Ракометарот Столе Стоилов кој пред неколку дена стана татко објави фотографија од синот Бојан.
Слаткото синче е фотогафирано додека спие облечен целиот во стилот на Бетмен.
Околу 20.000 пензионери кои имаа сметки во Еуростандард банка нема да добијат на време пензија, јавуваат дел од медиумите.
Тие беа информирани да отворат сметка во друга бакна, а рокот истече вчера.
Сите кои не отворија нова сметка, ќе треба тоа да го направат до седми, 14 или 25 септември, што значи августовската пензија ќе ја добијат по тој рок.
Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување велат дека тие ќе имаат можност да го сторат тоа подоцна, посочувајќи дека ќе има вонредни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните да извадат нова трансакциска сметка што е можно побрзо.
До вчера, кога беше рокот да го сторат тоа, околу 30.000 пензионери кои што земале пензија преку Македонска пошта, отвориле сметка во друга банка, па поради тоа ќе можат да ја подигнуваат својата пензија.
Евгенија Здравевска , позната под псевдонимот Зарина Првасевда, по вчерашното искачување на врвот Магаро – највисокиот врв на Галичица, на својот Фејсбук профил напиша дека за искачувањето до оваа највисока точка на планината се плаќа “данок” од 200 денари.
Едно Магаро – 200че.
Жал ми е што овојпат оваа идилична слика од врв планина и природа ќе нема идилична приказна како вообичаено. Еве, да видите до кое дереџе сме дојдени…Наместо регуларна планинарска тура – школски пример за легална кражба.
Вчера наутро на местото кај што вообичаено се поаѓа кон највисоката точка на Галичица, врвот Магаро 2255 н.м.в, наместо со радост , екипно тргнавме со неколку стотки полесни и со многу чемер со себе.
Млад дечко, вработен за плата и слушање наредби, излезе од кола спремен со фискален апарат и покрај нашите негодувања, кажа :
“Извинете, знам, неможам ништо да сторам, јас сум само вработен. “…и со кренати раменици и свесен и усрамен дека прави компромис со своите морални и етички вредности, ни наплати по 200 денари од човек за искачување на врвот Магаро. Не услови дека ако немаме да платиме не смееме кон врвот.
Дали сфаќате која навреда и фашизам е ова? Ееееејјј како не ви е срам!? Како бе господа не се срамите бе? Од кого земате? Од планинари најдовте да гребите? Новчаници не носиме со себе во планина, до сега одевме таму зошто само таму не ни наплаќаа сега и тоа некој паметен го смислил. Уште па кога прашав за што се овие пари – биле за користење ресурси и за движење во Национален парк. И плус, само од Ноември до Април важи баждаров. Ами на зима ко ќе се качуваме, не користиме ресурси и не одиме пешки…летаме до горе?!
Ми наплаќате за користење на ресурси – ( искачување на врв ) од богатството на мојата татковина? Мое е тоа, наше е, кој ви дава право да си присвојувате и па уште да наплаќате за тоа заедничкото кое ни е од Бога дадено? Ми ги наплаќате чекорите?
Ајде да е некоја симболична сума, ќе замижевме ама ни повеќе ни помалку половина просечна дневница на еден вработен во државата? А ние невработените? А тој што денес немаше од ранецот да извади? Нема спорт за нив, дома ќе си седат. И оваа појава и лош пример е само на Галичица, зошто до сега никаде, никој во и надвор од државава не ни наплатил за искачување на врв, дури ни таму каде се плаќаат дневници на рејнџери кои вистински се грижат за парковите и дејствијата внатре – што кај нас е квантна физика.
Ејдиии деее… Денес наплативте на тие што со себе на грб ја носат тежината и бремето на ВАШЕТО расфрлено ѓубре и пластика и на горе и надолу, долж и попреку Националниот парк и не само на патеката која чини 200 денари туку насекаде, на некој кој е спремен да изоди километри пеш со повреди и во болки за да ја испочитува и срдечно да и се израдува и да и се поклони на убавината што пред себе ја гледа, на некого кој живее за тоа. Нам не ни е проблем да тргнеме по друга патека кај што ќе нема баждар и ќе ја најдеме, научени сме , 1км плус/минус, вие дали знаете друг пат освен овој, мизерниов?
Нека ви стои ова на ѕидот на срамот, како одличен белег, да си го памтите резилов.
Следно, за воздухот да ни наплатите, зошто од ова нема што друго понатака. Само недишење.
* Споделете, вие кои го делите со мене мислењето. Останатите уште да молчите, до следни 500ки на друга планина”.
Подоцна таа додаде:
Едит!!!
П.С. Бидејќи читам коментари рандом да не враќам поединечно…ова се дополнителни пари од оние на рампа 50 за возило и 30 од човек, кои се плаќаат регуларно со години, за влез и движење во Национален парк, со кои сме сложни и согласни за да дадеме придонес кон паркот за одржување, чистење и сл.
Деновиве жителите на главниот град по кој знае кој пат мака мачат со комарците.
Постои едноставен трик со кој сами ќе можете да ги елиминирате.
Потребно ви е:
-половина шолја растително масло
-половина шолја шампон
-половина шолја оцет
Сите состојки ставете ги во шише и добро измешајте, а потоа испрскајте разни површини во вашиот дом. Мешавината не е токсична и сигурна е за користење доколку во домот има деца и домашни миленици, а многу е ефикасна против инсекти од било кој вид.
Според резултатите од истражување на Универзитетот Флорида, ако ја имате оваа кpвна група, вие сте магнет за комapци.
Дали сте забележале дека некои луѓе им се попривлечни на комарците за разлика од други? Науката вели дека за тоа најверојатно е виновна kpвната група.
За женките комарци и за размножувањето е исклучиво важен протеин од човечката kpв. Но, факт е дека некоја kpв им е „послатка“.
Истражувањата покажале дека двапати им се попривлечни луѓето со нулта kpвна група, за разлика од оние со kpвна група А.
Луѓето со kpвна група Б се наоѓаат во златна средина.
Дури 85 проценти од луѓето произведуваат секрет кој ја сигнализира нивната kpвна група на комарците, поради што повеќе ги привлекуваат.
Снимајќи се повеќе момчиња бpyтално тепaaт момче, па потоа се фалат со своето „дело“ на социјалните мрежи.
На видеото не може да се види за која локација станува збор а истото е споделено на „ТикТок“, апликација каде младите најчесто објавуваат кратки забавни видеа – oбјави “СИТЕЛ”.
На профилот @problem1 на „Тик Ток“ каде што е објавено видеото јасно се гледа лицето на момчето кое го тепaaт додека го снимаат, видеото е објавено со натпис вистински Тик Ток, тyпаница и македонско знаме, додека на момчињата кои го удиpaaт е додадено албанско знаме.
Видеото наиде на голем број на реакции на социјалните мрежи, корисниците го споделуваат видеото со надеж дека институциите ќе го истражат случајот.
И најголемите оптимисти не очекуваа старт каков што денес на отварањето на новата сезона на Втората лига-Исток имаа фудбалерите на Победа. Блескаво издание, фуриозни први 45 минути, по кои беше остварено високо водство од 4-0.
И во целина гледано Победа во сите елементи на фудбалската игра денес го надигра минатогодишниот хит на првенството. Тимот од Пехчево беше добро простудиран, одлично затворени сите приоди кон голот на денес сигурниот Котевски.
Победа веќе во раната фаза од натпреварот-по само 15 минути игра веќе имаше водство од 2-0. А кога така рано ќе се отвори резултатот се игра малку посигурно и послободно, грчот кај младите фудбалери го немаше, а секоја и најмала шанса беше искористена да се канзи противникот, иако имаше одредени ситуации во кои можеше и требаше во завршница да се одреагира поедноставно и побрзо.
Во 9-тата минута веќе беше 1-0 со голот на младиот Давид Јошески по прецизниот удар во самиот десен долен агол од голот на Давков. Во 15-тата минта по асистенција на Јошески Филип Димоски стрелаше неодбранливо за 2-0. Во 37-тата минута на 3-0 зголеми Роберт Димитријески од левата страна на казнетиот простор упатувајќи прецизен удар во спротивниот агол од гостинскиот гол. Во 40-тата минута невнимание на гостинскиот стопер Христов кој играше со рака во својот 16-тник по што судијата Стојчески оправдано покажа на белата точка а Дарко Ангелески биеше неодбранливо од пенал за 4-0.
Високото водство на Победа од првиот дел разбирливо донесе мал пад во интензитетот на играта а за тоа покрај задоволните од резултатот домаќини секако придонесоа анемичните гости кои беа неубедливи создавајќи само една – две ситуации во кои на висина на задачата со сигурни одбрани беше домашниот голман Котевски.
Во секој случај игра и издание на задоволство на армијата симпатизери на црвено-белите кои влеваат оптимизам и бараат максимална подршка од сите на овој комбиниран тим од младост и искуство на тренерот Крстески.
Но, мечот со Кит-Го веќе треба да се заборави и со мислите екипата да се сврти кон дуелот од 2-то коло со новајлијата Росоман, кој денес исто така победи како домаќин со засилениуот нов второлигаш Слога Виница со 2-1.
Место за еуфорија, уште помалку за потценување на противникот нема. Со максимално сериозен пристап, дисциплинирано-со репризно издание на денешното, да се дочека дуелот следната недела на 30-тти август на Могила со цел со максимален ефект од 6 бода да се стартува во новата сезона.
Резултати 1 коло Втора лига-Исток: Победа-Кит Го 4-1, Саса-Брегалница 0-1, Росоман-Слога Виница 2-1, Плачковица-Тиквеш 0-1 и Кожуф-Осогово 2-0.
Победа: Котевски, С.Спиркоски(од 72 мин Петроски), Петкоски, Колевски, Ангелески(од 61 мин Кисески-Илијоски), Наумоски, Димитријески(Митрески), Дунимаглоски, Јошески(од 58 мин Каралиоски), Димоски и Гешоски(од 58 мин Алимоски).
Во следното 2 коло се среќаваат:Победа-Росоман, Кит-Го-Осогово, Брегалница-Плачковица, Слога Виница-Саса и Тиквеш-Кожуф.
Петар Димоски
Изминатите денови бројот на новозapaзени со кopoнавиpyc во Прилеп постојано расте.
Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 6 случаи – информираат од Центарот за јавно здравје од Прилеп.
Бројот на активни случаи сега изнесува 55, од нив 44 лица се наоѓаат во домашно, а 11 на болничко лекyвање.
Вкупниот број на заболени досега од почетокот на пандемиjaта изнесува 390 лица.
Сојузот на средношколци в петок, наредната недела најави пpoтecти против одлуката на Министерството за образование новата учебна година од септември поради пандемиjaта со кopoнавирусот да се одвива онлајн.
Пpoтecтот е предвидено да започне од министерството, а ќе заврши пред Владата, каде што тие ќе ги упатат нивните барања.
Доколку учебната година се одвива онлајн, од Унијата најавуваат дека ќе ја бојкотираат наставата. Тие ќе бараат комбиниран модел, односно настава со физичко присуство онаму каде што дозволуваат здравствените услови.
Владиниот прес-центар вчера соопшти дека Владата и претставниците на средношколците ќе соработуваат на усовршување и најдобра имплементација на моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на ковид-19.
Внимавајте додека сте на плажа, крадците не одмараат
Вчера на плажата во Љубаништа во Охрид се краделе мобилни телефони.
“Дечки, денес на плажа Љубаништа пред кампот, украден ми е телефонот и се сомневаме во 2 лица, девојка (околу 20тина години, слаба, со коса до рамена и источно македонски дијалект) и висок, слаб, прокелав дечко со лузна на челото. Украдени се уште неколку телефони, истовремено, на истата плажа. Ве молам доколку имате некаква информација контактирајте ме во inbox или во коментари. Ви благодарам однапред”, напиша на својот Фејсбук профил Ивана Чинговска сопруга на познатиот македонски музичар Дамјан Пејчиновски.