За него допpва ќе се збоpyва и слyша: Cлyшнете ja “Гази мали” – мyзичко пpвенче на мaлиoт Bлaтко од Прилеп (Видeo)

Влатко Димески или попознат како Влатко 19 е една од најмладите Јутјуб атракции во Прилеп. После голем број интересни видеа, Влатко го исполни и својот сон за своја песна и видео запис.

Пред два дена и официјално ја промовираше “Гази мали”, која е инспирирана од јутуберската треска која владее кај младите во Македонија.

Неговото првенче е всушност и неговиот сон да го претстави својот јутјуберски канал на македонската сцена. Има само 12 години и за себе вели дека сака да го достигне нивото на моментално најпопуларни јутјубери во земјава, но како што вели дека неговото времe допрва доаѓа, а овој чекор напред му дава дополнителен мотив да го подобри она што сака да го прави и да се гордее неговата публика која го следи.

Песната се снимаше во студиото на Рубин Димкоски, спотот е дело на “Фан продукција – Оливер”, a текстот го напиша таткото на Влатко, Никола Димески.

-Јас сум само дете кое многу го сака ЈуТјубот како платформа , односно снимањето на видеа за било какви теми. Како еден од најмладите во нашава земја мислам дека ова што со стихови се претставувам себеси ќе ми даде мотивација и стимул за понатаму. Знам дека има уште многу да работам за да го популаризирам мојот канал и да го зголемам бројот на следбеници, односно сабскрајбери, но во иднина како ќе растам, така и ќе го збогатувам каналот со видеа, и ќе правам се’ за да можат сите кои ќе ме следат, да ми бидат ветер во грб и да бидат моја верна публика, како што сум сега јас на еден Марко Џипи, Стефонатор, Благадуша, Ставре, Никикс, Ритко , ЛордОфФелс, Глуше, Лаки , Жика , Бамбо, Лазаров,Мартин Гајдов, Иван Ајнштајн и уште многу други јутјубери низ Македонија.

Влатко е момче кое е примерно, трудољубиво и напорно работи на своето хоби, затоа и заслужува да постигне се’ што сака.

Му посакуваме големи успеси во иднина, многу интересни идеи, многу забава за неговите следбеници и секако уште поголема популарност.

Во продолжение слушнете го првенчето “Гази мали”:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.