На 09.09.2022 во периодот од 18.00 до 24.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола.
Санкционирани се 20 мотоциклисти, од кои 11 во Прилеп, а 9 во Битола. Исто така, во текот на вчерашниот ден (09.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 18 возачи.
Од нив 11 ја пречекориле брзината во населено место, а 7 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање кое се однесуваше на објавата на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски кој присуствуваше на 35 Охридски пливачки маратон одговори дека срамно е Пендаровски да се појавува на маратонот затоа што тој се криеше и се откажа од покровителство на маратонот.
Стоилковски исто така потсети дека денеска 35 Охридски пливачки маратон се одржува благодарение на општината и градоначалникот, Кирил Пецаков.
-Ова е дно, ова е срамно. Стево Пендаровски се криеше и се откажа од покровителство на маратонот, Стево Пендаровски соопшти дека маратонот нема да се одржи. 35 Охридски пливачки маратон се одржува денеска благодарение само и само на градоначалникот Кирил Пецаков и на општина Охрид. Еден маратон Стево Пендаровски не е во состојба и не е способен да организира или да поддржи, а не пак да води држава. Срамно е и недостоинствено Стево Пендаровски денеска да се претставува како покровител на 35 Охридски пливачки маратон, истакна портпаролот Стоилковски.
Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната седницата на Советот за национална безбедност, на прес конференција зборувајќи за енергетската состојба, оцени дека Србија ја очекува многу тешка есен и зима и дека државата ќе излезе со предлог за намалување на потрошувачката на електрична енергија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Сакаме да ги поттикнеме луѓето да штедат и да заработуваат – ова ќе се мери според потрошената енергија во истиот месец од претходната година – на пример, октомври оваа година во споредба со октомври 2021 година. Нашиот предлог ќе биде да секој што ќе ја намали потрошувачката меѓу пет и 20 отсто да добие дополнителен попуст од 10 отсто на износот на сметката, рече Вучиќ.
Како што додаде: „Покрај тоа што ќе плаќате помалку поради помалата потрошувачка, ќе ви дадеме уште 10 отсто помалку да платите, а јас ќе барам да биде уште 15 отсто, не знам дали владата ќе го прифати тоа. Тие што ќе ја намалат потрошувачка од 20 до 30 отсто, ние како држава ќе им дадеме уште 20 отсто дополнителен попуст“.
Тој изјави дека за оние кои имаат намалување на потрошувачката над 30 отсто, ќе добијат 30 отсто попуст на инаку намалената потрошувачка и мрежната такса.
Што се однесува до парното, Вучиќ кажа дека греење ќе има и дека е обезбеден и мазут.
Тој забележа дека има проблем со платниот дефицит и дека поради увозот ќе треба да се трошат девизни резерви, кои инаку се големи, „така што ќе успееме тоа да го издржиме до две години“.
-Во моментов имаме 287 милиони кубни метри гас, складиштето во Банатски двор е полно, и досега имаме 352 милиони кубни метри во Унгарија, а во текот на зимските месеци можеме да црпиме 6 милиони – исто така обезбедивме до два месеци снабдување со гас без проблем, рече српскиот претседател.
На 09.09.2022 во 19.00 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто“ и ул.„Васил Главинов“, се случила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „шкода кодијак“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(42) од Битола и мопед „јамаха“, без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола.
Во нecpeќата возачот на мопедот се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил yвид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.
Пејачката Андријана Јаневска објави песна посветена на сите македонски бранители.
,,Оваа песна е посветена на македонските бранители. Сети се на Радуша”, напиша Јаневска промовирајќи ја песната на социјалните мрежи.
Од 10 до 13 август 2001 година во близина на селото Радуша во близина на границата со Косово се случи една од клучните битки во конфликтот во која група од педесетина македонски бранители без никаква поддршка успеале да спречат влез во Македонија на голема група вооружени припадници на УЧК да влезат од Косово во земјава.
Битката кај Радуша важи за една од најжестоките битки во конфликтот од 2001
На 09/10.09.2022 во периодот од 22.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Битола-ОКП Битола при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти, обиколка на школски дворови, паркови, паркинг простори, игралишта во Битола, затекнале малолетници кои се послужени со алкохолни пијалаци и кај кои било утврдено присуство на алкохол.
Имено, на 09.09.2022 во 22.45 часот при контрола во угостителски објект на ул.”Широк Сокак” биле затекнати три малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци, поради што против угостителите ќе следува пријава по чл.204 од Кривичниот законик.
Исто така, на 10.09. 2022 во 01.00 часот во продажен објект на ул.”Широк Сокак” управител и вработено лице послужиле тројца малолетници со алкохол.
Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите. Против правните лица следуваат соодветни пријави.
Македонија е сон! За да бидеш способен да имаш СОНИШТА, неопходно е да знаеш како да немаш илузии.
Слободата е можност да се биде подобар. Да немаме илузии: денес Македонија не е подобра од 08.09.1991 затоа што не е слободна. Денес Македонија и Македонците не се окупирани од непријателот, туку за прв пат, од сопствените изроди.
Запаметете: Македонија не беше родена со страв! Македонија беше родена со храброста, визијата и непобедливата решителност за слобода на Фалангистите, Комитите, Илинденците и Партизаните. После партизаните, Македонија ја одржуваа земјоделците, работниците и индустријата!
Тоа се луѓе херои, оти херои се оние кои се свесни дека со слободата доаѓа одговорност за сопствен просперитет, а не оние кои распродаваат светињи за туѓ просперитет. Денес, политичарите ја предадоа, но претприемачите и граѓанската интелигенција ќе ја зачуваат и повторно ќе ја ослободат!
Драга моја Македонијо, ноќта е најцрна пред мугрите! Доаѓаат светли денови!
Херои се само оние кои ја разбираат одговорноста која доаѓа со слободата. Ние сме одговорни што ти е одземена слободата и ние ќе ти ја вратиме!
Среќен празник, моја Македонијо, а вие мили мои Македонци, запаметете: колку сте вие понезависни, толку понезависна ќе е и Република Македонија!
Сите останати: ако се откажеш од слободата за сметка на сигурноста (НАТО и ЕУ), со сигурност ќе ги изгубиш и слободата и сигурноста!
Во недела (11 септември), со почеток од 16:00ч., на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Победа го игра шестиот натпревар од сезоната во Првата фудбалска лига.
Во Прилеп гостува штипска Брегалница, екипа која во досегашниот дел од првенството запиша три победи, еден нерешен резултат и еден пораз.
Ќе биде пеколно тешко, затоа што Брегалница досега покажа дека располага со супер квалитетна екипа, триумфирајќи над Академија Пандев на гости, и дома против Шкупи и Македонија Ѓорче Петров.
Победа пак, одново ќе се обиде да стигне до прв триумф и драгоцени три бода. Прилепчани имаат само еден бод и се наоѓаат на самото дно од табелата, со само 2 постигнати и дури 10 примени погодоци.
Затоа во недела сите на ГРАДСКИ, со голема поддршка да им помогнеме на црвено-белите да стигнат до прва победа.
Сојузот на синдикатите на Македонија изминатиот период аргументирано укажува дека животот на македоснкиот работник и граѓанин станува прескап и дека се повеќе работници работат, а се сиромашни и не можат да си ги овозможат ниту основните прехранбени продукти за прехранување на нивното семејство, се вели во Фејсбук статусот на Сојузот на синдикати на Македонија.
-Последните податоци од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека во август на едно четиричлено семејнство кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил само за овозможување на основните продукти за живот му биле потребни 41.295 денари, а кога истата ќе се зголеми за 16.8% инфлација или 6.937 изнесува 48.234 денари. Во пресметката не е ставен трошокот за еден ученик за набавка на потребните материјали за почетокот на учебната година кои според пресметките на ССМ изнесуваат околу дополнителни 6.000 денари. Додека Владата гледа розов свет околу себе и се занимава со прослави, сиромаштијата тропа на вратата на работниците и граѓаните во Македонија. Според податоците, само за храна и пијалоци во која се вклучени 63 производи, кои не ги изразуваат целосните потреби за исхрана, туку ги изразуваат можностите, навиките и традицијата во исхраната, а вредноста на истите не се зема како просечна, туку како минимална вредност, биле потребни 18.324 денари или за 324 денари повеќе од минималната плата. Домувањето има две подгрупи: комунални трошоци, со пет елементи, и покуќнина, опрема за куќа и одржување, што ќе се следи преку 13 добра и за овозможување на истото биле потребни 12.493 денари. Хигиената има две подгрупи – личната хигиена со седум производи и хигиената на домот, исто со седум производи. Овие ставки се искажани по минимум количини по најниски цени и за истото биле потребни 2.808 денари. За превозот се вклучени минимални изразени трошоци, односно два месечни билети за превоз, работнички и ученички или студентски и се потребни 3.600 денари. Во авуст, 2.197 денари биле потребни за облеката и обувките вклучуваат набавка на по едно парче облека и обувки за секој член на семејството по сезони.
Во пресметката за култура се вклучени трошоците на три производи, и тоа еднаш месечно одење во кино и редовно купување на еден неделен и еден дневен весник и биле потребни 1.067 денари. Одржувањето и здравјето вклучува основни трошоци за лекарства( парацетамол, аналгин, кафетин и сл.), без лекарствата за хроничните болести и биле потребни 786 денари, истакнуваат од ССМ.
Не се вклучени трошоците за рекреација, образование, хотели и ресторани, семејни прослави, не затоа што не се потребни, туку затоа што во кошницата се пресметуваат само неопходните трошоци, па доколку се пресметуваат и овие трошоци вредноста на истата би била многу повисока.
Ако овие податоци не се доволни за некој од креаторите на политиките веднаш да преземе мерки за помош и поддршка на работниците во овие моменти, гладни и сиромашни работници = социјалната револуција, додаваат од таму.
Кралот Чарлс Трети денеска за прв пат се обрати до нацијата после смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.
На почетокот на својот емотивен говор рече дека се обраќа со големо чувство на тага.
„Кралицата беше инспирација за нас и за целото семејство во текот на нејзиниот живот. Кралицата Елизабета живееше убав живот и ѝ служеше на нацијата. И јас ви ја ветувам таа услуга на народот“, рече Чарлс.
Тој додаде дека им е благодарен на сите.
„Благодарен сум на сите за изразите на сочувство, од сите народи. Во 1947 година, таа се обврза да му служи на својот народ. Тоа беше повеќе од ветување, тоа беше посветеност што го дефинираше нејзиниот живот“.
Чарлс изјавил дека смртта на кралицата предизвикала тага кај многумина.
„Елизабета секогаш го гледаше најдоброто во луѓето и знам дека нејзината смрт предизвика тага кај многумина“, изјави новиот британски крал.
„Нејзината љубов, лидерство и разбирање беа пример за сите нас. Таа живееше исполнет живот, одржувајќи го своето ветување за доживотна служба. Постои големо чувство на благодарност за мајка ми низ Комонвелтот и ширум светот.
Таа на својот 27 роденден положи заклетва и го посвети својот живот на својот народ. Тоа беше повеќе од ветување, тоа беше обврска. Се жртвуваше, никогаш не се промени. Во животот видовме дека ја сака традицијата, но и напредокот што не направи голема нација.
Како што може да потврди секој од моето семејство, таа имаше способност да го види најдоброто кај сите луѓе.
Знам дека нејзината смрт носи голема тага и го споделувам тоа чувство со сите вас. Кога таа дојде на тронот, Обединетото Кралство беше под притисок од последиците од Втората светска војна. Сепак, станавме цивилизација која се промени“, изјави Чарлс.
Кралот Чарлс III го снимил говорот во Сината соба во Бакингемската палата откако претходно денеска пристигнал во Лондон од замокот Балморал.