дома блог страница 1484

Синоќа вриеше од полициja низ Прилеп – еве што се слyчyваше

Во текот на изминатата вечер (20/21.07.2022) во периодот од 20.00 до 02.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 45 возачи, од кои 16 возеле без возачка дозвола, четири возеле под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за возачи на мотоцикл поради некористење заштитна кацига за време на возење, а исклучени се 24 возачи и три возила од сообраќај…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Важно предупредyвање од Пожарна Прилеп

Поради екстремно високите температури кои се очекуваат деновиве, а со тоа и поради големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, од Територијалната противпожарна единица Прилеп препорачуваат да се внимава како граѓаните ќе се однесуваат со природата и да ја почитуваат забраната за движење низ шумите, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски и полски пожари.

– Исто така во наредниот прилок ќе ве информираме за состојбата и подготвеноста на ТППЕ единицата и како се справуваат нашите пожарникари со предизвиците, опасностите во нивната работа – стои во соопштението од ТППЕ Прилеп.

Бајден предизвика голема забyна: “Имам paк”

Американскиот претседател Џо Бајден ја разбранува јавноста во средата кога одржа говор за загадувањето и глобалното затоплување. Бајден објави дека има рак, поради што реагираше и Белата куќа.

Американскиот претседател (79) го коментираше загадувањето кое го предизвикуваат рафинериите за нафта во државата во која е роден и израснат. Бајден е од Клејмонт, Делавер, држава која долго време го држи црниот рекорд по бројот на заболени од рак.

„И поради тие рафинерии, јас и многу луѓе со кои пораснав, имаме рак, и затоа Делавер имаше највисока стапка на рак во нацијата долги години“, рече Бајден.

Портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, на прашањето на „Њујорк пост“ дали американскиот претседател има рак, објасни дека пред да ја преземе функцијата претседател, Бајден имал неколку видови на рак на кожата, а кои биле третирани и отстранети.

Американската јавност е збунета од фактот дека Бајден го користел сегашното наместо минато време кога зборувал за ракот што го имал. Дополнителна конфузија е извештајот од неговиот лекар, д-р Кевин О’Конор.

Лекарот во извештајот напишал дека Бајден имал рак на кожата, но тој бил предизвикан од престојот на сонце без носење заштитен фактор, а не се споменува изложеност на хемикалии и загадување. Во младоста Бајден работел како спасител на базен поради што постојано бил изложен на сончевите зраци. Минатата година неговиот лекар во извештајот изјави дека „во моментов нема делови од кожата на претседателот што изгледаат сомнително“.

Ноќ број два во Бронкс: Синоќа во Прилеп запален автомобилот на раководителот на урбанизам

Фото/илустрација

После автомобилот на директорот на ЈКП “Koмуналец”, автомобилот на вработен во локалната самоуправа и автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, синоќа во Прилеп настрада уште еден автомобил.

Како што дознаваме непознат сторител сега го запалил автомобилот на раководителката на Секторот урбанизам во општина Прилеп, Васе Никоска.

Граѓаните синоќа на социјалните мрежи пишуваа за засилено присуство на полицијата низ градот, но засега не е пронајден сторителот или сторителите на ваквите дела.

Сите овие немили настани се случуваат во помалку од месец дена.

МТСП: Од денеска до недела да се ослободат од работа најранливите категории население

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните денови, почнувајќи од четврток 21.07. до 24.07.2021 година.

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и хронично болни лица.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Путин: Доаѓа нова ера, се формира нов светски поредок!

„Доаѓа нова епоха во светската историја, а само вистински суверени држави можат да обезбедат висока динамика на раст, да станат пример за другите кога се во прашање стандардите и квалитетот на животот, заштитата на традиционалните вредности, смета претседателот на Русија.

Се добива впечаток дека Западот не може да понуди сопствен модел на иднината, додека денес се формира алтернатива на постоечкиот униполарен свет, поправеден и социјално ориентиран светски поредок, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој нагласи дека моделот на тотална доминација на „таканаречената златна милијарда“ не е фер и посочи на „грандиозните промени“ кои сега се случуваат во светот и кои се неповратни.

„И на национално и на глобално ниво, создавањето на основите и принципите на похармоничен и поправеден, општествено ориентиран и побезбеден светски поредок – алтернатива на постојниот – или, може да се каже, досега постоечкиот униполарен светски поредок, што по својот карактер, дефинитивно, станува кочница за развојот на цивилизацијата“, нагласи Путин, пренесува Спутник.

Според неговите зборови, доаѓа нова епоха и нова етапа во светската историја, во која само суверени држави ќе можат да обезбедат динамика на раст и да станат пример за другите земји да обезбедат висок животен стандард.

„Доаѓа нова ера, нова етапа во светската историја, а само вистински суверени држави можат да обезбедат висока динамика на раст, да станат пример за другите кога се во прашање стандардите и квалитетот на животот, заштитата на традиционалните вредности и високите хуманистички идеали. – модели на развој во кои човекот не е средство, туку највисока цел“, рече Путин.

Забранет извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе две одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на сончогледово масло за јадење.

Овие одлуки се донесени со цел со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните и да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

За да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата, кои може да настанат со извоз на пченица и брашно од земјата, Владата донесе одлука до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година да се ограничи извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица.

Во услови на економската криза предизвикана од воените случувања во Украина и пореметувањата на светскиот пазар на пченица на кој се јавува сериозен недостиг на пченица, потребно е да се превенираат евентуалните дополнителни нарушувања на пазарот во земјата кај овие основни прехранбени производи, неопходни за исхрана на населението.

Исто така на предлог на Министерството за економија на денешната владина седница беше донесена одлука за ограничување на извозот на огревно дрво и пелети до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година.

Оваа одлука за привремено ограничување на извозот на огревно и необработено дрво и пелети е донесена со цел да се спречат и избегнат последиците предизвикани од зголемената побарувачка на населението за огревно дрво предизвикана од енергетската криза на светскиот пазар.

Одлука за привремена забрана на извозот на одредени дрвни сортименти неодамна имаат донесено владите Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Исто така на предлог на Министерството за економија, со консултација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените.

Оваа одлука ќе важи до 31.12.2022 година. Ваква одлука се применуваше до 31 мај 2022 година. Имено, редовната царинска стапка на маслото од сончоглед за јадење е маx 29%, така да со оваа мерка се дава можност на увоз од други земји за кои нема преференцијален третман во трговијата или се предмет на мала безцаринска квота во рамки на договорите за слободна трговија.

Македонија повторно зоврива од кopoна: За 24 часа регистрирани дури 792 cлyчаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.774 тестови, а регистрирани се нови 792 случаи на КОВИД-19: Скопје – 370, Битола – 62, Кавадарци – 41, Куманово – 39, Велес – 32, Прилеп – 31, Тетово – 29, Охрид – 27, Кичево – 22, Струмица – 18, Гостивар и Свети Николе – по 14, Штип и Гевлелија – 13, Неготино – 11, Кочани и Крива Паланка – по 9, Ресен – 8, Радовиш – 6, Струга и Дебар – по 5, Демир Хисар – 3, Делчево, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Багданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (792), регистрирани се 203 реинфекции.

Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од: Скопје – 171, Битола – 27, Куманово – 18, Прилеп – 15, Тетово – 12, Кавадарци и Велес – по 9, Охрид – 8, Гостивар – 7, Кочани – 6, Неготино и Крива Паланка – по 5, Гевгелија – 4, Струмица, Штип и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Делчево и Валандово – по 2, Свети Николе, Крушево, Пробиштип и Демир Капија – по 1. Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Скопје (79г) и Гостивар (75г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14.07.2022 -18.07.2022г.

Направени се 1.774 тестови преку: ИЈЗ-272, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-43, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–154, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-59, Биотек-88, Систина-41, лабораторија Лаор-18, Синлаб-26, Ремедика-11, Плодност-24, Генеа-21, Никоб Лаб-103, ВФВ Медикал-12, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 676.

Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595

За бакар битолчани ги исекле цевките на централниот довод за медицински гac во болницата за нефрологија во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(29) и Б.В.(23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“.

Тие, во периодот од март до мај оваа година, во кругот на ЈЗУ„Специјална болница за нефрологија“, на улицата „Партизанска“ во Струга, со употреба на остар алат, насилно пресекле и одзеле повеќе бакарни цевки, а на 30.05.2022 година ја пресекле цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во зградата при што направиле дефект на системот за довод на медицински гасови.

Дизелот не мрда, а бензинот после долго време падна под стотка

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88% во однос на одлуката од 18.07.2022 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалуваат за 2,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 21.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 98,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 101,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,044 (денари/килограм)