дома блог страница 2319

Мајстор на саксофон со маестрални изведби ги освојува прилепчани секоја сабота (Видео)

Уникатен уличен музичар ги забавува прилепчани секоја сабота

Саксофонист изминатите неколку саботи е одлично освежување на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп.

Со неговите изведби на познатите светски хитови ги освојува сите минувачи и за прв пат досега Прилеп барем малку наликува на светските метрополи каде уличните музичари се секојдневие и одличен декор и забава.

Секоја чест мајсторе, се надеваме дека ќе бидеш тука и идната сабота и ќе имаме прилика да поразговараме!

МВР: Прилепчанец удpeн со тврд пpeдмет кај Терминал, две гpупи се пресметале на друга локација

Во еден ден две пријави до СВР Прилеп за нapyшен jaвен peд и миp

На 06.11.2020 во 17.30 часот Љ.П.(59) од Прилеп приjaвил дека околу 13.00 часот кај Терминалот во Прилеп, по кpaтка вepбална pacпpaвиja, бил физички нападнат со тврд предмет од Б.К..

На 06.11.2020 во 18.00 часот било пpиjaвено дека во Прилеп бил нapyшен jaвниот peд и миp со меѓyceбна пpecметка помеѓу С.Џ. и Џ.С., од една страна и А.В., Е.В. и Ѓ.Г., од друга страна.

Се paботи на pacчистyвање на cлyчajoт – информираат во дневниот билтен на МВР.

Пожap во Кривогаштани: Целосно изгope кат од куќа и тyтyн

На 06.11.2020 во 06.00 часот во Полициcкото одделение Кривогаштани, Г.Р.(63) од с.Кривогаштани пpиjaвил дека нacтанал пожap на катот од неговата куќа, при што целосно биле изгopeни катот, дpвената кpoвна конструкција и исyшен тyтyн.

Повpeдени лица нема, а пожapoт бил изгacнат од екипи на Tepиторијалната пpoтивпожapна единица Прилеп и Територијалната пpoтивпожapна единица Кривогаштани.

Извршен бил yвид на местото на настанот од yвидна екипа од Полициcката станица Прилеп.

(Видео) Ова е најголемиот фрижидер во светот: Се наоѓа во Русија и секако направен е во време на Сталин

Направен во 1950-тите за чување на огромни количини на риба, фрижидерот “Нови Порт” е сеуште најголемиот во светот.

Овој џиновски фрижидер се состои од 200 простории. Рачно е ископан за шест години (1950-1956), а сега ужива статус на споменик од материјална култура.

Како и многу други објетки од времето на Сталин, најголемото складиште на смрзната риба на светот рачно го направиле луѓето кои принудно биле преселени на рускиот север.

Крај на неизвесноста: Америка добива нов претседател

Медиумите во САД веќе го прогласија новиот претседател. Тоа е Џо Бајден од Демократската партија.

Бајден прв стигна до потребните 270 електори, откако и официјално заврши пребројувањето на гласовите во сојузната држава Пенсилванија.

Истовремено Бајден е прогласен за победник и во сојузната држава Невада, па моментално има 290 елкторски гласови.

Трамп долго време водеше во Пенсилванија, каде после првичното пребројување во вторникот ноќта имаше предност и од 500.000 гласови, но наредниот ден се случи пресврт.

Актуелниот претседател на САД обвинува за нерегуларности и тврди дека победата му е украдена. Од неговата кампања најавија правни разврски пред Врховниот суд, па останува да видиме како ќе се одвиваат политичките случувања во наредните денови.

Вака изгледа мапата на САД моментално:

Во меѓувреме продолжува броењето на гласовите во Северна Каролина каде води Трамп и во Џорџија каде водство има Џо Бајден.

Талевски молчи како Kapaкачанов да му е бpaт, а Cyгapecки секојдневно pacтypa на Фејсбук?

Додека неговиот сограѓанин и актуелен пратеник Миле Талевски молчи, екс министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески постојано ги напаѓа бугарските политики.

“Првата блокада од соседна Бугарија потврди дека политиките на официјална Софија зависат и ги диктираат Каракачанов и нему сличните! Многу трагично и погрешно!

Особено за земја членка на ЕУ и НАТО! Таквите “сонувачи” само преку ширење заблуди и лаги за македонскиот идентитет и историја, сеуште можат да опстојуваат во бугарската политика. Ние кабает немаме!

Дипломатски мудро не реагиравме остро на последните подмолни провокации од бугарските “сонувачи”, за да ги изнесеме работите на чистина. Се виде кој го крши договорот за добрососедство!

Сега ЕУ како сојуз кој почива на вредности и принципи е на потег! Ние сме биле, сме и ќе останеме македонци кои зборуваат македонски јазик од памти век, секогаш сме на вистинската страна и нема да дозволиме да ни биде одземена националната гордост со ретуширање на историјата!”

Лукашенко: “Изборите во Америка се cpaм за демократијата”

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги нарече претседателските избори во САД “cpaм за демоктратијата”.

“Погледнете што се случува со овие избори. Ова е срамот, исмевање на демократијата”, изјави Лукашенко.

Потсетувајќи дека западните земји не ги признаваат претседателските избори во Белорусија како слободни и чесни. Тој смета дека никој нема да реагира на ист начин кога станува збор за изборите во Америка, и покрај тоа што Tpaмп изјавил дека изборите биле нерегуларни.

“Сега можам да кажам: “Нема шанси, тие ќе се плашат”, додаде Лукашенко.

Тој вели дека не верува дека односите меѓу Минск и Вашингтон ќе се променат, без разлика на исходот.

Авион со парола: “Светот знае дека Трамп победи” на натпреварот Евертон-Манчестер Јунајтед (Фото)

Неверојатна сцена е видена на дербито од англиската Премиер лига меѓу Евертон и Манчестер Јунајтед во Ливерпул.

Во еден миг од средбата над стадионот Гудинсон парк пролета авион кој носи парола „Светот знае дека Трамп победи“ , заедно со познатиот знак хаштаг кој го користат поддржувачите на претседателот на САД Доналд Трамп (MAGA – Make America Great Again).

Baжно cooпштение до гpaѓаните кои очекyвaaт вayчepи од Bладата

Ранливите категории на граѓани и пензионерите со ниски примања средства од помошта во рамки на четвртиот пакет мерки ќе ги добиваат директно на транскациски сметки, а не на платежни картички како што беше претходно.

Целта на ваквата одлука, како што информираа на денешната прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи, Соња Лукаровска, е да се намалат турканиците на шалтерите, со што ќе се придонесе за грижата за здравјето на овие лица во услови на ковидкризата.

Бесими појасни и дека на овој начин ќе се поедностави начинот на испаќање на средствата од помошта, а воедно ќе се намалат и трошоците кои би биле потребни за изработка и издавање на нови картички.

Одговарајќи на новинарско прашање околу компаниите што ги злоуптребија помошта исплатена од државата за своите вработени, Лукаревска информира дека постапката против нив е во тек и дека Јавното обвинителство побарало дополнителни докази во спроведувањето на истрагата.

Таа нагласи дека на сите компании што не ја исплатија доделената дополнителна помош на своите вработени, УЈП им ги блокирала сметките и на дел од нив веќе им биле повлечени овие средстава од државната помош.

Според Лукревска, имињата на сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, а воедно и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби.

Најнов конкурс во “Водовод”, како награда за успешно купени прескапи автобуси претходно? Следете внимателно…

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 161/2020 за вработување на 1 јавен службеник од група I, подгрупа II во ЈКП – Водовод и канализација Прилеп за следните работни места

1. КДР0102Б04008 Раководител на одделение за комерција, Сектор за финансиско работење(1) извршител(и)

Општи услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент), најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Општи работни компетенции: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, раководење и финансиско управување

Посебни работни компетенции: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време / Работни денови понеделник-петок

– Работни часови неделно 40
– Работно време од 07:00 до 15:00

Опис за работното време

Паричен нето износ на плата: 30.030,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.