Познат е датумот кога ќе започне новата сезона во НБА: Ќе се играат по 72 натпревари

Здружението на НБА играчи соопшти дека бордот претставници на играчи го одобрил 22. декември како датум за почетокот на новата сезона во НБА лигата.

Освен датумот, одобрен е и претходно предложен број натпревари во регуларниот дел од сезоната – 72.

-За останатите детали сега ќе преговараме, очекуваме договор да биде постигнат за сите деликатни прашања и предизвици кои се пред нас, се наведува во соопштението од Здружението на играчи.

Се очекува наскоро НБА и официјално да потврди дека новата сезона ќе започне на 22. декември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.