Одлучи да му ја предаде круната на синот: Кралицата Елизабета заминува во пензија?

Најстариот син на кралицата Елизабета ќе го замеме тронот за само шест месеци- кога неговата мајка ќе се повлече од престолот, на нејзиниот следен роденден.

Ова го изјави кралскиот биограф Роберт Џобсон. “Сеуште чврство верувам дека кога кралицата ќе наполни 95 години, ќе се повлече”, вели Џобсон за “True Royalty TV”.

На 21. април Елизабета II ќе наполни 95 години. Имала само 27 години кога била крунисана по cmpтта на нејзиниот татко, кралот Џорџ VI, на 6 февруари 1952 година. Принцот Чарлс на 14 ноември ќе наполни 72 години.

Репортерот на “Њузвик”, Џек Ројстон, смета дека ќе има промени во Обединетото Кралство.

“Мислам дека кралицата нема да сака да го предаде тронот, но сепак ќе дојден момент кога се ќе предаде на Чарлс. На крајот на краиштата, како може да го погледне синот во очи и да му речи дека никогаш нема да биде крал?”, вели тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.