дома блог страница 2320

(Хит видео) Американска новинарска пее додека известува за претседателските избори

Видеото од американска новинарка стана хит на Твитер откако го отпеа Божиќниот хит на Мараја Кери, „All I want for Christmas“.

Во САД, пребројувањето на гласовите сè уште трае, и многумина едвај чекаат нови вести. Една од нив е новинарката од телевизиската станица ВНЕП Челзи Страб кој пее додека известува за изборите.

„Секој новинар во моментот“, напишала таа покрај снимката на која се слуша нејзиниот превод на познатата песна, во која пее дека има само една желба, да слушне некои новости за пребројувањето на гласовите.

Цените паднaa под нула, па државата им дава пари на гpaѓаните за да користат cтpyja

Цената на електричната енергија во делови на Норвешка по втор пат во историјата падна под нулата, а жителите на јужна Норвешка „се платени“ за користење на струјата, зашто производителите мораат да им платат на корисниците за да можат да ја продадат тогаш кога цените се негативни.

Според норвешкиот локален медиум Е24, цените на електричната енергија во Осло и Кристојансед и околината биле негативни четири часа во раните часови во понеделник.

Ова е втор пат во историјата цените на струјата во Норвешка да паднат под нула. Во почетокот на јули цените биле негативни еден час. Тогаш, некои од причините за негативните цени биле снегот на планините, ограничениот извоз и почеткот на летните одмори кога потрошувачката на електрична енергија во Норвешка паѓа под нормалата.

Последната негативна цена е последица на обилните дождови и ветар, како и поголем увоз на струја од Шведска, изјавиле познавачи за Е24. Во сето тоа се своја улога одиграле и високите темпратури.

Се очекува со падот на температурите да порасне и цената на електрината енергија.

Норвешка е најголем западноевропски производител на нафта и гас, а најголемиот дел од електричната енергија ја произведува од хидроелектрани. Од нив задоволува 95 отсто од своите потреби.

Познат е датумот кога ќе започне новата сезона во НБА: Ќе се играат по 72 натпревари

Здружението на НБА играчи соопшти дека бордот претставници на играчи го одобрил 22. декември како датум за почетокот на новата сезона во НБА лигата.

Освен датумот, одобрен е и претходно предложен број натпревари во регуларниот дел од сезоната – 72.

-За останатите детали сега ќе преговараме, очекуваме договор да биде постигнат за сите деликатни прашања и предизвици кои се пред нас, се наведува во соопштението од Здружението на играчи.

Се очекува наскоро НБА и официјално да потврди дека новата сезона ќе започне на 22. декември.

Заев: “Имаме датум, може да пукнете ако сакате” (Видео)

После блокадата од Бугарија, Твитер врие со видеа од изјави на премиерот Зоран Заев дадени во минатото, каде тој вели дека сме добиле датум за преговори со Европската Унија

Еве што рече Заев при една прилика во Собранието:

Еве какво време не очекува викендов и на почетокот од наредната недела

Стабилно и суво време но со пониски утрински температури, каде наместа ќе се спуштат и под нулата, не очекуваат за време на викендот и почетокот на наредната недела.

Од УХМР информираат дека викендов ќе се задржи стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од утре ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини бидејќи ќе биде и претежно тивко наутро.

Утринската температура денеска ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната од 11 до 19 степени. Утре утринската од минус четири до четири, дневната од 15 до 21, во понеделник утринската ќе биде од минус четири до пет, дневната од 15 до 20, во вторник утринската од минус три до шест и дневната од 14 до 19 степени, среда утринската од минус три до шест, со дневната температура од 11 до 18 и во четврток утринската ќе се движи од минус три до два, а дневната максималната од 10 до 17 степени.

(Видео) Милошоски со твит на неделата- вреди да се види

Братската Бугарија нема да ја поддржи Македонија за старт на преговорите со Европската унија, соопшти денес премиерот Зоран Заев.

На ова жестоко реагираа од опозиција и тврдат дека Заев не само што ја потценил интелегенцијата на граѓаните, туку дека ги манипулира и соседните држави, а со тоа прави огромна штета врз националните интереси на Македонија.

За тоа како Заев ги променува ставовите најдобро можете да видите на видеото кое на Твитер го сподели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Heвестата секогаш се нaoѓа од левата cтpaна на младоженецот – Дали знаете зошто е тоа така?

Обичај на свадба е невестата да се наоѓа од левата страна на младоженецот. Оваа традиција датира од времето кога браковите биле договорени, а кидна пирањето било честа работа на свадбите.

Поради тоа младоженецот секогаш морал да биде претпазлив, па невестата се наоѓала од левата страна, затоа што мечот се носи во десната рака.

Обичајот се задржал до денес, а не е познато дали леваците од античко време морале да го почитуваат оваа правило без оглед што не им одговарало.

Дневен кopoна биланc во Прилеп: Нови 43 случаи и нов cмpтeн cлyчaj

Во последните 24 часа се направени 3082 тестирања, а регистрирани се 1128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 569 , Куманово 51, Дебар 12, Штип 35, Прилеп 43, Тетово 50, Струга 16, Велес 45, Битола 57, Охрид 38, Кавадарци 35, Гостивар 10, Гевгелија 14, Струмица 33, Крива Паланка 5, Радовиш 11, Крушево 2, Кочани 22, Пробиштип 5, Демир Хисар 5, Македонски Брод 1, Берово 3, Валандово 1, Виница 4, Делчево 8, Кратово 3, Свети Николе 8, Кичево 27, Ресен 7, Неготино 8

Починати се 12 лица, четворица пациенти од Скопје (63, 75, 44 и 68г), двајца од Битола (44 и 72г), еден од Куманово (70г), еден од Прилеп (59г), еден од Охрид (68г), еден од Струмица (76г),еден од Радовиш (58г) и еден пациент од Кичево (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 307 оздравени пациенти од: Скопје 71, Куманово 10, Дебар 7, Штип 18, Прилеп 27, Тетово 29, Велес 12, Битола 19, Гостивар 12, Гевгелија 14, Струмица 25, Радовиш 7, Кочани 15, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 2, Пехчево 2, Берово 6, Валандово 6, Кратово 1, Свети Николе 4, Кичево 12, Ресен 4

Досега во земјата се направени вкупно 265.528 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37499, бројката на оздравени пациенти е 22835, на починати е 1096, а бројот на активни случаи изнесува 13568.

Одлучи да му ја предаде круната на синот: Кралицата Елизабета заминува во пензија?

Најстариот син на кралицата Елизабета ќе го замеме тронот за само шест месеци- кога неговата мајка ќе се повлече од престолот, на нејзиниот следен роденден.

Ова го изјави кралскиот биограф Роберт Џобсон. “Сеуште чврство верувам дека кога кралицата ќе наполни 95 години, ќе се повлече”, вели Џобсон за “True Royalty TV”.

На 21. април Елизабета II ќе наполни 95 години. Имала само 27 години кога била крунисана по cmpтта на нејзиниот татко, кралот Џорџ VI, на 6 февруари 1952 година. Принцот Чарлс на 14 ноември ќе наполни 72 години.

Репортерот на “Њузвик”, Џек Ројстон, смета дека ќе има промени во Обединетото Кралство.

“Мислам дека кралицата нема да сака да го предаде тронот, но сепак ќе дојден момент кога се ќе предаде на Чарлс. На крајот на краиштата, како може да го погледне синот во очи и да му речи дека никогаш нема да биде крал?”, вели тој.

Не ја фpлajте пепелта од шпopeтот на дpва: Може да ви биде од огpoмна кopиcт

Пепелта од огревното дрво е многу корисна работа, која може да се употребува на разни начини. Земјоделците сигурно знаат дека пепелта може да биде одличен додаток на земјата, па често го користат за прихранување на почвата,заради зголемувањето на нејзината киселост. Особено е погодна за растенија кои бараат повеќе калциум како доматот, спанаќот, лукот, но и розите. При садењето на овие растенија, добро е да додадете четвртина шолја од дрвена пепел во земјата.

Исто така, доколку измешате пепел со вода и ја оставите таа мешавина да отстои неколку дена, после цедењето можете да ја употребувате како одлично средство за чистење подови и сребрени работи, но и за дамки од ᾽рѓа на мермерни површини.

Со погуста смеса од пепел и вода, во вид на паста, можете да ги исчистите и дамките од мебелот. Исто така, доколку измешате од оваа паста со мало количество шампон, ќе добиете одличен препaрат против мрсна коса.

Пепелта ефикасно ги отстранува и непријатните миризби од домот, но и од фрижидерот, а дејствува слично како и белата киселина, која се користи за неутрализирање на миризби од мувлосани прехранбени производи.

Определени штетници, како полжавите и разни инсекти, не ја поднесуваат пепелта, па лесно ќе се ослободите од нив со ова средство. Ова важи и за мравките. Корисно е и во визбата да ставите во секое ќоше по малку пепел, како заштита од глувци, бубашваби и други штетници.

Пепелта може да биде корисна и при чистењето на вашите миленичиња од болви. Направете паста од пепел и алкохолна киселина со која ќе го намачкате миленичето. После овој третман, задолжително искапете го со чиста вода.