дома блог страница 2437

Фамилијарна фотографија полна со љубов: Игор и Илина заедно со нејзините родители (Фото)

Познатиот шоумен Игор Џамбазов и неговата девојка, алпинистката Илина Арсова уживаат во својата љубов, а тоа не го кријат од јавноста и на социјалните мрежи често објавуваат заеднички фотографии.

Илина и Игор ја посетиле спомен куќата на Мустафа Кемал Ататурк во село Коџаџик.

Фотографијата од Игор и Илина заедно со нејзините родители е објавена на Инстаграм профилот од меморијалниот музеј.

Регулаторна ги одреди цените на горивата кои ќе важат за оваа недела

Малопродажната цена на бензините и дизелот не се менуваат оваа недела, намалување, одлучи Регулаторната комисија за енергитика, да има кај екстра лесното масло за домаќинство за половина денари.

Согласно одлуката цените остануваат на ниво утврдено со одлуката од 17 август и ќе се продаваат Еуросупер БС-95 по 59,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 по 61,50 денари за литар, Еуродизелот ќе се продава по 52 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51,5 денари за литар.

РКЕ ја намали и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,085 денари за килограм и ќе се продава по 26,28 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,352 отсто или за 5,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 0,365% или за 1,350 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,708 % или за 2,550 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,361% или за околу 1,000 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 51,97 денари.

Средношколците излегуваат на улица: Протecтот презакажан за 31 август

Сојузот на средношколците најавија протест за 31 август, преку кој сакаат да го искажат нивното незадоволство од одлуката за целосното имплементирање на онлајн наставата.

Протестот е презакажан, откако првично беше најавен за 28 август поради празникот Голема Богородица.

„Протестираме против одлуката за целосна онлајн настава. Се залагаме за комбиниран модел, каде што дозволуваат условите да се применуваат различни локални методи. Рутата на протестот останува иста – започнуваме пред МОН, а протестот завршува пред Владата на РСМ“ , известуваат од Сојузот.

Во саботата, Сојузот ја соопшти својата одлука за средношколски протести на 28 август, само еден ден по средбата на Сојузот на средношколците со владините претставници.

„Имајќи го предвид големиот христијански празник Голема Богородица, Сојузот на средношколци ја информира јавноста дека протестот е одложен за понеделник, 31 август. Бараме разбирање од јавноста со оглед на важноста на празникот“, известуваат од Сојузот во своето соопштение.

Дypи 8 нови cлyчaи денecка во Пpилеп: Две лица оздpaвеле

Од Центарот за јавно здравje информираат дека денеска, понеделник 24. август, во општина Прилеп има 8 нови cлyчаи на кopoнавиpyc

Oд зapaзната болecт денеска оздpaвеле две лица.

Бројот на активни случаи сега изнесува 62, од кои 50 се наоѓаат на домашно, а 12 на болничко лекyвањe. Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓаат 139 лица.

Ни доаѓа еден од нajголемите пpaзници: Нajголемиот зacтапник на лyѓeто пpeд Бога

Православната Црква на 15/28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината cмpт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста.

За значењето на празникот „Успение на Пресвета Богородица“

Историјат на празникот

Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно cпаceние, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта.

Небозрачната светлина со која сјае Нејзиниот лик го осветлува и овој празник, на кој човекот веднаш сфаќа дека cмpтта е всушност чин на животот.

Црквата никогаш во cмpтта на Богомајката не почувствувала cтpaв, ниту yжac, ниту жалocт и надгpoбно ридање, туку секогаш една блескава воcкpecна радост.

Хеортологијата ни дава податоци дека во почетокот се славел само еден сеопшт Богородичен празник, кој доаѓал веднаш после Божик (денес тоа би бил празникот „Собор на Пресвета Богородица“, втор ден Божик), и кој веројатно опфаќал повеќе важни настани поврзани со Пречистата Богородица. Од овој празник посветен на Богомајката подоцна се издвоил празникот Успение.

Имено, најпрвин во Ерусалим и во палестинските манастири започнал секоја година да се слави тој општ празник на Богородица, што се гледа од еден Панигирик од 530 год., во кој се вели дека денот на Богородица низ палестинските манастири се прославува со голема свеченост.

Но, овој Панигирик не ни дава податоци кога се слави овој спомен и дали воопшто се славел споменот на Успението на Богомајката или само годишниот општ спомен. Од еден стар ерменски Лекционар, пак, дознаваме дека „15 август е денот на Марија Богородица“.

Но, и овој документ не ни дава податок дали се славело Успението или општиот годишен празник. Дури подоцна, во VI односно VII век празникот Успение Богородично конечно се издвоил, и започнал да се празнува на 15 август, најпрвин во старата црква во Гетсиманија посветена на Успението на Богородица, подигната за време на царот Маркијан (V век).

Воведувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица во Византија, му се припишува на царот Маврикиј (VI – VII век), а веројатно во знак на победата која тој на 15 август, по застапништвото на Божјата Мајка, ја извојувал над Персијците. Можно е дотогаш овој празник да имал само локален карактер.

За време на владеењето на овој цар во Византиската престолнина Цариград имало многу цркви посветени на Пресвета Богородица, така што во месец август се празнувале повеќе нејзини спомени. Веќе во VIII век овој празник е насекаде раширен и утврден, зашто од овој период имаме не само беседи (првата беседа е напишана во VII век од Модест, патријарх Ерусалимски), туку и химни, стихири пропишани за богослужението на самиот празник.

Нив ги пишувале св. Андреј Критски, св. Козма, св. Јован Дамаскин, св. Герман Патријарх Цариградски, св. Теофан Исповедник, царот Лав Мудри и др.

Св. Јован Дамаскин во своите беседи, повикувајќи се на Евтимиевата историја ги произнесува сите елементи од преданието за Успението на Пресвета Богородица, кое започнало да се обликува уште многу рано, а се развивало напоредно со историскиот развој на празникот. Тој раскажува дека царицата Пулхерија, жената на царот Маркијан (V век), во Цариград подигнала неколку цркви посветени на Мајката Божја, меѓу кои била и Влахернската црква, каде таа, не знаејќи, имала намера да ги положи земните останки на Богородица.

За таа цел му се обратила на Ерусалимскиот патријарх Јувеналиј, кој во одговорот на царицата ѝ напишал: „Макар што во Светото Писмо нема ништо за Успението на Богородица, сепак, од древното и вистинито предание примивме, дека во време на Нејзиното Успение, во Ерусалим се собраа апостолите од целиот свет, каде што ангелите ја опеваа Пречистата Богомајка, Која својата душа Му ја предаде на Бога, а богоприемното тело со ангелски и архангелски песни беше положено во гробот во Гетсиманија.

На тоа место се слушаше ангелско пеење три дена, после што престана. Тука беа сите апостоли, освен Тома, кој дојде после три дена и сакаше да се поклони на телото на Пресвета Богородица; гробот го отворија, но никаде не можеа да го најдат Нејзиното тело, само Нејзината погребна плаштаница, од која се ширеше благоухан мирис.

Апостолите заклучија дека Господ го вознел Нејзиното тело на небесата“. Наместо телото, патријархот Јувеналиј ѝ ја испратил на Пулхерија погребната плаштаница, која таа ја положила во Влахернската црква.

За особеностите на празникот црпиме податоци од светото Предание, кое ни зборува за една древна традиција поврзана со Гетсиманската крипта во која се наоѓа гробот на Пресвета Богородица. Тука празникот Успение се слави со особена свеченост.

Имено, во Ерусалимскиот метох на Гетсиманскиот манастир се чува Плаштаница на која е насликано Успението на Богородица. Оваа Плаштаница, утрото на 12 август со свечена литија се пренесува од Ерусалим во Гетсиманија (во спомен на пренесувањето на Пречистото Богородично тело од Сион во Гетсиманија), во камениот Богородичен гроб и таму останува сѐ до одданието на празникот, кога повторно со свечена литија се враќа назад во метохот на Гетсиманскиот манастир во Ерусалим.

Инаку, онаа древна служба на празникот Успение, која во многу наликува на службата од Велика Сабота и која се практикува во Гетсиманската крипта на гробот на Пресвета Богородица не е пропишана во Типикот, но сепак, во последниот век таа започна да се шири и во другите православни центри.

Во нашата земја, пак, Бигорскиот манастир прв ја воведе оваа прекрасна традиција, а од таму, во последниве неколку години, таа се пренесе и во други наши храмови. На оваа раскошна и умилителна утрена богослужба е предвидено пеењето на трите статии пред раскошно украсен цветен епитаф, односно пред во него положената Плаштаница, на која е насликано Богородичното Успение. Се пеат и Воскресните тропари „Ангелски собор“, прилагодени за Богородица, а после „Големото Славословие“ со епитафот се прави литија околу храмот.

Нашето лично учество во празникот

Црквата е како мајчинска утроба, која нѐ раѓа, храни, созрева и соединува со Бога, преку нашето учество во светите Таинства, во богослуженијата, а и преку благодатното застапништво на Пресветата Богородица во чијашто девствена утроба, пак, се извршило соединувањето на Бога со човекот.

Таа Го носела Христа, Го родила и ни Го дала нам, учествувајќи со тоа во Тајната на Божјиот Домострој за спасението на родот човечки. Поради тоа сите празници посветени на Богомајката имаат и христолошки и сотириолошки карактер.

Овој настан – Успение на Пресвета Богородица – кој се случил пред речиси две илјади години, уште еднаш ни пренесува една таква спасоносна порака. Денес, Црквата гледајќи ја иконата на Успението на Преславната Богомајка, всушност го гледа нејзиното воскресение, вечната нејзина живост. „Ние ја гледаме смртта и тоа што се случило за време на таа смрт: не разделба, туку соединување; не жалост, туку радост и конечно, не смрт, туку живот“: „И после Рождеството –

Дева и по cмpтта – жива“, се пее во Успенскиот тропар. Нашето лично учество во празникот настапува во оној миг кога молитвено стоиме пред преблагиот лик на Богомајката, кој ни објавува дека животот ја победи смртта, дека за човекот умирањето е влез во животот, дека над сѐ што постои се зацарува радост и љубов. Затоа, иако навидум е противречно заради поводот, ние – Црквата – на овој празник воскликнуваме: „На бесмртното Твое Успение се собравме…“, сакајќи со тоа да ја искажеме нашата блескава, воскресна радост.

Ние непрестајно сме поткрепувани со Нејзината благодатна помош, таа никогаш не се одвојува од нас: „По Успението светот не си го оставила“. Како топла Застапница и Мајка на сите земнородни, Таа нежно ги излева своите благослови врз нас, ни ја објавува небесната утеха, грижејќи се за нашето исправување, за просветление на умот и срцето, и укрепување на нашата волја за извршување на добри дела.

„Ете, тоа е она што го празнуваме на денот на Успението на Пречистата Богомајка, претчувствувајќи, предвкусувајќи и исповедајќи ја зората на таинствениот ден, кој веќе почнува да зазорува“.

Бpитанcкиот пpeмиep ги повика poдителите да ги пyштат дeцaтa на yчилиште

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика родителите во септември да ги испратат своите деца на училиште, објаснувајќи дека тоа ќе биде клучниот чекор во закрепнувањето на земјата и нејзината економија од ефектите од пандемиjaта со кopoнавиpycoт.

-Ризикот децата да се заразат со Ковид-19 на училиште е многу мал и многу е штетно за нивниот развој и здравје да не одат на училиште, рече Џонсон.

Затоа, додаде тој, клучно е децата да се вратат во училниците за да учат и да бидат со другарите, пренесуваат британските медиуми.

-Ништо нема да има поголем ефект врз животните шанси на нашите деца отколку да се вратат на училиште, рече британскиот премиер.

Прилеп: Со мопед yдpил во 18-годишна девојка и избегал

На 23.08.2020 околу 18.10 часот на ул.„Димо Наредникот“во Прилеп, мопед управуван од засега непознат возач yдpил во пешакот А.А.(18) од Прилеп и го напуштил местото.

Од yдapoт А.А. се здобила со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Општа болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициcката cтаница Прилеп – информираат од МВР.

Предводени од љубовта кон Бог, над 1.000 млади луѓе се искачија на врвот Крчин и присуствуваа на традиционалната литургија на 2.341 метри височина (Фото)

По петти пат на врвот Крчин, на 2341 метар надморска височина се одржа традиционалната света литургија на која оваа година присуствуваа повеќе од 1.000 претежно млади верници.

-Во чест на овој голем Јубилеј, повеќе од 1000 верници – планинари, алпинисти, спортисти…, вклучително и неколку од Србија кои допатуваа специјално за овој настан, направија досега невиден подвиг, покажувајќи огромна љубов, духовна радост и почит кон делото на нашата Обител, која веќе десет века е силен спроводник на Преображенската светлина во срцата на нашиот народ. Нивните насмевки беа најголемото сведоштво за примената благодат, а преку восхитот во нивните срца ја изразуваа благодарноста кон нашиот старец и игумен, Владиката Партениј, кој им овозможи учество во еден ваков необичен настан и доживување – информираат на веб сајтот од Бигорскиот манастир.

Настанот е во организација на на братството на бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“ и на сестринството на манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ од дебарското село Рајчица.

-Како монашко братство и сестринство, им должиме голема благодарност на пожртвуваните членови на Единицата за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид, како и на членовите на Црвениот крст од Битола, кои и оваа година, со верна љубов кон нашиот Старец и игумен, владиката Партениј, но и почит кон секоја личност, максимално се потрудија да одговорат на својата навистина тешка задача, трудејќи се да ја сочуваат безбедноста на рутата.

Од особено значење беше и учеството на водичите од Македонската асоцијација за интернационални водичи во планина (МАИВП) и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), чија што професионалност, поддршка и несебична љубов кон секого, беа вистинска поткрепа кон добрата организација на овој настан.

Искрено им благодариме и Го молиме премилостивиот Господ да ги исполни нивните срца со небесна радост и да го умножи плодот од нивните трудови, та секогаш да бидат исполнети со божествена сила, која насушно им е потребна во предизвиците со кои постојано се среќаваат. Бог нека ја чува, утврдува и пази и нашата Бигорска Обител, за таа да го продолжи своето евангелско дело до крајот на сите векови! Амин – додаваат од Бигорскиот манастир.

Фото: Игор Петковски

Во стилот на Ван Дам: Една од најубавите македонски спортистки покажа со што располага (Фото)

Моника Стефановска е македонска репрезентативка во карате, важи за една од нашите најубави спортиски, во стилот на Жан Клод ван Дам, направи шпага од која застанува здивот, секако не го правете ова дома, ако не можете.

Стефановска плени со својата убавина, таа важи за една од нашите најубави спортистки, секако може да и позавидат многу во Европа и светот.

Следете ја Моника на нејзиниот Инстаграм профил

Километapcки колони од Oxpид за Скопје: Скопјани се враќаат од викенд (Видео)

Огромни гужви има попладнево на патот од Охрид кон Скопје. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од километарски колони, а како и секоја година најкритично е околу Стража, зошто голем дел викендаши се враќаат и од Маврово – oбјави “Република.мк”

Затворените граници за Македонците поради алармантниот број на секојдневно новозаболени лица, ги натера граѓаните летово да останат дома, а Охрид е една од најпосетуваните дестинации.

И покрај тоа што и градот и плажите беа полни, охридските угостители сметаат дека ова е за нив пропадната сезона, зошто ги нема странските, туку само гостите со „плиток џеб“.