дома блог страница 1432

31 година СДСМ е на вистинската страна на државноста, рече Ковачевски

Ако погледнеме наназад во изминатите 31 година, заклучокот е тој. Секогаш кога и било тешко на Македонија СДСМ била тука, водела напред и секогаш била на вистинската страна, истакна премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на традиционалниот народен пикник на Пеленица по повод 8 Септември – Денот на независноста.

– Од процесот на создавање независна држава, меѓународно признавање, преку кандидатски статус, решавање на споровите со соседите и реализирање на стратешката цел, членство во НАТО, па се до почетокот на преговори со ЕУ оваа година. И затоа денеска после 31 година со гордост можам да кажам: Како што нашите предци во НОБ биле на вистинската страна, СДСМ била и се уште е на вистинската страна на македонската современа историја, изјави Ковачевски.

Вели дека после 17 години во „чекална“, успеале и го направиле клучниот чекор од последната етапа во евро-интеграциите, а тоа се преговорите со Европската Унија за полноправно членство, со чист македонски јазик и сочуван македонски идентитет и посебност.

– СДСМ го имаше товарот да се носи со едни од најтешките глобални предизвици. Прво со надминување на последиците од пандемијата со коронавирусот а потоа и со решавање на најголемата економска и енергетска криза што последните неколку месеци ја тресе цела Европа и светот, додаде тој.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски истакна дека се подготвени и за претстојниот тежок период.

– Со одговорен и ефикасен пристап, го зголемуваме домашното производство на струја со цел таа да биде постојано достапна за домаќинствата, стопанството и за јавните установи. Цената на електричната енергија за домаќинствата и ја субвенционираме во висина од 80 отсто и така ќе продолжиме. Обезбедуваме струја, но и храна, во кризниот период да има доволно и постојано и за граѓаните и за стопанството, појасни тој.

Додаде дека со септемвриската плата Владата предводена од СДСМ и Коалицијата обезбедиле повисоки месечни примања за вработените во образованието, детската заштита, одбраната, полицијата. Најави дека следува и рекордно зголемување на пензиите на над 320.000 пензионери согласно новата методологија договорена со здруженијата на пензионерите.

-Ова се само дел од мерките кои имаат за цел заштита на животниот стандард на граѓаните во време на криза. Тоа е новиот влог на СДСМ за граѓаните и стабилноста на земјата во услови на најтешка економска и енергетска криза по Втората светска војна, вели премиерот и додаде дека СДСМ ја донесе државата во нова ера и ново европско поглавје.

-Го реализиравме концептот „Едно општество за сите“, создадовме граѓанска држава со еднакви услови за сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници, потсети Ковачевски.

Порача дека СДСМ е државничка партија, која како што вели „води напред и го гледа државниот интерес“, а според него ВМРО-ДПМНЕ е парија која само ги гледа своите тесно партиски интереси.

Додека СДСМ води кон реформи во судството и борба против корупцијата преку европеизација, ВМРО-ДПМНЕ ги бара назад времиња во кои се чувствуваат удобно во нивните криминални методи. Единствена причина зошто ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира нашиот пат кон ЕУ е затоа што таму каде што се движи земјата, таму нема место за ретроградни политичари, појасни Ковачевски.

Иницијативата за референдум на опозицијата ја оцени како „последна потврда за хипокризијата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“ и порача дека лажниот патриотизам не поминува повеќе.

-Затоа Мицкоски и неговите пратеници не гласаа против предлогот во Собрание. Затоа најавуваше поништување на територијалната поделба а не го направија тоа. Затоа избегаа од референдумот за Преспанскиот договор. Затоа и поставија прашање за Договор за кој јавно кажаа дека го поддржуваат, вели Ковачевски.

Порача дека заедно со граѓаните продолжуваат по европскиот пат, без никакви пречи.

Македонија до 2030 ќе биде членка на ЕУ а до тогаш ќе се развива, реформира и унапредува во секоја пора од општеството. Европеизација значи подобри закони, праведна држава, посилна економија и развој. Нема да дозволиме да запреме сега кога сме на чекор од реализација на стратешките цели, изјави премиерот и додаде дека СДСМ останува на своите принципи и државнички постулати.

-Да живее Денот на независноста! Да живее Европска Македонија! Да живеат граѓаните!, порача претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски во своето обраќање.

На 96-годишна возpacт почина најстариот монapx во светот – Само еден крал во историјата има владеено повеќе години од неа

Кралицата Елизабета почина на 96-годишна возраст, соопшти Бакингемската палата.

„Кралицата почина мирно во Балморал попладнево. Кралот и Консортот на кралицата ќе останат во Балморал оваа вечер и ќе се вратат во Лондон утре“, соопшти Бакингемската палата.

Седумдесет години владеење на 96-годишниот монарх кој ја обиколи Земјата 42 пати: рекордите не се непознати за кралицата Елизабета Втора.

Елизабета е родена на 21 април 1926 година во Лондон.

– Таа стана наследничка кога нејзиниот вујко, Едвард Осми, абдицирал на 11 декември 1936 година, а нејзиниот татко станал крал Џорџ Шести. Таа имаше 10 години.

– Таа се омажи за морнаричкиот поручник Филип Маунтбатен, грчки принц, во лондонската Вестминстерска опатија на 20 ноември 1947 година. Тие имаат четири деца: принцот Чарлс (роден во 1948 година), принцезата Ана (1950), принцот Ендру (1960) и принцот Едвард. (1964). Филип почина во април 2021 година, на 99-годишна возраст.

– Се искачи на тронот по смртта на нејзиниот татко на 6 февруари 1952 година, додека беше во Кенија на кралска турнеја. Таа беше крунисана на 2 јуни 1953 година во Вестминстерската опатија, првото крунисување кое било емитувано на телевизија.

– Кога го зазеде престолот, Јозеф Сталин, Мао Це Тунг и Хари Труман ги водеа Советскиот Сојуз, Кина и САД, додека Винстон Черчил беше британски премиер.

– Ја опслужувале 15 премиери. За време на нејзиното владеење, имало 14 претседатели на САД. Нејзиното Височество се сретна и со 13 од 14-те американски претседатели, од Хари Труман (1945-1953) до Џо Бајден. Исклучок е Линдон Џонсон (1963-1969).

– Елизабета останува кралица на 15 држави – Велика Британија, Австралија, Канада, Нов Зеланд, Јамајка, Антигва и Барбуда, Бахамите, Белизе, Гренада, Папуа Нова Гвинеја, Соломонските Острови, Свети Китс и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините и Тувалу.

– Таа го прослави својот платинест јубилеј – 70-годишнина од нејзиното доаѓање на тронот – на 6 февруари 2022 година.

– На 96 години, кралицата Елизабета Втора е и најстариот жив монарх во светот. Само еден крал во историјата владеел подолго од неа – Луј Четиринаесетти (над 72 години помеѓу 1643 и 1715 година)

– Во улога на кралица, Елизабета Втора посетила над 100 земји – уште еден рекорд за британски монарх – и остварила над 150 посети на земјите од Комонвелтот. Нејзиното Височество во Канада беше 22 пати – повеќе од која било друга земја – и во Франција, чиј јазик го зборува, 13 пати – повеќе од која било друга европска земја. Дејли Телеграф проценува дека таа го обиколила светот 42 пати пред да ги прекине патувањата во странство во ноември 2015 година на 89-годишна возраст.

– За време на нејзиното владеење, Нејзиното Височество изврши околу 21.000 ангажмани, даде „кралска согласност“ на околу 4.000 банкноти и беше домаќин на голем број достоинственици на 112 државни посети. Меѓу нив се императорот Хаиле Селасие (Етиопија, 1954), јапонскиот император Хирохито (1971), полскиот претседател Лех Валенса (1991) и американскиот претседател Барак Обама (2011).

Дpaма cиноќа во Прилеп: Брачен пap нападнат од неколкумина, откако нивниот син се cкapaл со едно лице

На 08.09.2022 во 01,00 часот во ОВР Прилеп, А.К.(38) од Прилеп пpиjaвил дека на 07.09.2022 околу 20,00 часот пред неговиот дом во Прилеп по претходно недоpaзбирање помеѓу неговиот син и уште едно лице, пpиjaвителот А.К. и неговата сопруга биле физички нападнати од неколку лица (кои неговиот син ги познавал) кои yпотpeбиле нож и твpди пpeдмети.

Се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од СВР Битола.

Xaoc ќе владе во Британија доколку yмpe кралицата

Кралицата не е добро, запознати сме со таа информација. За време на попладневната парламентарна сесија ова го соопшти новата премиерка, Лиз Трус – на која ќе и биде тешко да ги победи обвиненијата за „убиената кралица“ со оглед на тоа што тие се сретнаа пред само два дена за официјално да го започнат нејзиниот мандат. Луѓето веднаш започнаа со шпекулации, а прашањето што се врти во главите на секој Британец најмалку пет години конечно дојде до израз: Дали кралицата е мртва?

Кралицата не е мртва, барем не во моментов. Палатата попладнево издаде соопштение за состојбата, а луѓето како мрави се насобраа во близина на палатата во Шкотска. Но, ова е малку поразлично. Ваквата изјава дадена директно до Парламентот значи дека работите се сериозни. Сите деца на кралицата и голем број кралски семејства се откажаа од своите обврски и отпатуваа во замокот Балморал во Шкотска за да бидат со кралицата.

Би било речиси невозможно да се прецени колку луди работите ќе станат во Обединетото Кралство ако кралицата умре. Потресите на теренот, како што пишуваат англиските медиуми, овде се некаде помеѓу ноќ пред испит, Бадник и 11 септември. Без оглед на вашите чувства за кралицата, веќе се чувсвтува хаосот во воздухот. Во оваа земја има монархисти кои ја сакаат кралицата како сопствената баба и антимонархисти кои би плукале по земја каде што таа оди.

Во секој случај Бртитанците ќе доживеат еден тежок период по нејзиниот последен поздрав, барем такви се очекувањата. Се надеваме дека нема да слушнеме лоѓи вести.

Дури 16 засилyвања во ФК Големо Коњари: Третолигашот од прилепско ќе атакува на првото место

ФК Големо Коњари сезонава ќе атакува на првото место во Третата лига – Југ.

Од клубот кој е раководен од претседателот Тони Даноски, информираат дека во преодниот рок се засилиле со дури 16 нови играчи.

Во клубот пристигнаа: голманот Стефан Аљакоски, играчот од одбраната Борче Сркески, во нападот Христијан Митрески, Иле Митрески, Јованче Сугарески, Благојче Ристески (од Победа), Ерџан Ибраими и Мустафа Сулејмани (од Ново Црнилиште), потоа Дарио Наумовски од Велешта кој одлично се снаоѓа на повеќе позиции на теренот, дефанзивниот за врска Михо Андреевски од Братство Житоше, како и напаѓачите Борче Макешоски, Илија Ристески (Росоман), универзалците Петар Симоноски, Роберт Димитријески (повратници од Хрватска) и Христијан Димески (Германија).

Клубот се раздели и со 10-тина свои досегашни играчи на кои им се заблагодари за досегашниот допринос.

Големо Коњари стартуваше со победа во Третата лига-Југ, а во провото коло тримфираше над ФК Бучин со 1:0.

Наредното коло е закажано за 11. септември, кога Големо Коњари ја пречекува екипата на ФК Марена.

Дали кpaлицата е на cмpтна пocтела? Премиерката напиша дека целата земја е загрижена

Кралицата Елизабета е под медицински надзор во Балморал откако лекарите се загрижија за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата.

„По прегледот утринава, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението, пренесува Би-Би-Си.

Според медиумот, најблиското семејство на кралицата е информирано.

Соопштението доаѓа откако 96-годишната кралица вчера се повлече од виртуелниот таен совет, а лекарите ја советуваа да се одмори.

Премиерката Лиз Трас рече дека „целата земја е длабоко загрижена“ од веста.

„Моите мисли и мислите на луѓето низ Обединетото Кралство се со нејзиното височество кралицата и нејзиното семејство“, рече Трас.

Само за еден месец цената на лебот скокнала за 6,4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.3, а индексот на цените на мало изнесува 100.6.

Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 6.4 %, свежото и разладеното овошје за 3.8 %, млекото за 3.6 %, месото за 2.5 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.8 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1.4%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 1.3 %, пивото за 1.2 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.6 %, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото за 0.3 %.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 27.6 %, централното греење за 14.2 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 12.4 %, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 6.4 %, другите печатени материјали за 5.8 %, рестораните, кафулињата и слично за 3.0 %, цврстите горива за домаќинствата за 2.8 %, патниот патнички транспорт за 2.6 %, производите за домаќинставата-нетрајни за 2.5 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2.2 %, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1.8 %, поправката на аудио-визуелната, фотографската и информатичката опрема за 1.5 %, моторните возила за 1.4 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0.9 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, електричните апарати за лична хигиена, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.7 %, мебелот и покуќнината за 0.4 %, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата, другите лични предмети за 0.3 %, облеката, поправките и изнајмувањето на обувките, поправката на апаратите за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци, другите медицински производи, другите услуги за опремата за сопствен превоз, услугите за култура, накитот, часовниците и рачните часовници, другите финансиски услуги неспоменати на друго место за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 4.1 %.

Во август, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 10.9 %, течните горива за домаќинствата за 10.3 %, воздухопловниот патнички транспорт за 5.3 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 3.1 %, туристичките аранжмани за 2.9 %, чевлите и другите обувки за 2.3 %, игрите, играчките и хобијата за 1.5 %, гасот за домаќинствата за 1.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.1 %, велосипедите за 0.8 %, теписите и другите подни покривки за 0.6 %, книгите за 0.3 %, големите алатки и опремата, терапевтските помагала и опремата за 0.2 %. Индексот на трошоците на животот во август 2022 година, во однос на август 2021 година, бележи зголемување од 16.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 14.2 %.

Спортистите Наковска-Бикова, Јовановски, Трстена и Георгиевски одликувани со Орден „8 Септември“

По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ги одликуваше со Орден „8 Септември“ македонските спортисти Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски.

Оливера Наковска-Бикова е одликувана со Орден „8 Септември“ за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува бројни успеси на натпревари во стрелачки спортови. Таа е повеќекратна државна шампионка и апсолутна рекордерка на Република Северна Македонија во дисциплината воздушен пиштол. Во оваа дисциплина го освојува златниот медал на Летните параолимписки игри во Лондон, со што придонесе за меѓународна афирмација и за угледот на државата.

Бранимир Јовановски, за извонредните резултати во својата 20-годишна спортска кариера. Тој е првиот македонски параолимпиец кој освоил златен медал на една параолимпијада. Во текот на својата кариера, покрај златниот параолимписки медал, освоил и други сребрени, златни и бронзени медали на разни европски првенства и на меѓународни натпревари. Значаен е неговиот огромен успех како тренер и како селектор, а избран е и за најдобар тренер на македонската репрезентација во стрелаштво за лица со попреченост. Неговиот придонес за меѓународна афирмација и за угледот на државата е огромен.

Шабан Трстена доби Орден за освојувањето златен медал во борење на Летните олимписки игри во 1984 година, запишувајќи се со златни букви во историјата на македонскиот и на светскиот спорт како најмлад олимписки шампион, како и за освојувањето на сребрениот медал на Олимпијадата во Сеул во 1988 година и на бронзениот медал на Светскиот шампионат во борење во 1982 година. Трстена е повеќекратен младински и сениорски првак на Југославија. Тој е прогласен за спортист на XX век на Република Северна Македонија. Шабан Трстена е пример како со извонреден успех може да се стане симбол на својата земја и на таков начин да се придонесе за нејзина меѓународна афирмација.

Дејан Георгиевски, за постигнување историски најголем и повеќекратен успех во сферата на спортот од независноста на нашата држава. Со освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во теквондо, е прогласен за најдобар спортист на Република Северна Македонија за 2021 година. Воедно, тој е добитник и на неколку сребрени и бронзени медали, со што придонесува за меѓународна афирмација и за угледот на државата.

На доделувањето на наградите присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министрите Олвер Спасовски, Љупчо Николовски и други претставници од Владата.

Пред присутните беше прикажан видеоматеријал за биографијата и заслугите на Оливера Наковска – Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски.

-Оваа награда е повод за понатамошни успеси, рече Наковска-Бикова.

Бранимир Јовановски рече дека со полно срце е на врачувањето на наградата и посочи дека утре се навршуваат 30 години откако го освоил златниот медал во Барселона во 1992 година. Во тоа време, како што рече, бевме млада држава и тој успех беше проследен со многу интересни натписи…

-Сите медали прават чест и предизвикуваат наплив на емоции, нагласи Јовановски. Посочи дека спортистите се водат со неколку девизи во животот, меѓу кои и „Не е важно колку пати ќе паднеш, туку колку ќе станеш и што ќе научиш од тоа паѓање“.

Шабан Трстена ги поздрави двајцата тренери без кои, како што рече, јас немаше да бидам денес тука. Тоа се Насе Насев, кој не е присутен од здравствени причини и клупскиот тренер Ајру Синали, кој е сега починат.

-Јас сум еден од тие спортисти што сум добил многу признанија од пет континенти. Земав признанија и од поранешна Југославија. Сум зел многу признанија и за мојата држава, но ова признание е нешто посебно затоа што го добив од мојата татковина, од мојот народ кој се радуваше за нашите успеси. Затоа овој орден ќе биде посебен во мојата спортска душа бидејќи го добив од името на народот. Горд сум за тоа што дадов се од себе, 20 години да се борам со најелитни спортисти од големите држави и покажав дека може и една мала нација, една мала држава може да ги победи и големите држави. Нека ни е со среќа нашата независност, рече Трстена.

Дејан Георгиевски им го честиташе празникот 8 Септември на сите граѓани и соопшти дека сребрениот медал од Олимписките игри во Токио покрај негова, е и заслуга и на неговите тренери Борче и Дарко Костовски, на неговите клупски другари, на семејството и на Господ.

-Сепак, овој медал припаѓа на целиот македонски народ кој ме дочека гордо на плоштадот. И верувајте јас и мојот тим даваме се од себе да го повториме тој магичен миг од Олимписките игри во Париз во 2024 година, рече Георгиевски.

Незаборавна атмосфера и солзи радосници: Плоштадот “Македонија” беше полн со емоција на денешен ден пред 31 година (Видео)

На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегле на референдумот, позитивно одговориле на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој бил спроведен не биле поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле „за“ самостојна и суверена Македонија.

На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.

Атмосфера на плоштадот „Македонија“ е овековечена на снимките во продолжение кои предизвикуваат солзи, силни емоции и копнеж повторно да се почувствуваме “ослободени”, независни и самостојни.

Дури 9 лица yaпceни на музички настан во Струмица: Пpoнajдена мapиxyaна, таблети, прашкacта матepиja…

Во периодот од 18.00 часот на 07.09.2022 до 06.00 часот на 08.09.2022 година за време на одржување на музички настан во градски парк во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.С. (26), Д.С. (20), Г.Б. (28), М.А. (45), А.С. (24), А.М. (25) и А.Б. (28), сите од Скопјe, Џ.Б. (40) од Струмица и А.А. (19) од Кавадарци.

При преглед над лицата била пронајдена и одземена марихуана, прашкаста материја, таблети… По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.