дома блог страница 2321

(Видео) Ckaндал на СиЕнЕн: Додека сите ги исчекуваа резултатите, се случи шokaнтна “грешка”- погледнете ја реакцијата на водителот

Во ек на очекувањето на најнеизвесните избори до сега и очекувањето на победникот, едно видео објавено на Твитер ја шokираше и ја насмеа цела планета.

Имено, она што е најинтересно, оваа “грешка” се случи на најголемиот национален медиум во САД. Додека водителот објаснуваше пред мапата на која беа прикажани моменталните гласови на претседателските избори, во горниот десен агол на екранот се појави “икона” со чудна содржина.

Се појавија и голем број на коментари на социјалните мрежи дека сепак се работи за монтажа. Што мислите вие?

Mицкоски: Ветото на Бугарија е неуспех, оставка на Заев, а потоа Влада за национален спас и избори

-Доведена е до знак на прашање европската перспектива на Македонија под раководство на Зоран Заев. Поразена е неговата политика на свиткана кичма, очигледно е дека доволно не ја свиткал кичмата. Гледаме денеска што ни се случи, очекуваме да нашите партнери од ЕУ го ревидираат нивниот став и веќе на министерско ниво или на премиерско ниво да го корегираат и Македонија без разлика дали оваа влада или некоја идна влада да го отпочне процесот на преговори со ЕУ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

– Бидејќи тоа се вредностите во кои што ние веруваме, и тоа се вредностите кои што ние ги заслужуваме да ги споделиме со нашите сограѓани Европјани. Но она кое што денеска ни се случи е уште еден доказ за националната катастрофа која што ја донесе Зоран Заев и на македонската нација, на граѓаните на Македонија без разлика на нивниот етнички состав, и на македонската држава. И во име на тоа најчесно би било тој и неговиот тим на политичари веднаш да заминат, да дојдат луѓе кои што ќе ја креваат Македонија од оваа положба во која што тие ја донесоа. Тоа е би рекол не граундзиро како што популарно се нарекува туку под тоа, рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека СДСМ треба веднаш да ги напуштат позициите и да организираат предвремени избори на кои што би можеле граѓаните во термин во кој што нормално здравствените услови ќе дозволат да се случи такво нешто, а веднаш сега можеби треба и да почнеме да размислуваме за една идеја која што ја почнаа од Алијансата за Албанците, а тоа е една Влада за национален спас, техничка влада или некој друг тип на форма.

– Бидејќи ова се неспособни политичари, луѓе кои што гледаме не доведоа до бездната, не станува збор само за блокадата што денеска ја добивме, до вчера зборуваа дека блескаме и дека работата е под контрола со пандемијата, а денеска гледаме еден драматичен и трауматичен прес . поразена е политиката на Зоран Заев и во здравството, и во образованието одамна е поразена, а за друго не ни сакам да зборувам. Буквално нема што денеска да кажеме дека функционира во државата. За прв пат граѓаните се беспомошни и се чувствуваат дека системот не функционира, дека тонеме од ден во ден. Затоа веднаш да се седне, понудивме лидерска средба токму заради овие работи да ги разговараме, понудивме начин како да излеземе од сето тоа, еве начин веднаш да се седне и да разговараме да видиме како понатаму со нашата држава, нагласи Мицкоски

Шпaнcки екcпepт за Балканот: “Maкедонија треба да добие оштета од соседите за 30-годишното peгионално нacилcтво”

Македонија цели 30 години се соочува со регионални насилници и за тоа треба да добие репарации, вели шпанскиот експерт за Балканот Алесандро Естесо Перез.

“Искрено се надевам дека еден ден, со среќа не многу далеку од сега, регионалното насилство од кое пати Македонија 30 години ќе биде признато и ќе биде обезбедена рамка за репарации на македонската држава” , вели политикологот Перез кој во моментов работи на Косово а предходно работел како шпански дипломат во Сараево.

Ова е неприфатливо, коментира Перез споделувајќи ја изјавата на бугарската министерка Захариева за Ројтерс во која се заканува со вето за Македонија.

Заев призна: Денеска добивме блокада од Бугарија

На првиот Комитет на постојани претставници во Советот на Европска Унија (КОРЕПЕР), денеска Македонија беше блокирана од Бугарија.

Ова го кажа премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по вршењето на увид на гасоводот на кракот Скопје – Тетово – Гостивар, според кој ова е прва блокада од источниот сосед.

„ Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен тој Членот 2 од договорот, ние ништо до сега не прекршиме. Ова е прво непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија првиот чекор е блокиран.

Членот два од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да не’ поддржува кон патот за интеграција. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“, стои во челнот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија.

Среќен сум што ја имаме поддршката од страна на Германија“, изјави Заев.

Локвенец: “Прилеп е кластер, пациенти молат за киcлopoд, а Јованоски го полни Водовод со партиски послушници” (Видео)

Во услови кога Прилеп секојдневно бележи црни рекорди на новозаразени и починати од коронавирусот, за власта на СДСМ во Прилеп единствено важно е вдомувањето на партиските послушници и одработувачи – истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Во само еден ден ЈКП Водовод Прилеп објави оглас за вработување на 18 лица, што е срамно, жално и трагично кон сите граѓани кои доживуваат црни судбини и кон медицинскиот персонал кои мака мачат да стигнат и помогнат насекаде.

Наместо да се обезбеди дополнителен медицински персонал, дополнителен простор за лекување на заразените со Ковид-19 и дополнителни тестови, за градоначалникот Илија Јованоски и директорот на Водовод, Емил Јанески, важно е отчестувањето со нивните партиски теренци.

Толку од чесните намери на Јованоски за борба против пандемијата и спасувањето на човечки животи.
Потсетуваме дека истото ова претпријатие потроши над 287.000 евра за времени вработувања во месец април оваа година.

Исто така потсетуваме и дека пред извесно време и ЈКП Комуналец вдоми 85 партиски послушници.

Почитувани,

Прилеп е град кластер, пациенти молат за кислород во болницата, граѓани со денови чекаат да се тестираат, докторите се изнемоштени и молат за помош, а Јованоски вели се е во ред, дезинфицирајте се и држете дистанца.
Со ваков однос и со вакво расфрлање со народните пари само Бог нека ни е напомош.

Оваа власт нема слух за ништо, затоа секојдневно имаме огромни бројки на новозаразени и починати од Ковид-19.

На ова лудило ќе му дојде крајот, но за жал цената која ќе ја платиме со овие луѓе на власт ќе биде преголема.
Ги повикуваме властите сериозно да се ангажираат во справувањето со корона кризата.
ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање за секаква помош.

Свестете се, затоа што животот на секој граѓанин е драгоцен и далеку повреден од вашите партиски игри и отчестувања на сметка на буџетот на општината”.

Ce оглacи Aли Axмети: Еве што вика лидepoт на ДУИ за слyчувaњата во XAГ

По апсењата на неколку поранешни команданти на ОНА и нивно спроведување пред судот во Хаг, на социјалната мрежа Фејсбук се огласи лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Ахмети на својот профил напиша:

-Bojната која ја водеше ОНА беше вистинската вojна на албанската нација за слобода и правото на самоопределување, но исто така и за правда и владеење на правото, за демократско и кохезивно општество, ориентирано кон евро-американските вредности.

Убеден сум дека моите пријатели, моите колеги борци, ќе сведочат за праведната вojна на ОНА и ќе се вратат победнички, а притоа целосно ќе ги почитуваат владеењето на правото, домашната и меѓународната правда.

Знам дека јас и моите пријатели, доколку имавме уште еден живот и уште една шанса да се бориме за слобода и еднаквост, ќе го направиме тоа повторно бидејќи веруваме во правата на нашата нација.

Сите наши достигнувања овие децении се постигнати заедно со нашите меѓународни пријатели и заедно, почитувајќи ги вредностите прифатени од сите нас, ќе го завршиме нашето патување кон слободата, независноста, правдата и интеграцијата.

Владеењето на правото и вистинската неселективна правда се наши цели, и затоа им честитам на косовските лидери што одговорија на правдата на најдостоинствен начин и им посакувам брзо враќање на должностите кои ги чекаат.

Кликнете тука за да го прочитате целиот статус на профилот на Ахмети.

Еулекс упадна во куќата на Хашим Тачи (Видео)

Припадници на Еулекс вршат претрес во куќата на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, јавуваат приштинските медиуми.

Тачи од вчера се наоѓа во притвор во Хаг, откако му беше потврдено обвинението од страна на Специјалниот суд.

Тачи, Кадри Веселеи и други осомничени се за вoeни злосторства во Косово.

Жртви на kpивичните дела од обвинението се стотина лица чиј идентитет е познат и меќу кои се косовски Албанци, Срби, Роми и лица од други националности, како и политички противници, соопшти претходно Специјалното обвинителство.

Од мисијата на Еулекс која пружа логистика и оперативна поддршка за апсење обвинети, вчера порачаа дека секој кој сторил криични дела треба да одговара, а судењето да биде чесно.

Од рубриката верувале или не: За СДСМ и денеска за кopoната се кpиви Наќе Чулев и ВМРО-ДПМНЕ

Наќе Чулев е виновен што расте бројот на позитивни и починати како последица на КОВИД пандемијата, тврди владејчката СДСМ во писмено соопштение испратено утрово.

„Нема крај лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија продолжува да дејствува опасно по јавното здравје и бесрамно ги злоупотребува човечките судбини, за спас на фотелјата на губитникот Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата со коронакризата видовме само опструкции, критики и лицемерно однесување.

Кога започна пандемијата, тие се исмеваа со корона-вирусот, прво беа против вонредна состојба, а после бараа вонредна состојба.

Нивниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев не казнуваше за непочитување на мерките, а дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска ги закочи средствата од Светска банка за опремување на ковид-болниците за справување со здравствените предизвици.

Сакаа да ги одложат парламентарните избори за наесен, поради лажна загриженост за здравјето на граѓаните, а целата кампања ја истераа со масовни собири, со целосно игнорирање на мерките за заштита.

По изборите, продолжи кочењето и саботирањето на системот и мерките, во Собранието со одолговлекување на донесувањето на измените во Законот за заштита на населението од заразни болести, со барања за формирање паралелна здравствена комисија, за ребаланост на Буџетот.

Истовремено организираат масовни собири, на кои воопшто не ги почитуваат мерките на заштита.

И сега прават перформанс за луѓето кои, за жал, ја изгубија битката со болеста.

Наместо 1071 каранфил, ВМРО-ДПМНЕ треба да упати 1071 извинување за сета штета што ја прави кон граѓаните и кон здравствениот систем.

Нема крај на бесрамноста на ВМРО-ДПМНЕ.“ – велат од СДСМ

Пpecвpт во клучна држава: Бајден го презеде водството, Трамп обвинува за избopна измама

Неизвесноста со изборните резултати во САД се’ уште трае.

Предмалку кандидатот на Демократите, Џо Бајден го презеде водството во сојузната држава Џорџија, каде Трамп имаше високо водство при пребројувањето на гласовите во вторникот ноќта.

Сега на преброени 99% од гласовите, Бајден има освоено 2,449,371 гласови, а актуелниот претседател 2,448,454.

Гласови се’ уште се бројат во Пенсилванија, Невада и Северна Каролина, а неизвесност до крај постои и во Аризона.

Бајден официјално има освоено 264 електорати (вклучително и 11 од Аризона), а Трамп стигна до 214.

Се посигурно е дека Доналд Трамп ќе ја освои Алјаска, која носи 3 електори.

Претседателот на САД обвинува за изборна измама и кpaжба на изборите.

Cpeде бpoeње иcтyтка ливче и го фpли: Шокантно видео од избopите во CAД

Синот на републиканскиот кандидат Доналд Трамп објави видео на својот Твитер профил среде немири околу пребројувањето на гласовите на претседателските избори во САД

Како што беше напишано во твитот, видеото е снимено во сојузната држава Џорџија.

На видеото се гледа како човек брои гласови, па среде броење згужва парче хартија и го фрли.

Иако од видеото не може да се види дали се гужва и фрла гласачко ливче или некое обично парче хартија од масата, видеото што Ерик Трамп го сподели на Твитер предизвика бура од реакции.

Видеото се појави среде меѓусебни обвинувања и „војната“ предводена од претседателските кандидати Доналд Трамп и Џо Бајден на Твитер.