(Хит видео) Американска новинарска пее додека известува за претседателските избори

Видеото од американска новинарка стана хит на Твитер откако го отпеа Божиќниот хит на Мараја Кери, „All I want for Christmas“.

Во САД, пребројувањето на гласовите сè уште трае, и многумина едвај чекаат нови вести. Една од нив е новинарката од телевизиската станица ВНЕП Челзи Страб кој пее додека известува за изборите.

„Секој новинар во моментот“, напишала таа покрај снимката на која се слуша нејзиниот превод на познатата песна, во која пее дека има само една желба, да слушне некои новости за пребројувањето на гласовите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.