЕКАТА ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОТ СОГЛАСНО ОПОМЕНАТА? Благодарност до оваа држава за се што ни помага зошто на фирми кои плаќале даноци и други давачки кон државата и егзистирале повеќе од 20 години, наеднаш кога им е потребна помош наместо да им се помогне им се пуштаат ОПОМЕНИ И ЗАКАНИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ И ТОА НЕ ПО НИВНА ВИНА. Останува само да затвориме и да станиме социјален случај и на списокот на Агенцијата за вработување ?

Дали владата ќе најде конечно решение и ќе изработи протоколи и ќе ни даде финансиска помош или треба да исчезниме како дејност во време кога се се пушти да функционира и на големо си работат сите угостителски и забавни дејности, кафичи, ресторани, плажи, хотели. мотели, казина, фитнеси, едукативни центри и се останато што е многу слично на нашата дејност.

Со надеж дека ова ќе допре до тие што се надлежни во оваа држава и место ОПОМЕНА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ и тоа за неплатени плати и придонеси за само еден месец и задоцнување од 5 дена ќе најде начин да егзистираме или да затвориме и да бараме социјална помош.

Да не ги споменуваме останатите давачки за комуналии и вода, кирија, осигурување, одржување на објекти и слично, кој сето ова може да го издржи повеќе од 6 месеци ? Да нема забуни не сме од тие фирми кои зеле субвенции, а неисплатиле плати иако тие субвенции покриваат 40% од трошоците за егзистирање”, стои во соопштението на Фејсбук.

СДCM: “Hoвата Bлада е cocтавена од чecни кадpи” – Дали ова значи дека Cyгаpecки и ocтанатите биле kpиминалци?

Велат дека тимот кој победува не се менува, но кај СДСМ тоа не е така. Од патијата велат дека новите кадpи за предлог министири се чecни кадри и ќе работат на економскиот раст и развој. Дали тоа значи дека дел од претходните министри кои не се најдоа на листата на предлог за нова Влада биле кopyмпирани?

Новата Влада предводена од СДСМ и претседателот Зоран Заев, составена од одговорни, чесни, отчетни и професионални кадри, во наредниот полн, четиригодишен мандат, посветено ќе работи на реализација на зацртаните програми, а пред се на економскиот раст и развој, велат од Партијата.

На прво место на агендата на новата влада е новата развојна македонска економија, која ќе обезбеди јакнење на стандардот на сите граѓаните.Во наредните четири години ќе продолжи растот на платите, вложувањата во нови работни места, континуираната поддршка на домашниот приватен сектор и привлекување на странски инвестиции.Новата Влада продолжува со вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој, посветена на грижа за сите граѓани, а особено на најсиромашните. Членството во НАТО и интеграцијата во Европската унија носат стабилност и поттик за интензивен економски раст на државата, велат од СДСМ.

За две и пол години покажавме дека можеме да ја излечеме економијата од минус 1,8 отсто и да обезбедиме раст од 3,6 отсто, со значително покачување на минималната, просечната плата, пензиите и социјалната помош, а истовремено ја намаливме невработеноста. Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро, потенцираат од СДСМ.

Го изговapaме ceкогаш на кpajот на мoлитвaтa, но малкyмина знaaт што значи: Збopoт AMИH кpиe вeкoвнa миcтepиja

Овој термин, по потекло од хебрејски јазик, значи цврстина, решеност.

Во Стариот Завет, зборот АМИН ја симболизира вистината, која е „благословена на земјата, благословена од вистинскиот Бог“. (Исаија 65:16)

Исто така, Исус во Откровението на Св. Joван го повикува Амин.

Бидејќи во култот на античките Евреи зборот АМИН бил многу користен во смисла на желба, но многу повеќе како потврда за зборот чие значење е: “Така е навистина!”

Амин стана симбол на целосна посветеност на верата, помирувајќи го значењето на заветот во религиите на Книгата: „Нека биде така“.

Според некои, хебрејскиот збор: „АМЕН“ значи почетни зборови А (Л) (ИЛИ Ел), МЕ (ле) и Н (еман), што значи: „Бог, крал достоен за доверба“.

Во Кабала, тоа е магичен збор, чија нумеричка вредност е 99. Бидејќи зборот амин го има истиот корен како емума („вера“), оној што го изговара истовремено ја потврдува својата вера во јудаизмот и монотеизмот.

За него допpва ќе се збоpyва и слyша: Cлyшнете ja “Гази мали” – мyзичко пpвенче на мaлиoт Bлaтко од Прилеп (Видeo)

Влатко Димески или попознат како Влатко 19 е една од најмладите Јутјуб атракции во Прилеп. После голем број интересни видеа, Влатко го исполни и својот сон за своја песна и видео запис.

Пред два дена и официјално ја промовираше “Гази мали”, која е инспирирана од јутуберската треска која владее кај младите во Македонија.

Неговото првенче е всушност и неговиот сон да го претстави својот јутјуберски канал на македонската сцена. Има само 12 години и за себе вели дека сака да го достигне нивото на моментално најпопуларни јутјубери во земјава, но како што вели дека неговото времe допрва доаѓа, а овој чекор напред му дава дополнителен мотив да го подобри она што сака да го прави и да се гордее неговата публика која го следи.

Песната се снимаше во студиото на Рубин Димкоски, спотот е дело на “Фан продукција – Оливер”, a текстот го напиша таткото на Влатко, Никола Димески.

-Јас сум само дете кое многу го сака ЈуТјубот како платформа , односно снимањето на видеа за било какви теми. Како еден од најмладите во нашава земја мислам дека ова што со стихови се претставувам себеси ќе ми даде мотивација и стимул за понатаму. Знам дека има уште многу да работам за да го популаризирам мојот канал и да го зголемам бројот на следбеници, односно сабскрајбери, но во иднина како ќе растам, така и ќе го збогатувам каналот со видеа, и ќе правам се’ за да можат сите кои ќе ме следат, да ми бидат ветер во грб и да бидат моја верна публика, како што сум сега јас на еден Марко Џипи, Стефонатор, Благадуша, Ставре, Никикс, Ритко , ЛордОфФелс, Глуше, Лаки , Жика , Бамбо, Лазаров,Мартин Гајдов, Иван Ајнштајн и уште многу други јутјубери низ Македонија.

Влатко е момче кое е примерно, трудољубиво и напорно работи на своето хоби, затоа и заслужува да постигне се’ што сака.

Му посакуваме големи успеси во иднина, многу интересни идеи, многу забава за неговите следбеници и секако уште поголема популарност.

Во продолжение слушнете го првенчето “Гази мали”: